Велешанка, јас од таа колекција сум презадоволна. Многу ми ја прави мека кожата и убава и нежна. Ама сее до тоа каква кожа имаш. Видов и јас дека се намалени, имам уште од старите ама им се мислам пак да ги земам.
маската е добра,моја другарка си ја порача и многу е задоволна.ја прави кожата мазна и мека,откако се нанесува се држи некое време на лицето а потоа целосно се отстранува,се одлепува
Јас ја имам цела колекција,и не сум задоволна само од кремата за лице.Не ми одговара.А гелот за лице го користам за чистење на лицето од шминка и прилично сум задоволна.Кремот за околу очи ретко го користам
Орифлејм само еднаш купив, моја другарка работи како ( навистина не знам како да ја наречам ) но работи за нив. Дефинитивно не вреди за парите! Орифлејм, Скапа , Низок Квалитет, Не ефикасна, производите што ги нудат се „ Тиња“ во најмала рака. Ефтини и никакви во скапа амбалажа.
си ја користам новата крема за лице од калинка и акаи бобинки и мн сум задоволна ,кожата ја прави мека и мазна и бргу впива а и има пристојна цена ,ама задоволна сум од сите производи )))♥
Користам од орифлем маскара и преубава ми е а за другите производи не знам бидеќи најчесто купувам или од авон или пак од парфимерија
Не сум била член во Орифлејм ама имам користено некои од шминките и кремчињата. Задоволна сум од средството за сушење на мозолчиња( во облик на кармин) и сјајчињата за усни... не сум задоволна од креоните зошто ме печат очите
А девојки да ве прашам да не знаете случајно оние кои што се од Струмица,каде се наоѓа продавницата на oriflame? Сакам да се зачленам,но незнам каде има.. пишете ми во лп
користам маски,пилинг и креми ,и сум екстра задоволна не би ги менувала за ништо,одговараат на моево лице,баш како што сакав.И,им давам 10ка + еве ги:
јас сум член на Орифлејм, ама тоа не значи дека ги користам и сите производи... од голем дел сум задоволна, а некои има што не се исплатат... и јас ги користам маските од колекцијата пјур скин од глина, пилинг маската и од бел чај и дневна и ноќна крема од грозје а со тоа и гел за миење лице... исто и кремовите за тупирање им се супер, а јас најмноги ги сакам оние од кокос, па имам и крем за тело од кокос, а и кремите за раце се одлични, и млеката за тело, а балзамите за усни се исто така доста добри... од страна на шминка редовно користам од течните и камените пудри (најчесто од оние кои се на поефтинување... прво зедов од Џордани, ама според мене нема никаква разлика меѓу Џордани или поевтините пудри) а пак руменило исклучиво од Џордани, кое ми трае веќе 2 години и уште не ми е дотрошено... кармини најмногу од Орифлен Бјути... маскара црна од Џордани и е одлична... единствено не ги користам сенките за очи, а креони ретко да купувам од Орифлем... од козметика за коса не сум задоволна, освен од шампонот за суво миење парфемите стварно убаво мирисаат, дури во каталозите може да го почувствуваме мирисот од поновите со протривање со дланката ама количините се многу мали на некои што не ми се исплатат
Задоволна сум од шампоните HairX, од парфемот Mirage, од маскарата на Giordani gold, од геловите за туширање, од машките парфеми и многу други производи, но не сум задоволна од течната пудра на Giordani gold, не прекрива ништо. Иначе за тие што незнаат има online каталог на орифлеим http://mk.oriflame.com/products/catalog ... per=201115
Јас сум задоволна од шминката. Не се разлева или размачкува. Еден туш за очи имаше што навистина не ми се допадна, Премногу се разлева и течен е, споро се засушува, тешко се дефинира линијата.
Порано се ми беше од Орфлејм.. Но сега повеќе користам Авон се имам од Авон и навистина сум задоволна од парфем па до се друго.. Од Орифлејм највеќе ми се допаѓат пудрите имав една и ја потрошив.. Сега ја нема таа пудра но ако ја најдам обавезно ја купувам