Мислам дека не може да се порача ако го нема во каталогот иако пишува дека го има на залиха. Ако правиш сама порачка преку интернет пробај пиши го ама мислам дека ќе ти пишува производот не е на продажба, јас порано така имам пробано и така ми пишуваше.
Многу сум задоволна од прајмеров, пудрата повеке не ми се собира на лицето изгледа по природно, и ми трае подолого.
Девојки, дали некој ја има користено сенкава за очи и дали е добра т.е квалитетна. Благодарам На попуст е во тековниот каталог и се мислам да ја порачам. Имав порачано од двобојните сенки од Very me, но не бев задоволна ни малку. Сенкава е Midnight Indigo 27123
Не е квалитетна и воопшто не ми се допаѓа ефектот.Не се создава еднаква компактна покривност на очниот капак и за кратко време изгледа како да нема нанесено сенка,а и вистинската боја е посветла од таа на каталогот.Не ти ја препорачувам.
Постојано користам нивни производи, бидејќи мајка ми има членство таму и навистина сум задоволна од нив.
повеќе за тинејџери е првиот на вери ми, и двата се добри мислам дека вториот и по скап е , види погоре во мислењата една феминка е многу задоволна од вториот
Јас го користам првиот, не сум тинејџерка, презадоволна сум од прајмерот...пудрата не се подмрднува од лицето.Инаку вториов прајмер, во минатиот каталог беше намален 150-160 ден,така да не е секогаш поскап,дури и поефтин е некогаш, но тука се цените..а првиот обично е околу 180-200..до 220 најмногу,зависи варира во секој каталог со 20тина денари плус,минус.Сепак не е скап, добиваш одличен прајмер со пристапна цена.Мислам дека е наменет за секаква кожа,помлада-позрела, независно.Ти го препорачувам
Јас го порачав на veryme прајмерот во тековниов каталог али сеуште немав прилика да го пробам па не можам да кажам впечаток во наредниот каталог од 23-4 што почнува на попуст е видов
Девојки сакам да ја порачам подлогата за пудра на Giordani Gold. Сум ја користела пред 2 години и многу ми беше убава, но во комбинација со друга пудра, не со Џордани пудрата.Но сум слушнала од луѓево дека овие производи се наменети за позрела кожа, јас сум 20 години. Е сега прашањето е дали има некоја улога на годините подлогава..(бидејќи пудрата мислам дека е за позрела кожа) или подлогава нема врска со тоа ?
Мислам дека нема значење тоа.. И јас исто користам пудра која што се смета дека е за позрела кожа, меѓутоа пудрата совршено ми се сопаѓа со лицето и немам проблеми со неа. Всушност можам да ја и пофалам, најдобра до сеа со имам користено. А таа подлога обично кога одев да ме шминкат во салон ми ја ставаа пред да ми нанесат пудра. Девојчето што ме шминкаше работи во Орифлејм, и мислам дека ако сметаше дека не е во ред немаше да ми ја нанесува на лицето.
Девојки, дали некој го има користено овој серум? Сакам да ми пораснат трепките а и веѓите исто така. Користел ли некој серум за растење на трепки воопшто, не мора да е од Oriflame http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=26532
Во тековниот каталог на Орифлејм кој важи од 24 јуни нема прајмер на Veryme,туку Балсам за лице ББ.Прајмерот нема да го има ни во наредниот каталог кој ќе започне од 15 јули.Единствен начин да се порача е како производ кој го нема во тековниот каталог,но со повисока цена од вообичаената. Серумот е навистина добар доколку редовно го користиш како ноќен третман.Ти го препорачувам од искуство.
Јас серумот не сум го користела но ја користам маскарата од истата линија Hyper Strech и забележав дека трепките ми се навистина пораснати..дури се чудев како е можно.Никаков серум досега не сум користела, претпоставувам дека серумот во комбинација со маскарата ќе биде супер.