Видов дека има тема за Орифлејм,ама за консултантите ништо не најдов.Па каде сте,консултанти?Како ви оди:Колку сте задоволни?
нормално колку порачки толку заработка и јас бев член ама се откажав од кога излезе дека немам платено за фактура на која рок за плаќање ми било недела... нормално на недела не работи ниедна банка па јас платив понеделник ... ајде некако мина за тоа . потоа излезе дека фактурата не ми била платена требало да пишува фактура бр2 а на мојата пишувало фактура oriflame ... па скенирање, па праќање , па замарање со сметки ... и совет чувајте си ги уплатниците ќе ви се најдат ...
Можеби ова малку е "оф топик" но сигурна сум дека и некој друг имал ваков проблем, значи една другарка порачувала фактури на мое име и не ги платила сега мене ми праќаат писма и велам да ги плати но очигледно нема намера, и би сакала да знам кои се моите права, како може да дозволат друг да порачува во мое име, значи немам ни договор потпишано, ниту сум зачленета или нешто слично. Ве молам да ми помогнете како да го решам ова
Не е можно да не си зачленета а да прават фактури на твое име значи не е можно да немаш потпишано а да не прават фактури на твое име , мавни си го тоа од глава.Како прво и прво не требало да дозволиш друг да прави фактури на твое име освен ако не ти е некој близок со кој имаш доверба, ама добро сега што е тука е , те искористиле и не треба да седиш со скрстени раце , само немој во никој случај да им се обраќаш директно во дистибутивниот центар на орифлејм зошто без размислување ќе ти кажат дека тоа е твоја работа и дека тоа воопшто нив не ги засега.Мој предлог ти е малце да ја заплашиш другарка ти дека ти стигнала покана за на суд ово оно и мислам дека ќе ти плати фактурите
Епа вака.....Во твојот град сигурно има повеќе консултанти што се зачленето во Офирлејм, можеш преку нив да се зачленеш и со тоа стануваш член на нивната мрежа и колку повеќе порачки правеш толку повеќе тие имаат корист од тоа затоа што си зачленета преку нив.Друго , можеш да се зачленеш преку некој директор на Орифлејм во твојот град (во мојот град се 2 директори) значи тие работат повеќе време во Орифлејм и имаат многу консултанти и ќе можат многу подобро да ти објаснат. Јас сум зачленета преку директор и многу ми е поубаво а и имам изградено свија мрежа веќе 3 консултанти имам зачленето и еве веќе 2 месеци по ред од порачките што ги прават тие консултанти земам по 600 денари на сметка .Инакуи зачленувањето е едноставно само носиш лична карта на родител или старател доколку си малолетна и толку е , зачленувањето е бесплатно доколку се зачлениш за време на кампања а кампањи има постојано па така да не е страшно Што и да те интересира пиши ми ЛП ќе ти објаснам се подетално
Значи како прво без твоја дозвола другаркати не можела да те зачлени затоа што таму бараат лични податоци,како матичен и слично.Како второ ти немаш никаква врска со фактурите и со плаќање,туку со другаркати која треба да си ги плати.И јас така правам,зачленувам но со нивна дозвола а само матичниот им го барам да ми го кажат а други податоци како адреса и телефонски број си пишувам мои така да другарками нема врска со тоа а се што треба стига на моја адреса..За сега сум немала проблеми.
Me interesira kako se plakja od fakturata tie 85 denari? i kako se prakjaat porackite od tie sto mi naracale...nova sum i poim si nemam
Е супер што ја видов темава ми текна да прашам нешто. Порачките ги пуштате ли преку опцијата брза порачка преку нет? Бидејки жената која ме зачлени ми кажа, демек тоа уште не е усовршено, па излегувале грешки и на неа да сум и ги кажувала нарачките, па таа преку претставникот за мој град ке ги пуштела. Па незнам да не мати нешто, но засега се е во ред, никогаш ништо не ми стигално помалку или повеке, поените се исто како што треба. Ете ми стана сомнително зашто и тој што ги пушта ги пушта ваљда преку нет зошто и јас не би можела. Фејри 85ден се плакаат, ако направиш нарачка помала од 100БП. Инаку за нарачките не би знаела да те оправам, поради горе наведеното
Можно е и тоа како!!!! мене ми се имаше случно една моја познаничка да ме зачлени без да знам,секако ми знај име и презиме и бр на тел, и правеше порачки во мое име,се додека еден ден не ми се јавија од орифлем да ме консолтираат и тоа случајно и ми кажаа под кој кординатор сум!...и нормално она си го доби своето! А ако имате било каков проблем значи можи да докажите дека не сте ги правеле вие порачките затоа што кога се подига робата некој во вашата графа со име и презиме се потпишал некој друг( а се знае кој)или робатра му била испорачана на домашна адреса....
