Во принцип не обожавам многу натрупана храна и сакам да го припремам оризот на едноставен начин, а сепак многу вкусен и необичен. Во таванка прво на загреано масло пропржувам кромид со ренден морков. Оризот го мијам во цедалка, го истурам во таванка, му ја додавам водата во која претходно се вареле копаните (копаните ги варам со сол, вегета и малку магданос) и го оставам така малку да прокрчка на рингла. Потоа го ставам во загреана рерна и го потпечувам. Пред крајот ги додавам и копаните. Оризот излегува мек, набабрен и не многу сув, типичен македонски специјалитет
Mноооогу сакам бел ориз лесно и едноставно си купувам ориз мр.унцле (или нешто така) ке го ставам во вода да се свари а за тоа време во тенџерче си ставам моркови и грашок и потоа кога ке се свари ке ги насечкам морковите на мали коцкички и ке смешам се заедно и ке ставам малце магданосче и готово па и супер ее ....
Рецепт од мене Ќе ви кажам јас што правам со оризот Ставам во тенџере вода, чекам малку да се столи го ставам оризот и го мешам цело време до дека не се свари, без ништо го јадам без сол, вегета онаков како што е само вода
Честопати правиме ориз на индијски начин. Потребен е индијски ориз, а некои го викаат тајландски односно тоа е ориз со долго зрно. Во Веро најефтини се пакувањата SPAR што ги прави околу 120 ден., поскапи се бугарските хималајски, а најскапи се во турските во Рамстор околу 300-350ден. А квалитетот ист, миризбата иста(има специфичен мирис). Оризот се мие со вода, потоа се пржи во масло за јадење па се долева вода во размер 1 чаша ориз 3 исти чаши вода. Се додаваат - чаша мелени зелени маслинки со црвен пипер, - 2 гоелеми лажици суво грозје - рака делумно дробени солени печени индијски ореви, и - 1 мала лажица ким во зрно. Кратко се промешува. Се поклопува, оставајќи само малце отвор колку да искача пареата постепено, и се вари додека речиси сета вода не испари. Не го мешајте оризот додека се вари бидејќи нема да биде растресит и повеќе ќе биде слепено. Послужете со зелени краставици сецкани на коцки во јогурт или кисело млеко и некој вид на чатни(индијски слатко-лут сос од овошје). Наместо индијски ореви можете да ставите лупени солени кикиритки. Ако сакате оризот да биде вака убаво жолт како на сликата, додадете пола мала лажица куркума во прав.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Јас сакам да прашам за ориз Дали некој може да ми објасни како да го сварам или да го потпечам а да се двојат зрната да небиде кашест? Се надевам дека ме разбравте
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Тоа зависи од оризот, има повеке видови на ориз барај низ маркетите од долгнавестиот ориз или оној за суши.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи На еден филџан ориз се ставаат 3 филџани вода. Значи соодносот е 1/3.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи да заврши саваш и ќе ти пишам и за тоа има еден во кутија се продава мнг е убав и крупен и се двојат зрната само да видам доле треба како се вика точно.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Така и јас го варам но пак ми е кашест Имам слушнато дека пред да се вари да седи 30 мин во топла вода ама ништо сигурно е до оризот како што рече creshicka
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Тајната е во пржењето. Пред да му ја ставиш водата, прво пропржи го на масло неколку минути. Соодносот на ориз и вода е 1/3 како што кажа и Марама (на 1 филџан ориз, 3 филџани вода). Верувај дека ќе биде баш како што посакуваш .
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Не претерувајте со пржењето на оризот, да не добиете.... пуканки
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Јас секако го мијам оризот, не ни можам да замислам така да го зготвам. Се пржи околу 5 минути или да престане да се лепи за тавата, па се додава водата.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Ке пробам утре па ке ви кажам дали ми испаднало како што сакам тнх
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Можеш и малце кромидче да испржиш со оризот, убав шмек му дава
Оризчето ми испадна перфектно! Како што сакав секое зрно се двои како што кажа Serafima го пропржив му додадов рендано кромидче рендано морковче и зачинчиња и го подпеков... мх мх мх ... прекрасно
и јааас сакааам ориз ја прво ке си го сварам па му ставам сецкани кисели краставички малце солца зејтинче и бибер мхмхмх мерациии
За зрната да ти останат цели јас колку што знам треба во водата да додадеш сок од лимон. Не мора цел, ваљда половина е доволно. Искрено немам пробано ама ова го имам прочитано на неколку места