Да, иако не го користам секојдневно пошто заборавам. Сепак откако почнав можам да кажам дека лицево поубаво го осеќам, почисто и посвежо и не ми се мрси толку. А и сетов по оваа цена не се начекува често само што треба да купиш уште нешто од каталогот.
360 денари ќе му дојде по набавна. Не морам да купам ништо, никогаш не купувам ништо дополнително кога има вакви акции овде или во Авон, па секако лицето што прави порачка ќе има и други порачки освен мојата, така што автоматски можам да го земам. Фала ти на брзиот одговор, ќе го порачам сетот, како што кажа оваа понуда не се пропушта- секако ми треба дополнителна хидратација штом залади времето лицето ми станува посуво, не ми е доволно само крема, плус одамна го меркав серумот, штета е да не го пробам сега кога е на ваква акција.
Ги нарачав овој шампон и регенератор за сува и оштетена коса дали ги има некој користено да ми каже дали е задоволен од нив
Го користам веќе некое време (мислам две или три недели), баш го земав во период кога кожата на челото меѓу веѓите ми беше сува и се перуташе, исто и околу носот, и после неколку нанесувања сето тоа ми го санира. Го нанесувам два пати дневно (се надевам не претерувам) пред нанесување на крема, и задоволна сум од моменталната состојба на кожата. По текстура е сличен на плавиот од Балеа, само овој според мене е подобар. Многу брзо се впива, во комбинација со кремата ми дава ептен пријатно чувство на кожата. Задоволна сум и од трите производи.
Вo плaн сум дa пoрaчaм неделaвa oд Oрифлејм еден пaрфем, ќе гo нaрaчaм преку фб нa нивнaтa стрaнa, пa ме интересирa дaли и кoлку требa дa се плaти штo ќе ти јa дoнесaт нaрaчкaтa дo дoмa?
@Mr. Right Претпоставувам дека не си консултант (член) на Оriflame штом планираш да порачаш производ преку нивната Фб страна. Доставата на производи на домашна адреса за консултанти чини 99 ден. А за лица кои не се членови не сум упатена како и колку се наплаќа услугата. Мој совет е доколку познаваш некој што е член да порачаш преку него затоа што на тој начин ќе избегнеш плус-трошоци.
На два три пати го имам порачано шампонот и можам да ти кажам дека премногу ми се погоди.Има прекрасен мирис и косата ми ја правеше многу мека и убава...
Ке ве замолам доколку некоја од вас го има каталог број 13 да ми каже колку беше цената на пудрата оне еверластинг итно мие. Ви благодарам ☺
Го имам каталог бр.13, но во него ја нема бараната пудра за лице. Истата ја нема ниту во тековниот каталог. Ќе ја има во следниот што почнува од 8 декември по каталошка цена од 529 ден.
Колку попуст имаат орифлем на производите? како се порачува? дали имаат подароци како во авон и кој се условите?
Stardust парфемот го има ли користено некој? Колку е траен? Го имам користено само my red и многу бев задоволна. Се мислам дали да го порачам овој
Koja tecna pudra e najubava i najpokrivna od oriflame i ako moze i slika da mi stavete,bidejki ne sum poracuvala pudra do sega i ne gi znam.
http://mk.oriflame.com/products/product?code=22444 Зошто го нема парфемов веќе подолго време го барам.. веќе не го произведуваат или ?
Го имам новиот каталог од орифлејм па сакам да прашам за некои производи. Дека поретко ја користам нивната козметика, повеќе користам од Авон па незнам беш за кои производи вреди да ги земам. Пудрата the one гледам е доста намалена (229 денари). Дали е покривна? Исто така која нијанса незна,, сите некако темни ми се гледаат. Тоалетните води air, ice, fire ги користел некој? Трајни се? Very me балсамчињата гледам намалени на 79, светкавите тушови на 129. Убави се? И кармините на последната страна тие за 99, трајни се?
Пудрата the one е истата порано што беше ever lasting со црвена пумпица. Покривна е, мене ми беше добра за секој ден онака. Јас ја нарачав и неа за секој ден, бидејќи мене тогаш кога ја користев таа ми беше одлична.