Здраво! Мајка ми е член на oriflame и мене скоро цела козметика ми е од таму, а и често порачвам, дали би гледале видеа на youtube со детални описи на некои од производите, поздрав!
Ај доколку некој знае за овие понудите, 100 поени со исполнување на чекорите 1,2,3.. Ме интересира ,дали мора да ги исполнам на пример чекор 1 и чекор 2 за да стигнам до чекор 3,или директно можам да го исполнам било кој услов што ми се допаѓа? (зашто ми се допаѓа часовникот оној белиот (чекор3) а чисто сумњам дека чекор 1 и 2 ќе ги фатам)
Мора сите чекори да ги исполниш за да стигнеш до саатот што ќе се полажуваш да правиш бодови со тие пари можеш да си го купиш часовникот дури и од друго место и поубав
Ми се допаѓа како размислуваш иако ја мислам дека парите од тие 100 БП ќе бидат платени од тие што ќе порачуваат од кај мене ,па јас никако нема да бидам во загуба,секако сум во ќар.Барем ја така мислам, Благодарам
хехе е тоа е веќе друго зашто јас по себе знам ќе правам нарачки и ќе ми недостасуваат неколку бодови и ајде јас ќе нарачам затоа така реков а иначе вака ако правиш нарачки и имаш собрано 100 бода од други луѓе ти се исплати да земеш
http://www.borarola.ro/2012/09/catalog- ... ra-14.html Eве Ама на друг јазик е да знаеш,подоле ги имаш и наредните два ако сакаш да ги видиш
Како веќе консултант на Орифлејм, како да се логирам на страната за да правам порачки преку интернет? Таму има за зачленување на нови консултанти, а јас како стар незнам како да се вклучам. Знае некој да ми објасни?
во горниот дел имаш влез или членство... ќе кликнеш на влез, а потоа ќе го напишеш таму твојот консултантски број и пасвордот(најчесто матичниот број, доколку не си го сменила пасвордот)... ако не ги знаеш тие, би требало да ги имаш некаде..
Се двоумам дали да ја купам четката за течна пудра од орифлејм беше некаде 270-290 ден па ваши искуства ?
Да добар е...Другарка ми го користи розевиот, а јас го користам дездорансот розов, а мајка ми зелениот дездоранс и сите три сме задоволни
Дали некој ја пробал новата пудра од Орифлејм Евер Ластинг? Се мислам дали да ја порачам, па ми треба мислење, каква е, каква и е покривноста, дали може да се користи за лице со комбинирана кожа?
^Јас имам комбинирана кожа и се решив да ја земам. Го земав тестерот и се осигурав дека ќе ми одговара на кожата. Има солидна покривност и не е тешка воопшто. Не е многу течна и лесно се нанесува ако имаш подлога. Одлична е за секојдневна употреба, особено за вечерни излегувања, целата шминка е фиксирана, и кога ќе се вратам од излегување шминката ми е пицикато како да не сум ни излегла од дома.