Производите на Авон и Орифлејм може да се порачаат само преку претставници/консултанти и не се достапни во парфимерии, супермаркети и сл.
дефинитивно АВОН! не за џабе сум зачленета. мнооогу се подобри од орифлејм дури и каталогот им е поубав
Ги користам и двете. Најчесто од Авон купувам препаративна козметика. Тие млека за тело, сапунчина.. Еднаш нарачав пудра и кармин. Катастофа! Карминот ми ја имаја тотално утнато бојата а пудата не само што ја имаја утнато бојата туку и беше течна, како калива. Како со обоена вода да се мачкав. Никогаш не ја искристив, сеуште ја чувам. Од орифлејм купувам повеќе декоративна козметика. Карминлина, сјаеви, лабело, римел, туш, а исто имаат и ибави комплети за нега на лице. Незнам. Купувам и од двете но од старата школа извлеков поука па сега не нарачувам пудра ( за да не ми ја погрешат бојата) и такви ствари. Воглавно, задоволна сум и од двете.
како да се зацленам на авон за да си правам порацки??? се потполнав http://avon.com.mk/index.htm али нема нисто...??
Aj aко има некој овде што е зачленет во Орифлем нека ми каже што подарок се добива кога ќе ја направиш првата порачка?? Имам 100 бода...
девојки вака..се зацленив во авон и сега ми се јави една девојка и ми вика дека е од авон ми вика да и пратам фотокопија од лицна карта така треба?? лелеее не знам дали така треба... а мама ми вика да не биднело несто ме пласи.. е сега си реков да прасам јас на тие сто се зацленети во авон дали така треба и дали и вие така сте пратиле фотокопија од лицна карта.....??? поз писете да знам
За да се зачлениш ва авон мора да дадеш копија од лична карта! Мислам им треба како доказ дека си полнолетна.
http://avon.com.mk/kontakt.htm еве тука внеси податоци......потоа цекај по некое време да ти се јават
Зачленета сум јас, само не вака како тебе преку нет, туку преку другарка која е координатор па она ми носеше копија од лична карта. Инаку немај гајле за личната карта, сигурно се дава
Можеш да, но јас и помагав на другаркава да оди на наредно ниво па за тоа и требаа неколку членови и ме зачлени мене ... со среќа и да имаш многу нарачки