Кажете ми,го има некоја од вас користено тушот Very me Metalic туш за очи ? Гледам намален е во каталогот и ја има бојата што ми треба,па да ми кажете каков е,дали е добар ? Благодарам однапред
Во новата кампања на Орифлејм што не е почната има многу убави понуди. Има крема за раце и сапун p.s. I love you за 79 ден. комплет ,а посебно се по 49 ден. дури да не ти се верува и убаво мирисаат. Јас ќе си порачам,погледнете ги,супер се. редактирано : погрешно име
Каталогот уште го нема на интернет,не е почнат,би требало да го има за неколку денови Јас го видов кај другарка.
Девојки има специјална понуда за овој каталог сега? Ако има,нека ми прати некоја од вас линк,незнам како и каде да ја најдам.Благодарам однапред
(Пак јас ) Се мислам да го порачам Fairy city lights ама ме интересира колку е траен? До сега два пати се имам зезнато со парфеми од Орифлејм, толку беа неквалитетни што мисирот им изветрејуваше после едвај пола саат од прснувањето па не сакам повторно да фрлам пари на ѓубре што одма ќе лета во канта EMoonlight, и јас го барав мини -каталогот, ама изгледа нема..
Го имам убаво мириса но навистина не сум забележала колу време трае Најубав ми е vivacity од oriflame трае повеќе време и сите ми велат кога ќе влезам во некоја просторија целата се исполнува со пријатна миризба на овој парфем или кога ќе поминам
Орифлејм навистина има добра шминка, накит, парфеми особено и креми за лице, тело и.т.н. Јас го имам овој парфем.Убаво мириса а и трае.
Едно прашање до оние кои се повеќе запознаени со Орифлејм производите - пред некое време дома си најдов некаков си коректор за лице на кој пишува Rosy tone colour correction cream. Еве како изгледа Коректоров е стар, кој знае кога го купила мајка ми, ама полна беше тубата, а не знам зошто го забаталила. Течноста е жолта, мислев прво да не станала таква со текот на времето, ама прогуглав и прочитав дека таква е самата основа и одлично покрива црвенила. Го испробав (до душа одма го избришав, ми беше страв да експериментирам со стар производ на кој сигурно му е поминат рокот), и иако очекував дека ќе бидам жолта во лицето, видов дека уствари одлично ми се вклопи со тенот и ми ги покри оние црвенила што ги имам околу носот да речеме. Прашањето ми е - дали се уште постои коректоров? Можно е веќе да има ново пакување, ама јас Орифлејм производи и не користам, а во тековниот каталог што го листав на интернет, не можам да најдам ништо слично на ова