Денес ми пристигна оне пудрата, ја пробав на раката нијансата ми е океј ем има прекрасен мирис. Ќе ја пробам деновиве и ќе пишам подетално како сум задоволна.
Кремата е 899ден на попуст од 1199. Инаку сакав да прашам дали некоја го има користено ова и како се покажало? Си ја врши работата?
И како по обичај пак се излажав да нарачам, а скоро се што добив ме разочара. Си нарачав лабело со бадемово масло ми се чини, ми мирисаше преубаво во каталогот а во живо ем треба сто пати да го нанесеш за да ти ја хидрира устата барем малку, а и многу гаден мирис ми има. Друго карминот што го нарачав е пресув, и е сосема друга нијанса. Исто еден пакет од гел, пилинг и маска за лице, во живо се премали а и кај се 30мл, пола се празни. А со мајка ми баш загледавме еден парфем So fever her, и посебно мене ми се допадна зошто има специфичен мирис, 600 денари е ама сега се мислам дали да го порачам, зошто се си мислам дека ќе добијам некој сосема различен мирис и никаква трајност. Го има некоја користено да ми каже каков е?
https://mk.oriflame.com/mypages/news-archive/Kampanja-za-regrutiranje Здраво девојки годинава Oriflame нуди одлични понуди ако станете член. Работи што се многу скапи со редовна цена вие доколку станете член би можеле да ги земете за неверојатни 199 ден. Погледнете го летокот што е прикачен и доколку некој сака да стане дел од семејството на Oriflame нека ми пише. Поздрав
@Natee1 Може да сликнеш нешто од к3 ако не ти е проблем? Поконкретно ме интересира за четки за шминка, бисери за лице... И некои сетови ако има убави. Фала ти.
Вака сега: Сликата што е со број 1 е нешто што јас го одбрав за тебе за нега на лице бидејќи тоа конкретно те интересира и се сетови за лице Сликата со број 3 се перли за лице на Giordani Gold имам премногу задоволни муштерии и е стварно квалитетна козметика малку поскапа ама има квалитет Сликата со број 22 се четки за шминка комплет и се многу намалени бидејќи се комплет И сликата oriflame е исто така сет за нега на лице со плус четка за лице Повели разгледај ако те интересира уште нешто пиши ми во порака
@resenska Вака тој парфем одамна го нема да не те лажам да ти кажувам ќе дојде или вака така затоа што веќе многу одамна го повлекоа него. Како замена за тој парфем можам да ти понудам многу поубав види на сликата со број 4 и ако ти врши нешто работа од таа колекција Precious Moments има крем за тело исто така види на сликата. Се надевам ќе ти помогне ова
Пред неколку години го имав ова парфемче, мирисаше на фантазија А и траен беше за чудо пошто го земав за околу 500 или така нешто, неколку пати, потоа ми го снема Дали знаете каде можам да го најдам?
Според мене The One е колекција од која што само неколку работи се добри а додека на giordani коректорот има многу добра покривност и во комбинација со пудра оди многу добро