Колку пари ми летнаа со ова орифлејм додека оние што се директори на наша цена си пунат џебовите Никад више ни орифлејм ни авон ни ништо ич Фино појди си каде што си сакаш појдиси каде што си сакаш купи си Чиста сметка долга љубов Ќе ги молам јас лугево за 89 денари да ми ги дадат, па ајде јас дади од мој џеб колку да не ми набацуваат камати, ќе ти дадам ќе ти дадам и никогаш! Срамотилак Го имам користено, нема никаква функција Искрено кога се работи за производ околу очи неможе да заврши огромна работа доколку е ефтин бидејќи ќе се состои само од некои ефтини состојки внатре. Можеш оној од зелената еколаген за околу очи беа добри, а од авон тие на авен Толку од нив
Фала мноогу..Ќе внимавам од сега..Само ова не го сватив Инаку можеш и да ја спуштиш цената, ако некој производ е 299 по цена запорачување, се дели со 1,3 и произдводот чини 230 денари (цената што ти треба да ја уплатиш на сметката) а за тебе остануваат 69 денари... Муабетот ми беше да им кажеш дека ќе им дадеш по набавна цена, пример 260 денари, така повеќе ќе убедиш некого, нели??? Како да го изведам ова што треба да направам??
Па јас мислев дека си запознаена со тоа, ама нема везе сега ќе ти објаснам. Вака на пример имаш некој пример да кажеме, гел за туширање од 299 денари, тоа е цената во каталогот. Е тоа е цената за кушувачите, а за оние што се зачленети, таа цена се дели со 1,3. или 299: 1,3= 230. Тие 230 денари се цената на тој производ кој ти треба да го дадеш на орифлејм. Ќе видиш кога ќе ја пуштиш нарачката и ќе ги земеш производите, ќе имаш фактура и таму ќе ги пишува тие цени, односно колку пари треба да дадеш во орифлејм, останатото е твојата заработувачка. E сега наместо тие 69 денари кои ти остануваат тебе, спушти ја цената, на пример продавај за 239 или 249, односно за тебе 30 или 40 денари. Сега сфаќаш?
Девојки пишав и на друга тема ама не добив одговор. Пред едно 6 години бев член, ама последната нарачка, знам дека должев, па плаќав нешто, ама не знам дали доплатив се. Од тогаш се немаат нит јавено, нит ништо. Е сеа кој ѓавол ме тераше се регистрирав на страната па утре треба лична карта да однесам. Се мислам сеа, дали може да си напраам проблем???? Најозбилно не се сеќавам што и како беше.
Добро е, завршив работа успешно, сега треба да соберам нарачка. Спојлер http://macedonia.oriflame.com/2013/C16/13.SALEF.MK.16.pdf еве ја специјалната понуда од 20 почнува
Ме интересира какви се шампонот и регенераторот од мед и млеко? Ми се гледаат убаво, а инаку целата колекција е квалитетна па не би требало да се лоши, но ете ако има некој искуство подобро би било.
Женски ајде малку помош, неможам да се одлучам Која крема за околу очи е најдобра за намалување на црни кругови или надуеност?
Девојки ве молам кажете ми дали е добар,ефикасен лосионот за заштита на косата од топлина? Намален е,па сакам да го купам ама ми е страв да не згрешам,ако некоја од вас го пробала кажете ми дали ви се допаѓа или не.Благодарам однапред. За феминката погоре што прашала за шампонот и регенераторот од мед и млеко Убави се,јас скоро се имам пробано од колекцијата од мед и млеко,пред некое време и јас прашував за шампонот,ми кажаа дека е убав и го пробав.
Супер е, прекрасен... јас во неколку наврати имам коментирано за него . Не можам да се замислам без него веќе една година.. ми помага за се.. буквално се. За исправување на косата, за фенирање, за потхранување..дури е ефтин во смисла на тоа колку вреди. Го препорачувам на сите, и ти земи го.. нема да зажалиш..
Девојки, има некоја која е зачленета во орифлејм и преку која ќе можам да нарачам? за месец Јануари )) Фалаа
Да користам производи од Орифлејм. Имам маскара Wonder lash и многу сум задоволна, имам пудра Veryme и таа е многу добра и имам креон Intense Black. Многу дум задоволна
Ајде и тука да прашам, бидејки гледам темава е поактивна. Порачките ги пуштате ли преку опцијата брза порачка преку нет? Бидејки жената која ме зачлени ми кажа, демек тоа уште не е усовршено, па излегувале грешки, на неа да сум и ги кажувала нарачките, па таа преку претставникот за мој град ке ги пуштела. Па незнам да не мати нешто, но засега се е во ред, никогаш ништо не ми стигално помалку или повеке, поените се исто како што треба. Ете ми стана сомнително зашто и тој што ги пушта ги пушта ваљда преку нет зошто и јас не би можела.
проблем можеш и сама да си нарачаш преку интернет. Јас така си нарачувам веќе 6 месеци и немам никаков проблем.
oblace1 Нема никаков проблем како консултант на Орифлејм да ги пушташ нарачките преку опцијата брза порачка.Откако успешно ќе го направиш тоа,добиваш број на ордер(фактура), висина на бодови,цена на фактурата и инфо за колку работни денови ќе ја добиеш порачката.Нема потреба друг да го прави тоа преку твоите податоци.
Фала девојки на одговорите И јас го имам истото мислење цело време, ама ајде оставив така, два месеци сум веке зачленета, па затоа и не сум мн упатена, па повеке сакав тука да прашам одколку некој таму. Одсега ке си ги пуштам сама. A порачката пак ке ми стига во тимот, канцеларијата така?