Денес ми стигна парфемот што едвај го чекав. Плус подарок - дезодоранс. Можам да кажам дека сум најпријатно изненадена и дека го открив парфемот што ке го користам навака. Прекрасен нежен, истовремено моќен мирис, се заљубив! Инаку плаќа брат ми - подарок ми е од него, отприлика од 1000 до 1200 мислам дека е парфемот, не знам дали го има во новиот каталог но го препорачувам!
Кремава не е само за 40+ , за сите возрасти е т.е за оние што имаат проблеми со кожата , без разлика што пишува лифтинг. Тука се мисли на сите оние што имаат проблеми со кожата како што е опуштање, губење еластичност и сл. Затоа е и наменета за сите возрасти , зошто се случува и на девојки на млада возраст да имаат вакви проблеми со кожата. Мајка ми ја користеше кремава која е над 45+ и искрено не видела никаков резултат Секоја кожа своја приказна. Коритсаки јас би ти препорачала да си ја пробаш доколку имаш некој таков проблем со кожата, ако не не ни помислувај за џабе само да ставаш глупости на кожа без потреба
Па да ти кажам,немам се уште брчки , немам некој друг проблем со кожата , користам крема за лице само колку да ставам некоја подолга под пудрата нема да ја користам веќе
Ми стигна новото карминче Oriflame Beauty Power Shine, ви го препорачувам, прекрасен е, остава светки, боја и сјај, а во истовреме ги омекнува усните(убаво мириса ) јас розево порачав.
Девојки какви се кармините на Џордани Голд во однос на трајноста, гледам во тековниот каталог доста се намалени а и убави бои има
Кармините од колекцијата Џордани Голд се добри во однос на трајноста,интезитетот на бојата и создаваат пријатно чувство.Ако си заинтересирана,ти ги препорачувам.
Женски го има некој користено ова? Како сте задоволни? Мене ми стигна ама уште го немам пробано, се немам нашминкано ич
Јас си го порачав, мислејќи дека е за чистење на пудрата од лице, дури кога ми стигна прочитав дека е за очи,добро што не ставив на лице Иначе шознам не е лошо, но јас без влажни марамици неможам скроз да ја отстранам шминката, инаку ова средство добро е, нежно и немаше никакви несакани реакции.Баш и посилно ги триев очите за да излези убаво шминката и се си беше во ред. Инаку јас на памукче ставив од средството..најверојатно со тоа и би требало да се отстранува..се на се добро испадна..сепак со оглед на тоа што не користам многу сенки..очигледно дека уште долго време ќе ми седи во рафтот со козметика
жени и девојки ја има некој користено пудрава? дали сте задоволни? и дали и варира цената бидејќи во последниот каталог е 500
јас ја имам,задоволна сум од неа,но искрена да бидам и немам што многу да покријам.Ако бараш ваш покривна пудра не би ти ја препорачала.А за цената мислам дека до 300 ден.ја земав,но не сум сигурна.Им варираат цените на овие во Орифлејм
^ ја имам и јас, покривноста е средна, а има убава, природна нијанса. Имам комбинирана кожа, и онака, задоволна сум. Инаку ја користам за преку ден и воопшто не ми светнува лицето. Општо земено, ниту еден производ од Орифјем не се исплати да го земеш кога не е на попуст, бидејќи разликата во цените е прилично голема, некогаш и по 200 денари.
^ Ви благодарам девојки инаку не ми е за голема покривност, туку онака повеќе за дневна. Значи да си ја почекам коа ќе биде на попуст
Во новиот број е 250 ден. Дали некоја од vас ја има користено базата за пудра? (Perfecting face primer) 179 ден е планирам да ја купам ама би сакала да видам некое мислење?
Ја имам користено подлогава и добра е не велам не, но подлогата на Very me, лично мене повеќе ми се допаѓа..лесна е, не предизвикува иритации и црвенила ( имам проблематична, осетлива кожа) брзо се суши на лице, можи да се користи и како кремче, без претходно да се нанеси обичен крем..и шминката долго долгооо се заджува на лице.Ја имам испробано и директно под камена пудра, значи само од подлогава и одозгора камена пудра..одлично си стоеше цело време, мислев дека одма ќе ми се избриши ама не, ефектот е одличен. Ти ја препорачувам и таа што ја наведе и оваа од Very me, но повеќе сум за втората. Инаку вака изгледа втората и цената и е околу 200 ден :
Девојки, сакам да го порачам маслово но го нема во новиот каталог, а тука стои дека гоима на залиха и дека е достапен за порачување. Е сега сакав да ве прашам дали бидејќи го нема во каталог можно е да го начекам на попуст во скоро или послабо? http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=21352
^ И мене ме интересира, на интернет страната за еден продукт пишува дека го има на залиха, има бројче за порачување, а веќе во неколку каталози го нема продуктот. Можно е да се порача, нели?