Незнам дали ми е за тука прашањево, бидејки во Лице е темава, но ајде. Дали некој ги има користено производите HairX за мрсна коса и колку сте задоволни од нив?
Jaс ја користам. Ако сакаш изглед на вештачки трепки земај ја Мене ми е најдобра од сите маскари што ги имам,а на пример на сестра ми воопшто не и се допаѓаше. Јас на сите ја препорачувам ова ако ме прашаат за маскара И воопшто четкичката е многу интересна,ги одвојува скрос трепките,нема шанси да ти се залепат или грутчиња да се прават Твој избор сепак,јас сум за да =)
Јас ги имам користено и шампонот и регенераторот. По миењето косата не ми се мрсеше толку често и ја миев на 2-3 дена. Регенераторот ја прави косата многу мазна и мека. Исто така има и сув шампон од истата колекција па коа ќе приметам дека ми се измрсила косата се прскам со него. Инаку да напоменам дека оваа колекција има најубав мирис во споредба со сите други HairX производи, а и трае доста долго по миењето.
Едно прашање?? Немам направено нарачка за претходниот каталог и така го немам земено новиот. До сега ми стигаа по пошта обавезно сите каталози, и сега еднаш нема да напраам и не ми пратиле Обавезно праќаат или дека бев нов член ме залажуваа. И тамн нешто мене да ми се допадне и да не можам да нарачам. Т.е не ми ни треба каталог, ми треба таков лист за порачување, бидејќи нема нарачка без тој листот Аnybody?
Јас имам користено производи од орифлејм, ми се свиѓаат, за шминката имам земано креонче и маскара, убави се, иначе не сум нивни член.
Ми се допаѓаат нивните производи,а особено сенките за очи и сјајчињата Не ми се допаѓа единствено тоа што последиве година -две мн поголема понуда има да производите за тело,а шминката е се помалку застапена.....
Можеш да направиш онлајн порачка од овде http://mk.oriflame.com/ одиш влез и го пишуваш твојот консултански број и матичниот како пасворд и се најавуваш и потоа најдоле имаш БРЗА ПОРАЧКА ти пишува и си ја правиш порачката, можеш и само каталози да си порачаш ама ќе треба да си платиш и поштарина.
Го има некој користено? Вака изгледа примамливо а и плус ефтино е,си мислам да го порачам,ама прво ваш совет чекам
^^ И јас ја имам маскарата ама мене воопшто не ми е убава. Ми ги лепи трепките во снопчиња и уште поретки ми изгледаат. Ја купивме тогаш прв пат кога излезе и јас и братучедка ми и двете сме незадоволни од неа.
баш би сакала да ја пробам, гледам ја има во овај каталог тековниот, ама некако не ми се даваат пари, зато шо ги имам речиси сите маскари од орифламе ама немозам да си погодам, имам мнору ретки трепки ај пуштими ја да ја пробам
Пиши ми адреса одма ти ја праќам. И така мене ми стои неупотребена. Инаку, еве и јас имам ретки и мислев демек ова чешелчево нема да ми ги лепи, ќе изгледаат погусти, ама ништо. И братучедка ми која ја зеде: таа нема ретки како мене, погусти има, ама и нејзе и ги лепи. И двете сме незадоволни.
јас ја имам оваа http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=10782 единствено таа ми е уба, за моите кутри трепки пробај ја неа
Ма на мене све ми се свиѓа од орифлејм. А инаку за маскарата со четкичката погоре јас сум мн задоволна од неа.Преубава е
Мене па ниту една маскара од орифлејм не ми е убава , задоволна сум од сјајчињата и кармините , парфемите , кремовите за тело, за лице освен маските немам пробано ништо друго и не сум задоволна ме пецкаше лицето.
Женски има ли некој користено овакво лабело,убаво ли е,мрсничко и дали долго трае? Иии колку пари е кога не е на попуст?