1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Органска здрава храна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од mence91, 3 март 2011.

  1. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Органска храна е онаа храна која е одгледана или произведена по природен пат, без инсектициди, пестициди, вештачки ѓубрива, хормони за растење, антибиотици, вештачки адитиви, вештачки бои и храна која не е генетски модифицирана. При производството на органска храна сите машини се чисти, со цел храната да нема никаков допир со каква било хемикалија. Дури и при транспортот на органската храна се посветува големо внимание транспортното средство претходно да биде добро исчистено од било какви хемикалии кои би можеле да ја контаминираат храната.
    Зборот “ органски ” е стриктно дефиниран. Секоја храна која е означена како органска мора да исполнува дефинирани, строги стандарди.
    Наводни предности на органската храна

    Храна за која сме сигурни дека е здрава
    Органската храна содржи повисоко ниво на витамин Ц и неопходни минерали како калциум, магнезиум, железо и хром, но исто така и неопходни антиоксиданти кои се борат против ракот. Свежите органски производи содржат околу 50% повеќе витамини, минерали, ензими и останати хранливи материи од не-органски одгледуваните земјоделски производи. Научно е докажано дека органската храна е подобра за човекот.

    Храна која не содржи адитиви
    Органската храна не содржи адитиви кои можат да предизвикаат здравствени проблеми како срцеви заболувања, остеопороза, мигрена или хиперактивност. Помеѓу адитивите кои се забранети во производството на органска храна спаѓаат хидрогенизирани масти, аспартам (вештачки засладувач) и моносодиум глутамат.

    Храна која е произведена без пестициди ( се употребуваат но во минимални количества)
    Преку 400 видови хемиски пестициди секојдневно се користат во земјоделието, па затоа и често се присутни во самата не-органска храна. Затоа, органски сертифицираната храна не содржи никаков вид на пестициди кои се штетни по здравјето на човекот.

    Храна која не содржи генетски модифицирани состојки
    Генетски модифицирани растенија или состојки не се дозволени во органските стандарди.

    Храна која не содржи никакви антибиотици или други видови дроги
    Во светот постои голема загриженост за употребата на антибиотици кај животните кои би можеле да имаат негативни последици за човековото здравје. Органскиот сертификат гарантира дека храната не содржи никакви антибиотици.

    Храна произведена по високи стандарди
    Органската храна доаѓа од извори на кои може да им се верува. Сите фарми на органска храна, како и сите компании производители на органска храна се подлежни на секојдневни инспекции. Стандардите на органска храна се дадени од Европската Унија и се составен дел од Законот на ЕУ.

    Грижа за животните
    Здравјето на животните има значајна улога во органските стандарди. Придобивките од органскиот пристап се поддржани од многу светски организации кои се борат за правата на животните.

    Грижа за природата
    Органскиот начин на производство е добар за природата, не ја загадува со разни хемикалии, произведува помалку јаглерод диоксид – главниот глобален гас кој ја загадува земјата – како и помало количество на опасни ѓубрива.

    Би сакала да ги прочитам вашите размислувања за органската храна.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Веќе мислам дека не ни може да се најде органска здрава храна. Онаа што е произведена по вештачки пат нема никаков мирис ни вкус а она што е произведено демек не прскано со пестициди...зависи во каква земја се одгледувало - колку е таа загадена. На крај краева и дождот што паѓа не е чист затоа што ни воздухот не е чист. Пр. кога ќе ги видам плантажите со јагоди покрај автопат накај Тетово, бре бре што се убави ама никој не размислува дека од издувните гасови на автомобилите паѓаат штетните материи - во најлош случај олово. Или пак, се прска со хемикалии во дозволени количини, како па да не, да не се прскаат нема да стојат овошјето и зеленчукот ни 2 дена, веднаш скапуваат.........
     
  3. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    се наоѓа органска храна , но е многу скапа.Нашите услови т.е. во нашава земја се такви и многу малку можат да си дозвалат такво задоволтво т.е. да јаде храна која е целосно здрава. ;)
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас радо би се хранела со органска,ама за мои услови е прескапо.
    И моите ме разбираат,ама сите сме свесни дека финансиски се не издржува.
    Инаку,сега во Биокулт во ГТЦ се наоѓаат супер производи.
    И онаа во Буњаковец,не е лоша продавницата,незнам како се викаше...
    Ама,ете ќе си се труеме,дур не станеме милијардери. :D :D :D
     
  5. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Баш сакам да верува дека органската храна што ја купуаме е органска, ама не сум сигурна дека е така. Баш пред некој ден купив органско оризово млеко, го платив 150 денари 1л, и читам во состав .....органско ова она и црвени алги, случајно изгуглав и најдов напис во кој пишуваше дека црвените алги што ги ставаат за згуснување се штетни и забранети во Европа, а производителот на ова оризово млеко е од Белгија, епа не е фер ем да даваме пари и да мислиме дека јадеме и пиеме нешто здрава , а воопшто да не е така. Ако има некој слично искуство нека сподели.
    Имам уште една дилема ако може некој нека ми објасни, што значи тоа кога на пакетче од органска храна пишува потекло Кина (хељда), Америка(просо) , а произведено во Грманија?
     
