Од Орифлјем морам да ги пофалам четкичките. Со години влакната не им паѓаат. А сега е на намаление за нијансирање четката за 160 ден може да се земе , а е најпотребна според мене. Си земав уште една, затоа што претходната ја користам година скоро и ниедно влакненце нема паднато.
Сјајов за лице е супер јас имам нормална кожа и супер ми одговара!Мирисот е одличен....ТИ ПРЕПОРАЧУВАМ да си го земеш
Ќе може линк од најновиот каталог од орифлеим(тој со ќе биде)?! Бидејќи го барав на интернет ама не ми дава да го гледам ми вика да се регистрирам,а порано тоа не го бараше!
Задоволна сум од кремовите за тело, тие што се малку поскапички. Ама навистина вредат за парите, можеби се 100тина денари повеќе од тие лосионите за тело со мирис на овошје, ама похидратантни се и мирисот подолго време се задржува на кожата
До денес трае тековниот каталог, од утре полнува новиот, така да од утре ќе меш да го гледаш на страната
Дали случајно некој ја има земено детската тоалетна вода Пепелашка од тековниот каталог и како мириса, дали трае? Јас сакам за мене да си ја порачам, да си ја користам како спрејче за тело, ако мириса убавко))
Јас ја зедов за мојата малечка внучичка пошто е со Пепелашка, и добра е, супер мириса, а за траење незнам колку трае
^Првата крема да. Само јас ја имам во друга опаковка Со розево капаче, а исто пишува. Мајка ми ја користи и задоволна е, и јас имам ставено и задоволна сум, го освежува лицето
Плавата крема ја немам користено, а тоа жолтото за околу очи го користам веќе подолго време и многу сум задоволна. Ставам навечер и наутро се будам без подочници, сега видов во мини каталогот дека е 65 ден. ќе си купам пак
http://mk.oriflame.com/catalog-images/p ... 0529_1.png Ова е пудра?!Биддејќи во каталогот пишува дека е сјај за лице нели е тоа исто што и пудра?!
^ Не е исто Се користи како подлога пред пудрата за сјај на кожата, и убаво да "легне" пудрата од после кога ќе се нанесе. Најпрво е препорачано за сува и нормална кожа,според мене може и за мрсна и комбинирана. Многу добро се размачкува и нанесува пудрата во комбинации со вакви сјаеви - навлажнувачи на нашки
Од тие кармините што идат во понуда со лак за нокти за 200 ден од каталог 3 има ли користено некој? Пигментирани ли се? Да не се хидрантантни премногу?
Девојки некоја од вас дали го има парфемчево? Сакас да си го нарачам од каталог 3 и два парфема се по цена од 900 ден. Како сте задоволни?