Девојки го има некој од вас користено шампонот од мед и млеко,да ми каже каков е ...дали е добар? Другите производи од мед и млеко супер ми се покажале,ама за шампонов се мислам,а ме привлече
Мислење за сјајчињава, кое е подобро , дали имате користено некое од нив ? Се мислам кое да си ги нарачам. Првиве се со вкус на ванила , а другиве се обични
Инаку сјајчињава се супер,имам го користено второто од втората слика. За шампонот со мед и млеко сигурно нема да се покаеш,а за кремиве незнам искрено,не сум ги пробала. Поздрав девојки! Добри се,и супер е понудата....
Користам, и супер се прозиводите. Задоволна сум Баш како второто порачав сега, има време додека ми стигне. Да го испробам па да ти ги кажам резултатите Спојлер Другарка ми го имаше нарачано, добро е и е задоволна. Спојлер Истата го има порачано и ова, задоволна е. Има ефект. Следниот пат и јас ќе ја порачам
Девојки, дали некоја од вас користела тоник од орифлејм, pure nature тие шо се... прво сакам да слушнам искуство зошто се двоумам дали да си зеам, на лицето имам одвреме на време црвенило и сакам да ми биде мазно, и уше нешо, која е разликата помеѓу обичен и антиоксидансен тоник?
Јас имам го имам овој и убав ми е, не ми ја суши кожата. Најмногу го земав зашто е за смирување и добро си ја врши работата засега барем
Сакам да си купам нови сенки за очи-ми требаат сива,бела,црна-па си правам различни нијанси. Го гледам каталогов на Орифлејм и гледам има на попуст: Првите се намалени од 279 на 179 денари, а вторите се намалени од 799 на 559 денари. Ги користел некој овие сенки? BTW, добра ли е четката на втората слика? И четката е на попуст-од 199 на 139 денари. ПЛС кажете ми дали се добри сенките? ФАЛА!
Моливчето убаво е. Јас правам линија и го размачкувам, мрсно е Убав ефект дава А тие од Џордани не сум ги користела
Прашањево е малце глупо ама морам да праша. може ли да се порача нешто ако го нема во каталогот за овој месец, но јас му ја знам шифрата па сакам да ве прашам дали може така да се порача значи колекција е и баш тоа што сакам го нема во овој број???
Имав пишано дека ќе ми пристигне тоа второто. Искрено мене ме нервира. Ги прикрива акните, ама не доволно. Не сум многу задоволна, според мене можеби првото е 100 пати подобро. А од ова ништо, ни крие убаво, ни помага..