ајде јас како поискусна со орифлеим да ви кажам некои работи инаку јас морам да се пофалам и сум многу задоволна од работата со орифлеим, така и од заработката, нормално колку трчаш и работиш како и во секоај работа толку и ке добиеш нели? јас моментално сум пред титула директор, и морам да признаам дека тоа го постигнав со упорност,... доколку некој сака да биде дел од мојот тим слободно нека ми пише е сега никој неможе да зачлени друг и да прави порачка на негово име без да се пополни договор, а за да се пополни тој договор значи ги знае мвашите лични податоци така? а слободно дирекно да си кажите во дистрибутивниот центар ако има нешто такво па да се најде кој лаже, и за примање на порачката може секој да ја прими и да се потпише тоа е најмал проблем а тие 80 ден се за порачки помали од 100 поени или може да се избере производ за таа цена се што ве интересира тука сум
Токму така мене ми беше и направено ...НИКАКОВ ДОГОВОР НЕ ПОТПИШАВ(само со знаење на моите лични податоци што некој ги доставил во диркцијата на орифллеим,без мое знаење)А тоа може да биде регуларно само доколку направите лично да се доага и да потпише формулар тој што сака да биде зачленет а не само со достава на податоци од некој!!!! И еден заклучок лично од мене:Фирмата ви е без никаква професионалност!!!
Точно така Маријанче...Некој доставува твои податоци и ти автоматски си член на орифлејм!!!Одлична професионалност,така им работи фирмата!! хахаха...тоа го има само во МК!!!
значи до пред некое време кога се дотавуваше договор се испракаше и копија од лична карта, а сега со тој некој нов закон не смеело да се копираат личните карти. а штом ти направиле така зошто не си реагирала одма па да се најде кој е тој што работи на твое име. искрено јас досега сум немала ваков проблем, а тој што работел на твое име ептем ти е некој близок, па знае твој матичен број, бр на лична карта..
Да секако дека реагирав кога дознав,но таа пред тоа веке правела порачки на мое име скоро повеке од 1 година!И е моја комшивка а воопшто не блиска и тоа е направено без матичен број или најверојатно е изоставен бидејки како и да е знае име презиме улица и бр...
Крајно се неорганизирани. Никогаш повеќе не би работела како консултант. Они нарачуваа на моја фактура и не го плаќаа нивниот дел. На телефон ми се јавуваа дека извршител ќе ми испратат, мислам дека 8 месеци поминаа ако не и повеќе не се сеќавам. Од тогаш со вакви работи веќе никогаш не се нафаќам.
значи нема никакви шанси некој да те зачлени без матичен број, во самата апликација на инт или во печатениот договор тоа е задолжително и без него неможе да се регистира некој, ова ти го тврдам, а една година да не дознаеш значи дека комшивката ептем ажурна била во плакањето, затоа што ако закасниш со фактурата одма пракаат писма со опомена, а штом било на твое име , кај тебе дома не ти стигнуваа писма??? мислам дека некои муабети не држат воопшто
Значи многу се стисната компанија,невидени стипси. Мислам дека како консултант со секоја направена нарачка треба да добијам по некој подарок, а единствено што добив за овие неколку месеци е бесплатен велнес каталог...смешки. А фактот дека ми наплаќаат тестери... Па тестерите треба да ги даваат гратис дури и на потрошувачите,а камо ли на консултантите, баш тие треба да се снабдени со тестери за да понудат кога некој се двоуми за кармин, парфем, крема и сл. Не е проблем да купам сама неколку тестери, но од принцип не сакам. За голема срамота се, затоа им побегнаа многу луѓе во Авон, кој инаку ги надмина одамна. A што ве читам девојки за проблемите околу нарачките искрено, не ме чуди.
E па мислам дека твоите муабети не држат место!!!да секако била ажурна во плакањето,но ДАЛИ ТОА И ДАВА ПРАВО ДА ПРАВИ ПОРАЧКИ ВО МОЕ ИМЕ ?ЈАС МИСЛАМ НЕ!!!ТАКА ЛИ Е ДЕВОЈКИ???А сите тие ИСКУСНИ како тебе се поврзани и го ДОЗВОЛУВААТ тоа ЗАТОА ШТО ИМ ТРЕБА НЕКОЈ ДА ЗАЧЛЕНАT ЗА ПОВИСОКО НИВО НАД НЕКОЈ ИЛИ ЗА БОНУС ПОЕНИ!!!!!