Хелоу! Одамна ги меркам и сакам да си ги порачам маскава и серумов Swedish Spa од Oriflame, па ме интересира дали некој ги има користено, за каква кожа се... ги има како сет во тековниот каталог па така повеќе се исплатат да ги купам
^ Серумот е одличен, одма се впива, и се осеќа многу свежа кожата и така малце како затегната да е. Нема никакво дејство за брчки, линии и такви работи да знаеш. Тој ти го препорачувам. Али маската во никој случај. Катастрофа. Прво не се мие со вода, т.е. не се отстранува со вода јас незнам зошто! Пробав се истрив со вода и не бе не како водоотпорна да е, едвај ја симнав со масло и влажни марамчиња. И од тогаш веќе не ја ни ставив на лице, така да незнам каков ефект и би имала.. Иначе мислам дека за секој тип на кожа би одговарале
Фала ќе го пробам серумот! А како се користи, на чисто лице се става и после тоа се нанесува крем или?
Може да ми кажете што мислите за кремовите за околу очи од Love Nature Oriflame ? Користела некоја од вас ?
Не ти ги препорачувам.Мој е предлог е повеќенаменскиот крем Optimals Seeing is Believing кој ја редуцира отеченоста, ги ублажува темните кругови и ја опушта кожата. Наменет е за сите типови на кожа и поскап е од кремите Love Nature, ама е неспоредливо подобар од тие. Во тековниот каталог цената е 479 ден.
Од Орифлејм НАЈНАЈНАЈзадоволна сум од кремчето, Moisture Concetrate на Essentials.. Пошо имам многу мрсно лице, кремот ми е 100% погоден за под пудра, а и онака не ми го мрси лицето, брзо ми се впива, не е леплив како некои други кремови, ама се зависи од типот на кожата. Овој ми е крем на животот се додека не најдам некој сличен или ист на него...(бидејки сакам да испорбувам нови работи, да експериментирам) Друго, сакав да прашам дали сте задоволни од прозиводите на Optimals и Bio Clinic? Сакам да ги порачам следниве производи...
Здраво. Сакам да си ги нарачам четкиве, па да ве прашам за искуство. Дали некоја од вас ги користи, или ги има користено и колку сте задоволни? http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=27965
Од производите на Bio Clinic го имам користено кремот за редуцирање на црвенило.Има неутрализирачка жолта боја со спф 15.Се работи за стар производ со променета амбалажа.Долго време го користев и задоволна сум.Може да се употребува и пред да се нанесе подлога за шминка доколку имаш континуиран проблем со појава на црвенило.
Некои се фалеа дека помагале, ама мораш да ја балансираш исхраната и да вежбаш, без тоа ништо не правиш.
Последно што си порачав од орифлејм се маска и пилинг за лице од Love nature, сеуште ги немам пробано,ќе ги пробам па ќе ви пишам како сум задоволна.
Имам користено многу работи.задоволна сум од сенките ,кармините, кремите за лице, парфемите,сапуните,шампоните за коса ...
ЈАс сум презадоволна од орифлејм веќе 4та година ми е како што сум зачленета и ги имам пробано сите производи навистина ми се допаѓаат, едноставно ја навикнав кожата и доколку сменам пудра крема или слично секогаш ми се нафрлува затоа само орифлеј бидејќи производите се стварно тестирани предходно па се ставени во употреба! Посебно сум задоволна од пудрите, the one маскатара, има навистина добри тушеви за очи и кармини имн други работи
можда има некои кординаторки од орифламе на сајтов па сакам да ве прашам женски мора прво да ја платам фактурата за да го земам поклонот што ме следува како нов член пошо нели една кампања уназат стигнуваат ? или може уште неплатена фактурата од к-13 да го нарачам поклонот во к- 14 ....
Треба да ја платиш фактурата па во следниот каталог подарокот ќе го добиеш и ќе немаш потреба шифрата на поклонот да ја пишуваш автоматски ќе ја имаш во порачката.