  6. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Има ли некој подобро начитан за бананите? Знаете ли кои производители треба да се одбегнуваат а кои се добри? Секоја информација е добродојдена. :)
     
  7. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Еве нешто за бананите на Dole http://www.alo.rs/vesti/aktuelno/jedemo-opasne-banane/38321
     
    На TheIdealMe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски


    Tоа значи потеклото на намирниците е од тие наведени земји таму се одгледуваат,како примерот со хељда кој си го навела,а е произведено тест пакувано во Германија .
    Од ова што го напиша,да се запрепасти човек,значи ретко каде навистина се продава органска храна :worried: Пример,јас кога бев во Швајцарија,купував органска храна,поточно зеленчук и многу беше поскапа од неорганската храна,но веројатно навистина било органско :D
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За мене органска храна е онаа која си ја произведуваме во нашата бавча.
    Зад куќата си имаме поголемо земјиште и си го обработуваме сами, со домашни семиња, без никакво прскање и хемикалии.
    Редовно ни доаѓаат пријатели, си седиме во дворчето и си јадеме. Сите до еден признаваат дека плодовите се неспоредливо вкусни со купечките. :)

    Но, многу други работи мораш да ги купиш, и мене ми е жал што многу од нив се екстремно прескапи, треба да земаш 3-4 пати поголема плата за да се храниш исклучиво со нив. А, друго прашање е колку навистина се органски и природни.
    Мислам дека во поголемиот процент се природни, но сепак имаат некои додатоци.
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Баба ми има се во нејзината бавча, и се е природно растено.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум огромен љубител на растителните млека, не сум веган ама ете ги преферирам пред обичното кравјо млеко. Омилени ми се од ориз, бадем и јачмен. Е сега вистина е дека се скапи најефтиното она на алнатура кошта 105 денари, најскапото во биокулт е до 279 денари за литар. Е сега доколку си љубител на оризовото млеко еве ти линк од моја статија како сама да го направиш дома, верувај ми ќе потрошиш 10 пати помалку а квалитетот е ист ако не и подобар. http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_30.html
    Следно ќе пишувам за бадемово млеко, како да го направиме сами. Поздрав.
     
    На simoncelicius, boomsleng и macunka им се допаѓа ова.
  12. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Органска храна исклучиво од мој двор,инаку не верувам во никој
     
    На boomsleng и Biodevojka им се допаѓа ова.
  13. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    Kupuvam pretezno organska hrana osobeno za deteto. Mnogu poskapa e od obicnata pa ako ne mozam da si priustam se na spisok da bide organsko, barem rabotite od zivotinsko poteklo gi zimam organski: jajca, Mleko, meso, jogurt. Ovde vo Amerika imaat lista na najzagadeni 12 proizvodi gi narekuvaat dirty dozen I se pridrzuvam do nea, znaci proizvodite koi se naogaat na taa lista gledam organski da gi kupam. Najcesto na listata se: kompir, spanak, maruli I salati voopsto, jabolki, celer, brokula, jagodi.....Toa se proizvodite vo koi najmnogu pesticidi se zadrzuvaat i upotrebuvaat.

    Veruvam deka organskata hrana e mnogu pozdrava od konvencionalnata, no ne veruvam deka e do tolku cista Kako sto bi bila dokolku si ja bereme od bavca.
    Razlikata inaku e ogromna uste na Sam pogled se gledaat organskite jabolki Kako se so prasina, so dupcinja I sl, a do niv gi gledas obicnite izmackani so vosok, svetat Kako da se nacrtani:|
    Isto I pileskite gradi organskite se malecki Kako sto I treba da bidat gradite na edna kokoska, a koga gi vidam neorganskite izgledaat Kako gradi od misirka, ne od kokoska(facepalm)
    Ke ne istrovat so hranava znaci, se poloso I poloso stanuva, a cenata na organskite e tolku visoka sto ne sekoj moze da si dozvoli da se hrani 100% organski:(
     
    На friendy, Kitten и joy1 им се допаѓа ова.
  14. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Купувам органски производи кога поминувам низ ГТЦ во БиоКулт али и јас сум скептик околу тоа колку навистина е органска таа храна, има декларација и све али такви времиња дојдоа шта чеш...најчесто земам Мед Тартуф и тој обичниот ливадски, од соковите чат пат, од млечните производи и од јаткастите плодови, бадеми најчесто...
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Купуваме органски производи кога можеме и колку можеме. Нема сеуште голем избор и цените се многу високи за наш стандард. Сеуште не сме сигурни со сопругот колку таа органска храна е 100% органска. Сепак во Македонија живееме и повеќето производи се увезени или се пакуваат овде. Прашање е дали препакувачите се дрзнат да смешаат неорганска со органска или да ја продаваат обичната како органска.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    И за таа храна декларирана ко 100% органска, не можеме да бидеме сигурни дали е таква. Единствено сум посигурна кај јаткастите/зрнести плодови.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.