Дали ги имате користено NOVAGE производите, поточно серумот со РЕТИНОЛ. Искуства ваши лични? Од пријател/ка?
Прееска кога правевме муабет за Орифлејм отворив на нивната страна. Преку линкот од Инстаграм, и одма од лево има онлине верзија на каталогот. Ако е тој тој, ако имаат и друг тогаш не знам
Онлајн има. А вака ако сакаш у хартиена форма има као канцеларија или шо и да им е карши Рамстор молот у градски ѕид тие кулите. Некад сум зимала, два три пати така. Иначе @Selena01 моеш исто ко на Авон да се зачлениш и сама да си порачуваш. Само па ја пред некоја год коа се зачленив тогаш една ме контактираше ама не замараше воопшто. Одвреме навреме некој мејл ќе пуштеше и толку. А друга работа шо ме извади од такт беше еднаш коа од оправдани причини не можеш да подигнам пратка и се мавтавме се објаснувавме, на смс стигаше као заостанат долг, па ок средивме ама после тоа го блокираат акаунтот и не моеш да порачуваш. Ме изнервираа и ги баталив.
Може ли да ми пише некоја што работи во Орифлејм, сакав да прашам за достапноста на еден производ. П.С Да се надополнам, јас се имам зачленето онлајн како бренд партнер, и така се купувам со 20% попуст. Не се замарам со "регрутирање" на нови членови, бивша другарка работеше ваму и ме однесе во тоа главното во Центар што им беше пред неколку години, и како секта беа, сите ми се фрлија да се зачленам и регрутирам нови членови, па колку пари се правеле, бетер Авон се. Јас вака може да направам две-три нарачки по ред и после со месеци, година не правам, зависи што ми се види интересно. Имам купувано многу интересни и квалитетни марами и шалови, ги изнаносев, знаат и преубав накит да имаат, имам машки и женски парфем купено, машкиот на сите им се свиѓа и ме прашуваат кој е. Пред неколку години имаа и многу убави моливчиња и кармини од ОNE, ама не знам дали уште ги има истите.
Дали овој крем за раце го има сеуште во Орифлејм? Не можам да го најдам, променета е паковката или е тргнат од продажба?