Редовно порачувам производи и од таму, и од таму. Сепак, не можам да издвојам чии прозводи повеќе ми се допаѓаат, бидејќи на пример маскарите и кармините на Орифлејм се далеку подобри од оние на Авон, ама затоа пак Авон нуди прекрасни, трајни моливчиња за очи/усни/веѓи. Исто и е и за производите за нега на тело и лице - не можам да издвојам, бидејќи имам омилени кои редовно си ги порачувам и од Орифлејм и од Авон. Шампоните за коса на Орифлејм ми одговараат повеќе, а купките на Авон ми се некако помиризливи и понежни. Значи, релативно е - ншто од таму, друго од онаму, не би можела да издвојам.
Според мене Орифлејм се подобри И Авон има предобри производи (некои) .На пример како спрејовите за тело Креми за лице/тело користам од Орифлејм. Имав гелови за туш. од Авон и добри се покажаа
Ни едните, ни другите.Некако, од никогаш не ми се допаѓала идејата да купувам на тепка,без да видам како изгледа(во живо), без да помирисам, без да пробам...Се ми е тоа мачка во вреќа...
ништо!!! Подобро ми е да си купам од продавница, какви не производи имаат Loraeal, MaxFactor, Gosh.. Поскапи се ама навистина се квалитетни. А инаку поќе сакам Орифлеим, ама многу ретко порачвам
Авоооооон дефинитивно, ги поштовам стварно, според она што јас го имам користено од oriflame и avon овие вторите се секако подобри
Зависи...Нарачувам и од Oriflame и од Avon. Од Oriflame повеќе ми се допаѓаат парфемите, млеката за тело и лаковите за нокти. Исто така, имам користено, а и задоволна сум од руменилата, сјаевите за уста, кремите за раце и стапала, геловите за туширање и маскарите. Од Oriflame имам и четка за коса, прибор за нокти, несесери и новчаник, кои многу ми се допаѓаат. Кармините се ок, но брзо се бришат. Од Avon ми се допаѓаат сенките за очи, сјаевите за уста, долготрајните кармини, некои од маскарите и геловите и купките за туширање. Ми се допаѓаат и силиконските капки за коса, но порано беа многу подобри. Не ми се допаѓа како мирисаат парфемите и млеката за тело и воопшто не сум задоволна од лаковите за нокти.
Авон, од Орифлејм не памтам кога последен пат сум имала каталог дома. Туку, да си прашам нешто. Ги има ли некоја од вас користено овие до сега,или барем нешто: Значи, крем за лице, гел за околу очи и пилинг од калинка? Ми ги порачала мајка ми, па да си прашам пред да почнам да ги користам.
Спојлер Мене ми ги порачаа во претходниот каталог за роденден и ми се немаа нешто побунето околу производите. Само што мене ми ги порача повозрасна жена, така да не знам стварно, на своја кожа не сум осетила.
И двата бренда си имаат и добри и лоши страни. Еве шминката во орифлејм ми се свиѓа,а останатото не. Во Авон во последно време гледам само парфеми и накит. Останувам неутрална
Одамна не сум земала нешто од орифлејм,така да авон ги бирам засега. Од авон почесто нарачувам работи
Од орифлем не користам ништо (веќе со години), не ми е квалитетна козметиката што ја нудат, неколку пати зажалив, особено поради купен кармин. После извесно време многу лошо мирисаат, дури неподносливо. Од време на време се случува да порачам нешто од авон ептен ако ми падне во очи. Kаде - каде ми се по ок. Истиве ги порачав од минатиот каталог. Кремата и пилингот се прекрасни, лицето ти е милина одпосле, а имаат и прееекрасен мирис Е сега за гелот, малце бев скептик кога го порачав да не е за повозрасни жени за брчки околу очите да не си направам беља (пошто пишуваше само гел за околу очи, no explanation), ама немам никаков проблем, се покажа совршен за моите вечито уморни очи Нема грешка