Порано бев за орифлејм,но како што иди времево се повеќе ме убедуваат во нивниот неквалитет ,туку ги форсираат .. Јас лично сум повеќе за авон (посебно лосионите многу ми се допаѓаат) и спрејовите за тело ..
Инаку верувајте не сакате да се зачленете во Авон.Големи дупки се прави,ќе се залажиш да порачаш многу за себе мислејќи дека којзнае колку попуст ќе излезе,а само каталозите и доставата се околу 200 денари.Јас се зачленив пред една година и немам осет на порачување и стално пред плаќање на фактура се јадам себе си од каде да најдам пари.За последнава бев принудена да позајмам-нешто што никогаш не сум направила Подобро порачувајте си од некого и плаќајте го 30 денари повеќе отколку вака...Јас ќе се откажувам сега од порачки.Инаку авон стварно имаат убави работи
^ Или немора да си давате 30 денари за брошура бидејќи ја имате на нет http://www.avon.com.mk/brosura.htm бај д веј и јас бев претставник во Авон и се откажав бидејќи сакав сите производи во еден месец да ги порачам , а немав толку пари 4 црни месеци штедев за да си порачувам повеќе производи ,ослабев 4-5 кг и на крај се откажав .
За кого-како. Претежно пари фрлаат на чудава постари женички кои не баратаат со нет, ни малку, може ни ич. За нив ти се исплаќа да купиш и две серии по 10 брошури.
Зачленета сум и во Авон и во Орифлем веќе долго време. Во Авон работите се многу поевтини од Орифлем ама сепак оние од Орифлем се полвалитетни...
авон стварно имат добри производи ама има и некои што не ми се допаѓат не е се како што ѓи опишуват......бев зачленета во авон ама прекинав од оправдани причини сега од сестрами си порачувам
девојки има ли некоја која што е зачленета во авон како е задоволна? јас се зачленив скоро но не сум многу задоволна бидејки нема многу заработка... другарка ми пак е зачленета во oriflame од почетокот на фебруари и ете сега доби подарок четки за шминкање комплет од 1200 денари и плус заработка и попуст си зеде на некои производи. Мозе ли некој што знае да ми ги казе предностите на авон?
Дефинитивно АВОН за квалитетот ... може да направат некоја утка со некој производ но сепак се многу подобри од Орифлејм (што и да сум земала од нив се е жива катастрофа- џабе потрошени пари). Не критикувам но кажувам свое мислење дека ништо не ми се погодило од таму
Од орифлејм единствено нешто што ми се допаѓа е нивната течна пудра од колекцијата Very me. Ја користам и ми се допаѓа поради тоа што има навистина лесна формула, лесно се размачкува, но сепак нема некоја голема покривност, секогаш морам да користам и коректор. А за други воглавном не сум задоволна. Добро сеа за Авон, најмногу имам купувано шминка. И воглавном сум задоволна, но последниот пат кога нарачав палета сенки за очи, крајно се разочарав. Воопшто не се пигментирани, и се со многу лош квалитет! И искрено веќе се откажав од купување на производи од каталози. Најубаво е да видам на лице место и да пробам! А вака скоро секогаш се разочарувам Но ако морам да бирам меѓу овие два бренда дефинитвно би го избрала Авон, сепак имаат подобар квалитет од оној на Орифлејм
Како претставник на Авон, сосема е логично да бидам пристрасна и да ја изберам оваа компаија Многу ми се допаѓаат парфемите и производите за тело.... А од Орифлејм ја користам пудрата на Giordani, презадоволна сум
оваа колекција се заменети со нова, 400 мл за 150 ден пробани ми се сите и одлично ја хдратираат кожата http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:6,s:0 eve vakvi se i mnogu ubavo mirisaat
Паа,не би можела да изберам кога ги имам пробано само прозводите на Авон.Немам некоја пријателка претставник од Орифлејм за да порачам.Сите консултатнти во моево друштвенце се Авонки . Од Авон презадоволна сум од шампончињата т.е не само од шампоните туку од цела линија за нега на коса. -овој шампон е прекрасен.Косата е мека,сјајна и полесно се чешла.Звучам ко од некоја реклама да сум излегла .И не го користам овој туку тој лилаковиот,Long&Beautiful. Исто и овој гел за туширање,баш е освежувачки! :up: Е сега пудрите на Авон не ми се свиѓаат баш,не покриваат убаво.. Ама пак,задоволна сум од Авон во целост!