Јас лично ја немам, но еднаш една другарка ме пеглаше со таа преса. Добра е, не е нешто посебно. Мене лично не ми се многу допаѓа.
Пред неколку години купив камен за нозе, еден зелен со рачка и уште ми трае а секој 3 ден го користам. Неможам да најдам слика за да ја ставам али се надевам дека знаете за кој станува збор. Топло го препорачувам.
Има ли некој користено ролони од орифлејм? Ме интересира колку сте задоволни бидјеки има добра понуда 2 за 200 ден, а користам ролони така да би си купила.
Девојки долго време ги барам карминчево и лакчево и никако да ги начекам. Ги барав на нет во каталогот ама не можев да ги заприметам. Може ли некоја да ме извести дали ги има?
^ Ај ќе видам утре во наредниот каталог од 01.10.2013 што почнува и ќе ти пишам ако ги видам . Поздрав
Знае некој нека ми каже оптималс оксиџен буст колекцијата за која возраст е бидејки во новата специјална понуда има стик за очи од таа линија, а и онака сум во потрага по нешто лајт, не јако чисто за освежување и хидратација. А ако го има некој користено па да каже и импресии уште поубаво
Во новиот мини-каталог го има карминчето..има две нијанси и е 99 денари.. Погледни го каталогот и ќе видиш дали ти одговара боичката http://macedonia.oriflame.com/2013/C14/14.SALEF.MK.pdf
Го има користено некој кремов за лузни и флеки од акни? Нека ми даде некој извештај дали го бива, ке ве молам??
Бев член,веќе не сум,ама сум задоволна многу од производите,реално. Баш пред некој ден си порачав ваков гел,го чекам сега. Од тоалетните многу ми се допаѓа Енигмата и Перадајсот.
Феминки гледма во новиот каталог го нема абер еликсир, но го има најт, а баш сакв да си ја порачам класичната верзија. Ке го има ли во следниот каталог амбер еликсир и дали е траен и убав овој најт? А да сакав да прашам и за викенд колку е тграен бидејки навистина убаво мириса баш по мој вкус, но џабе ако не е траен. Ајде и тука да прашам
Здраво на сите.. ја разгледував темава,па гледам дека има искусни членови на орифлеим,кои биле или сеуште се зачленети.Напишав и на др.место но ај си реков и овде ќе напишам белки ќе помогни некој..Вака..Сега брзо се зачленив во орифлеим и сеуште ја правам првата порачка арно ама нели треба да се направат тие 100БП(зборувам за поените кои треба да ги соберам,мислам дека знаете)е сега проблемот ми е што не можам да соберам толку,не можам да ја доправам порачката,како да ги принудам да сакаат да порачаат..ова го правам од срце и не ми е само за поените..туку уживам кога ќе треба да се пресметуваа,да се пишуваат порачките,да се собираат парите ама никако не можам да направам толку порачкии..Некој да не знае некаков начин што би ми бил од корист..како да ги соберам поените како да ги направам порачките,како да ги принудам да порачаат.некаков метод,начин било што нешто морам да превземам мора да направам порачка!!! фала ви мнооогу од напред..незнаете само колку ќе ми помогнетеееее
Прво, не можеш да ги натераш или принудиш, можеш да им предложиш. Многу лошо си го напишала мислењево, како да е крај на светот ако не пуштиш порачка!!! Внимајвај малку кога пишуваш на ваква тема. Ќе поделиш каталози на неколку девојки, на мајка ти, тетка ти, па потоа тие на нивни пријателки и тоа е тоа... Мајка ми има работено со Орифлејм и превеше 150 БП минимум, и тоа не продаваше на некој широк круг на жени, неколку пријателки, тетка ми и за нас... Да ти посочам да внимаваш на кого ги нудиш производите, да не те заебе некој со плаќање- знам од искуство на една моја пријателка... Инаку можеш и да ја спуштиш цената, ако некој производ е 299 по цена запорачување, се дели со 1,3 и произдводот чини 230 денари (цената што ти треба да ја уплатиш на сметката) а за тебе остануваат 69 денари... Муабетот ми беше да им кажеш дека ќе им дадеш по набавна цена, пример 260 денари, така повеќе ќе убедиш некого, нели??? И мора да си свесна кога веќе си почнала дека некогаш ќе ти фалат поени па ти самата ќе мораш да нарачаш нешто. Со среќа.