Еве мини каталогче со попуст за Валентајн. Трае до 14 ти февруари. Ако некој од Охрид е заинтересиран за порачка од овај, или редовен каталог нека ме контактира слободно. https://mk.oriflame.com/catalogues/letok-5-2?pageNumber=1
Го барам парфемот DIVINE синиот ако го има некоја нс лагер во Битола. Значи ми треба за утре-задутре. Ако го има некоја пишете ми порака
Го има ли некој септемврискиот каталог? Ме интересираат цените на амбер еликсир парфемот, плавиот и кафеавиот.
Порано многу нарачував, сега послабо. За цената, производите имаат добар квалитет. Нарачував еден парфем во шишенце со златно капаче, го обожавав мирисот
Немам позитивно искуство. Не ти го препорачувам, особено ако имаш суви усни. Балсамот има премногу сува структура која создава непријатно чувство (затегната кожа), бледило и неубав изглед (како да има нанесено повеќе слоја) што нема врска со волумен.
Поранешна другарка работеше во Орифлејм, леле луѓе ко секта беа. Ужасно напорни, само да ти продадат нешто, знам еднаш ме одвлечка другаркава на една од нивните презентации, директоркава држеше предавање како си идела на козметичар цело време зошто немале работно време они, станувала во 12 поручек, работела кога сака.. Кога ме виде мене, одма ми се закачи, 50 пати повтори еве ни го новиот член. А другарката пробуваше да ми ували NovAge сет од 4000 и кусур, што патем е за зрела кожа... На страна тоа, тогаш бев толку залетана, првите два-три пати мислам 1000 денари порачки и правев. Да ми бил овој памет речиси ништо од таму не би порачала, освен два три производи. Од овие конкретно бев задоволна: Маскарава ја обожавав. Имам природно долги трепки со океј густина, ама секоја трепка совршено ми ја одделуваше и ми ги расчешлуваше, ми даваше супер волумен, многу убава боја, не се ронеше, само единствено негативно е што за брзо време се исуши. Оваа исто убаво ми ги правеше убави трепките, и беше доста поефтина од Џордани. Кремава и сапунчево мирисаа ПРЕУБАВО. Од сапунот цело веце ми мирисаше на портокал со ѓумбир ми се чини. Кремата ми ги правеше рацете нежни и свиленкасти, а мирисот се задржуваше со часови. Ама, секако полна беше со силикони. Имав користено и пудра, кармини, моливчиња за уста, парфем, дури и две марами имав порачано.. Абе цел асортиман на Орифлејм. Кармините беа океј, ама за иста цена може да се купат и во Голден Роуз, а барем ќе знаеш како изгледа бојата во живо.
https://mk.oriflame.com/products/digital-catalogue-current?pageNumber=5&catalogue=2021001 Ако е некој од Куманово за нарачки слободно пишете ми