Орифлеим или Авон? Дефинитивно повеќе ми се допаѓаат производите од Авон, мислам дека се поквалитетни. Само некако кремите и лосионите за тело не ми се допаѓаат. Во тоа подобри се Орифлеим
Орифлеим или Авон? Млеката за тело од авон се супер а од орифлејм има еден сапун со вкус на кафе секогаш си го купувам не е мн скап а многу е добар.. парфеми купувам од парфимерија бидејќи сум многу специфична на тоа поле и неможам да одлучам кој парфем да го земам дури не осетам на своја кожа .
Орифлеим или Авон? па според мене некако avon ми се подобри од мое искуство се што сум пробала се покажало добро имам порачувано пудри,лосиони и спрејови за тело
Орифлеим или Авон? Хмм па и тие и тие Сум купувала и од таму и од таму така да - не се лоши ни тие ни тие
Орифлеим или Авон? Орифлејм: бронзени перли и четката (Џордани) Авон: крем за лице (Солушнс), маска за лице Планет спа од маслиново масло и мртво море, течна пудра со блескав ефект, комбинирана пудра, 4бојни сенки за очи, крем сенки за очи, маскара Суперфул и Супершок, самоостречки моливчиња за очи, усни и веѓи, лосиони за тело Натуралс од сите можни овошја, гелови за туширање и пилинг на Сенсес, производи за нега на стапала - крем, пилинг, спреј, перничиња за штикли, шампон, балсам и маска Адвансд техникс, маска за коса Планет Спа од маслиново масло и лотосов цвет, силиконски капки, крем за раце, тоалетна вода Пур Бланка, парфеми Кристиен Лакроа Руж, Фар авеј дримс, Литл блек дрес, Унгаро Фивер... итн, односно се друго
Орифлеим или Авон? Од oriflame имам многу малку работи 1-2 ако се најди некогаш каталог на факс и ако ми привлече нешто внимание , но не сум задоволна . А avon користам почесто и до сега не ми се случило од нешто да не сум задоволна , веројатно ми одговараат работите на мојата кожа. Искрено мене ми е полесно од каталог да си порачувам голема мрза сум за шетање по парфимерии.
Орифлеим или Авон? Дефинитивно Авон, сите работи кои ги корисам се од Авон..а и претставник сум и поевтино ми иди
Орифлеим или Авон? Ни едните ни другите Кога не постоеше Avon, Oriflame имаа прекрасни производи, им се појави конкуренција и намалиа цени, ама и КВАЛИТЕТ. Се појавија Avon со прекрасен квалитет, привлекоа потрошувачи и од кога ги стекнаа го расипаа квалитетот. До пред некое време имав навика да си порачувам од Avon, ама и они ги расипаа производите единствено што им вредат се SPA производите.
Орифлеим или Авон? Јас сум почест корисник на Авон.Мислам дека нивните производи се подобри од тие на Орифлеим.Но пред неколку години Орифлеим имаа најдобри производи,сега не знам зошто,но не ги бидува.
Орифлеим или Авон? Користев производи од Орифлејм до пред некоја година....а сега Авон. Мислам дека моментално Авон се подобри.
Орифлеим или Авон? мислам дека авон се подобри....имам пробано производи и од едните и од другите ама се почесто ги користам од авон
Орифлеим или Авон? Користам производи и од Орифлеим и од Авон иако мислам дека Авон се малку пдообри.. поскапи се производите ама поквалитетни се. Секако и Орифлеим имаат добри производи што константно си ги користам.. комбинирам некако
Орифлеим или Авон? зА мене АВОН се каде каде подобри од таа причина се зачленив и поефтино ми доаѓа,што ќе порачувам од друг.. пред малку се избањав со купка од авон, интима, маска за коса, капки силиконски, крема за тело планет спа тајландски лотосов цвет крема за стапала, лосион за лице и крема за лице, цела сум авон освен шаммпони што не ги користам друго се ми е од таму, исто и козметиката немам нешто што не ми е од авон
Орифлеим или Авон? Едно време користев шминка од орифлејм, сега скоро се порачувам од авон, освен накит и ташни.
Верувај, нејќеш да знаеш. Ако работиш - нонстоп ке си во дупка. Можеш да постигнеш максимум попуст од 25% со вкупна нарачка од 5700 денари. Под тоа е помал попустот. Ова важи само за козметички производи. Се останато е со фиксен попуст од 15% (накит, ташни, масажери и сл.). 10% е попустот за производи од типот "Купи едно, и второто ке го земеш за..." или "Направи сметка од ххх ден и земи го ова за џџ ден..." со тоа што мора да се плати доставата и постојани додатоци на фактура. Ќар имаат само оние што го работат тоа како единствена работа, т.е. преокупација, бидејќи за хоби се смета. Истите ги бива за пикање под кожа на муштериите и прават високи суми и достигнуваат попуст од 25% (дури и за нарачка од 50000). Затоа не се изненадувај ако ти наплаќа некој нонстоп до денар.