Па,зависи за какви производи,ама во глобала повеќе ми се допаѓаат на Орифлејм. На Авон ги сакам сјајчињата и карминчињата,а мајка ми имаше и некои перли,и не беа лоши. Ама геловите за туширање на Орифлејм ми се топ,онака свежи не прејаки....И тоалетите води исто...Од креми,ја сакам ноќната крема за раце од колекцијата Swedish SPA и кремата за стапала од боровница ( ,омилена ми е). Ама во поглед на модните додатоци,на Авон им се постилски,дефинитиво. Сепак,зборуваме за козметика. И лаковите за нокти имаат преубав сјај,ако се поскапички од обичните.
Орифлејм никогаш не сум користела. Од Авон сум користела само еден гел за туширање и задоволна сум. Засега, Авон. А веројатно и ќе остане Авон бидејќи не планирам да користам Орифлејм.
Дефинитивно АВОН Досега, сум користела повеќе производи и не можам да издвојам некој. Во глобала задоволна сум.Посебно ми се допаѓаат производите на planet spa.
Авон за парфеми, орифлејм за се друго! П.С- Прв пат си порачав нешто од Авон за лице пред некој ден. Ќе видам дали ќе има резултати.
И двете. И од едните има прекрасни производи и од другите,исто така како што има и лоши од едните и лоши од другите.
Авон претежно и сум супер задоволна - одлични креми, гелови за тиширање, лосиони за тело, шампони, преквалитетни шминки Орифлејм порано многу повеќе користев ама изминативе години некако тешко наоѓам каталог и секојпат кога ќе ми дојде под рака си порачувам по неколку продукти и сум задоволна од квалитетот ама па и не сум нешто преимпресионирана, освен од Универзалниот балсам кој е чиста 10ка, да даде господ никогаш да не го тргнат од каталог, ништо што имаме тука на пазарот не му се доближува со квалитет.
Па задоволна сум и од двете. Пред некоја година орифлејм беа навистина одлични и каде каде подобри од авон, но сега можам да ги ставам на ист ранг. Незнам што се случи со богатите каталози на орифлејм, ми се чини ги разгледував по сат време и секогаш наоѓав нешто да порачам. Друго што не ми се допаѓа е тоа што повлекуваат многу убави производи кои им доаѓаа како заштитен знак, а и старата амбалажа им беше попривлечна на око. Во последно време буквлано како намерно да ги прават каталозите поглупи. Тоа е моја голема замерка за орифлејм. Од авон ми се допаѓа декоративната козметика и парфемите, а во орифлејм обратно, декоративата за ништо не им чини, додека геловите за туширање, млеката за тело, креми за лице, парфемите им се одлични и цените им се ок секако доколку ги нарачуваш по набавна цена. И како претставник на орифлејм мислам дека многу му доаѓа тоа 100БП за да земеш поклон, тоа се преку 3000ден, бидејки во една нарачка два парфема да имаш е најмногу,а и релано. Можеби на времето кога сите нарачуваа од нив не било многу, но сега има мн помала заинтересираност и тешко се прават тие поени.