Девојки, се заљубив во новиве кармини, преубави нијанси имаат, посебно првиот и последниот ми се љубов. Последниот морам да го имам, па што сака нека е.
Верувај дека џабе ќе ги потрошиш парите.Еве го имам си стои така,никогаш не ставив од него.Формулата е многу лоша,леплива,мора да ставиш 5 слоја за да добиеш убава боја а со самото тоа се натрупува и не излгеда убаво.Можеби посветлите бои се подобри поради пигментацијата,ама последниот е многу многу лош.Јас би ти предложила да oдиш да си го земеш Copenhagen или Transylvania од Nyx,не знам точно која им е цената ама дефинитивно се подобри од овие на Орифлејм бидејќи нивната формула е една од најлошите. Моето мислење е сосема добронамерно бидејќи не се работи за мала сума пари
@Primadonna Фала ти многу на мислењето, баш напротив, супер што ми напиша да не се зезнам ако купам, а доста се скапички. Гледав и reviews на интернет, и пишуваше дека имале океј трајност од 3 часа, дека боите биле убаво пигментирани и таман се решив ама ништо... Сепак, ги пробав мострите од The One и Giordani Gold и најдов преубави nude нијанси, овие првите се 200 денари, а Giordani се можеби поскапи ама вредат за парите, па ќе си земам подобро два такви.
Не е прoблем,сaмo не сaкaм некoј дa се зaлетa кaкo мене.Мoжеби пoсветлите бoи се oкеј,aмa oтсуствoтo нa пигмент и нерaмнoмернa текстурa имa и кaј течни кaрмини oд high end кoмпaнии,бидејќи се пoтешки зa прaвење.Јaс кoнкретнo ти пишaв зa тoј бидејќи гo имaм и сaкaм дa спoделaм мислење. Пa пoбрзo дa се пoднoвиш сo дoбaр кaрмин
Го има некоја користено од The One Lip Spa Plumping Lip Balm (имево ) ,дали стварно има ефект на зголемување на усните или нема врска? И како сте задоволни од линијата на шампони од HairX? Конкретно за тој за обоена коса ме интересира. Благодарам.
Јас го имав користено, лажи пари шо би рекле Првите 15тина минути некако минимално изгледаат како пополни и после се враќат во нормала, а има ефект на пецкање, шо мене ми беше баш интересно така, али после некое време остава како еден слој и изгледа грозно, посебно ако имаш клаено нешто моливче или кармин, ќе треба со прсти да си го лупиш И има некој сјај така безбоен накај меко пинково боја. Ако ти се фрлаат пари, земи го.
@Zivyle Јас веќе го нарачав, а тек сега го гледам мислењево. Така и мислев да го носам, со кармин одозгора. Ај ако не ќе пишам на девојчево што ми нарачува, да ја повлече нарачката, зошто преска и го нарачав, веројатно ќе може. Ме спаси во заден час.
Уште еден кармин од кој сум премногу разочарана... 500 денари потрошени на лабело! Кога го ставив прв пат помислив да не ми дале грешка производ,ама не.Никаква пигментација,се размачкува,треба да ставиш 5 слоја за добро да ти се познава бојата.Можам слободно да кажам дека The One кармините се далеку далеку подобри,кремасти,пигментирани се,а се за 200+ денари поефтини.Секому би препорачала да ги проба тие,а не овие на Џордани бидејќи не вредат за ниеден денар потрошен за нив. Пакувањето е одлично и луксузно.но тоа во него не Јас го земав црвениот,но како што знам сите имаат иста формула.. A го имам и овој,и одличен е,за скоро пола цена од првиот.
Ај јас да искоментирам за некои производи што ги имам користено зошто немам друга работа во моментов. Од The One имам еден кармин Taupe Delight, што во каталогот озбилно ми личеше на темно виолетов, се прерадував кога го порачав... и кога стигна, што да видам, беше некоја темна nude нијанса што мава на розевкасто. Ама, сепак ми се допадна и таа боја, убаво ми стои, кремаст е и мислам дека ако устата е претходно ексфолирана и има лабело одоздола, нема да ја исуши. За трајноста... па, ако не ја оближувате устата толку често како мене, мислам дека би траел подолго. Јас ем ја оближувам, јадам, пијам, цигара ако запалам, и после неколку часа ми останува само на краевите на устата, во средината е доста избледен, ова со едно нанесување. Ама колку пари, толку музика - 200 ден беше. Еве го карминот: Од мострите го имам пробано Clover Haze од тековниот каталог, и се воодушевив, препреубава nude нијанса, кремаст е и има супер пигментираност. За трајноста не можам ништо да кажам, зошто одма го избришав, ама го нарачав па можам да пишам накнадно. Еве го, само не знам зошто мава на розево и светка на сликата, мострата не беше воопшто таква. Еве ми ги непреболените крема за раце и сапунот. Мирисаат баш на портокали, мандарини, свежо и цитрусно, цело шкафче ми мирисаше на сапунот, иако вака при миење не се чувствуваше многу мирисот. Кремата ги прави рацете меки и преубави, а за мирисот да не зборувам. Ги нема веќе неколку каталози, а кремата има дали само за уште едно ставање. Моливи за уста од The One. Јас ги имам Spicy Nude и Real Red од сликата и сум презадоволна, кремасти се и доста лесно и прецизно можат да се нанесат. Единствена мана им е што се премногу мали, и од едно ставање одма ми се истроши врвчето. Пудра од The One. Јас ја земав нијансата Porcelain, и иако ми го прави убаво лицето, сепак мислам дека ја имам за малку утнато нијансата, премногу бледа ме прави како дух. Сепак, мислам дека има лесна кон средна покривност, зошто мене ми е доста чисто лицето, па и да имам мала акничка тешко ја сокрива, треба прво коректор да нанесам па после пудрата за да има ефект. Го имам и коректорот кој е ист како пудрата, ама не ми се допаѓа, дали е до нијансата дека е згрешена или нешто друго, ама исто многу бела ме прави, а сепак не успева убаво да ми ги сокрие подочниците. Love Nature Beauty Kit. Во пакетот имате пилинг од кајсија + маска од боровинки + гел од лубеница. Сите ми мирисаат убаво (а сепак вештачко ) ,пилингот ми ја прави кожата мазна и мека, без да ми ја иритира, гранулите се ситни. Маската ми го смирува лицето, а гелот ми го лади и освежува. Не се нешто уау да кажеш, ама не се ни лоши. Се користат два до три пати неделно. Толку од мене сега за сега, изморих се.