Ваков производ нема во Орифлејм.Претпоставувам дека е доста стар,а нивните производи имаат 3 години рок на употреба.Најдобро не го користи.Јас имам проблеми со црвенило на лицето и по тоа што пишуваш дека е жолта смесата мислам дека е за редукција на црвенилото.
AnaKarenina на тоа ребрастото горе, кај што завршува тубата има рок на употреба... Инаку и јас не го знам овој производ, и сигурно е доста стар...
Охоооо, рокот му бил до 2006та Нема теоретски шанси да го користам, тоа сигурно. Само ме интересираше дали уште го има, макар и во друга форма, сеедно. Затоа што одлично покрива црвенило, па сакав да го порачам. Во ова каталогов гледав некакви коректори, ама ништо не ми делува слично...
Јас не сум видела таков... Кога веќе сме кај орифјем, Џордани голд пудрата е фантастична, го прекрива црвенилото, ама е за зрела кожа, и не е коректор... Така да ако најдеш, препорачај го.
За редуцирање на црвенилото Орифлејм имаат нова линија производи.Тоа е дневниот крем за редуцирање на црвенилото на лицето Биоклиник со спф 15 и ноќен крем против црвенило и проширени капилари на лицето Биоклиник.И двете туби се по 30 мл.Цената е 800-900 ден.Ама вредат.
Дали ги имате пробано овие кармини? Исто ме интересира и за прајмерот видов дека сега е 199 па ако врши работа да се земе
Маскарата јас си ја порачав пред 2 броја кога беше намалена на 199 ден, полоша маскара не сум пробала досега, бојата му е претерано слаба а и четчето е катастрофа, џабе е толку голема и кога не вреди ни денар за цената што ја има
Сум читала критики за прајмеров по мејкап блогови и не прочитав воопшто позитивни критики.Ако ти треба добар прајмер подобро инвестирај си во било која друга козметика.
Ако имаш комбинирана или масна кожа не ти го препорачувам.Подобро земи крем за лице 3 во 1 Very me има функција на прајмер и фиксатор.Ќе се изненадиш каков мат-ефект и дава на кожата.И што е битно е долготраен,а доволно е сосема мало количество.Го има во каталозите на Орифлејм.
Не е лош прајмерот , јас го имам ама не сум навикната да користам прајмер .. Преферирам крема за подлога , ама овој за таа цена е супер не свети лицето од него убаво матира .. Инаку карминчињата мислам дека се нови , ги немам видено претходно и јас порачав еден па ќе видиме како ќе се покаже ..
Маскара Dali nekoj go koristel HyperStretch with pro-long comlex serumot za trepki od orflame? (se izvinuvam sto pisuvam na kirilica na mobilen nemam mak podrska.)
Маскара Го користам од пред 2 недели , рано е за некој голем резултат , ама јас приметив дека ми се малце потпораснати . Ставам секоја вечер под линијава каде што се става туш , ама јас користам и рицинусово масло ( демек за поголем резултат).Пред да го купам гледав по нетов слики и им беа пораснати после 1 месец.Не очекував некој резултат , но еве испадна дека делува.
Порано се продаваше римел кој беше половина црн половина бел, навистина беше прекрасен и супер ми одговараше но веке го нема изгледа на продажба во Орифлејм ако наслушнете нешто ве молам информирајте
Маскара Може да поставиш слика да ја видам,зошто разгледав каталог и видов дека маскарата е црна,како маскара не видов серум. Во тековниот каталог ја порача или?
Порано имав ваков бронзер и многу ми се допагаше, само долго време не можам да го начекам по каталозиве или му го имаат сменето паковањето?
Маскара Го нарачав во предходниов каталог , од 330-40 на 150 ден беше намален.Во тековниов каталог го нема. Спојлер