Јас мислам оти им помина модата на овие, или така ми се чини оти јас не порачувам. Незнам, кога ми треба нешто одам и си купувам, нема причина да чекам по неколку дена, едино ако е нешто навистина вредно и ми се допаѓа. А сега да земам да порачам шампон или гел за туширање и да го чекам 10 дена да дојде, нема потреба, одам во супер маркет/парфимерија и си купувам што ми треба.
Порачувам онака како занимација, колку да гледам нешто кога ќе ми го тутне колешка. За квалитет се катастрофа. За тие пари може да се најде многу подобра козметика во продавници наменети за таа работа. Единствено можам да кажам дека искрено многу ми се допаѓаат спрејчињата за тело од Авон. Се друго порачувам ради реда. И да, Авон се многу поефтини од Орифлејм.
Нова сум тука и морам сегде да дадам одговор хихихи.Авон се е прекрасно и цените се супер има работи поефтини и од Дм
Дефинитивно Авон. Пореални, пониски цени, големи попусти. Орифлејм досега ми се бендисале само кремовите за раце, а и некако многу ми се напнати овие од Орифлејм, порачај порачај..
Ni ednite ni drugite ako mi treba nesto odam vo parfimerija i toa sto ke mi vidat i bendisaat ocive toa si kupuvam .
сакам да станам претставник на некој од нив може ли да добијам пресно искуство за двете компании, бенефиции и сл? фала
Иам земено од Свом тоалетна вода Атракшн и сум задоволна,девојка ми ме убедува дека има и женска варијанта на него. Има ли и колку пари е,да ја изненадам
Порачувам и од Авон и од Ofiflame. Некои одбрани производи и од парфемите. А исто мислам дека немаат некој квалитет за тие цени.
Орифлејм не сум нарачала не знам од кога, сите „дилери“ и женичиња околу мене што ме снабдуваат се Авон лејдис кармините ми се преубави и имам еден куп,по некое парфемче, моливи за очи и веѓи, камена пудра. Другото го купувам од веледрогерииве.
Авон ,од секогаш повеќе ми се допаѓале работите од авон ,цело време нарачувам од таму спрејови за тело,римили,парфеми,моливчињата за очи колор тренд ми се омилени а од орифлејм имам до сега нарачано само два парфеми кој навистина се убави но сепак според мене авон е подобар бренд.
Авон. Ретко нешто да нарачам од орифлејм, а и немам дистрибутер на нивните производи во моја околина.
vo tekovniov katalog ima Novi parfemi od Eva Mendez zoltiot preubavo mirisa I planiram da si go poracam veruvam deka se trajni