Оригами претставува уметност каде што творбите се добиваат преку виткање на хартија. Потеклото на оригами е непознато (се знае дека во неколку земји се знаеле различни начини на виткање на хартија), меѓутоа Јапонците биле првите кои почнале да виткаат хартија за уметнички цели, па затоа оригами асоцира најмногу на јапонската култура. Впрочем, и името „оригами“ доаѓа од два јапонски зборови: „ори“ (виткање) и „ками“ (хартија). Во минатото, оригами било еден вид на традиција која усно се пренесувала од генерација на генерација и притоа се правеле истите стандардни модели. Тоа се сменило во 20-тиот век кога почнале да се издаваат книги со техники и упатства и да се дизајнираат нови, модерни модели, носејќи ја уметноста на ново ниво. Традиционалното оригами значи творење само преку виткање на хартијата (без обележување), но некои помодерни верзии вклучуваат и сечење, лепење, помош со обележување итн. Така, во оригами спаѓа сè од обично авионче до вакви дела. Ја отворив темата за споделување на оригами што самите ние сме ги направиле. Знам дека не е популарно, но можеби некој ќе се почувствува „инспириран“ да направи и сподели нешто, кое не мора да е којзнае колку комплицирано. Сите сме аматери, а и не користиме оригинална оригами хартија (која е потенка и подобра за обликување), така што јасно е дека нашите оригами нема да се совршени . За почеток, ќе ставам нешто што скоро сум направила. Користев обични канцелариски ливчиња во боја. Спојлер: Туторијал Спојлер: Туторијал Спојлер: Туторијал *јас не го залепив на крај
Кога ги видов видеата посакав и јас да пробам. Прво @pdb123 браво! Прекрасно изгледаат. Се надевам ќе те дружам почесто. Инаку јас почнав со нешто едноставно и сега не можам без да си го вклопувам цело време.
Ми се појавува темава во нови мислења и ми се чита Оргазми Лоша работа ова карантинов. *** Инаку скоро ништо не знам. Едно време знаев брод, пеперутка, птици, сега сум заборавила.
А може ли во темава да се споделуваат и слики од нет? Чисто колку да ни послужат за инспирација понатака.
Yay И јас се надевам дека почесто ќе ме дружиш Супер изгледа, мислам дека пред години и јас истото го направив на почеток Може, супер е. Ако наидете и на туторијал на YouTube, уште подобро
Кога имав околу 10ина години бев на еден летен камп и таму секој ден имавме час по оригами, секој ден правевме најразлични работи, и тогаш ми беше навистина интересно, и дома кога се вратив постојано правев нешто што сум запаметила. Но веќе се имам заборавено, одлично е ова да се пополни слободното време, ќе се обидам нешто да направам и ќе ставам слика.
Оригамите се всушност еден од најголемите човечки изуми на кој сеуште му го немаме откриено целиот потенцијал. Сепак, и така наоѓаат огромна примена во многу полиња, во науката, од вселената, се до медицината. Видеово нуди прекрасна можност за подетално запознавање на нивната примена и колку се всушност комплексни, mind blowing engineering things.
Нaпрaвив Пикaчу вчерa Keeping my shite together during quarantine Спојлер инструкциите ги следев oд oвa видеo