1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оркански височини (Емили Бронте)

Дискусија во 'Книги' започната од Vitorija, 13 јули 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Оркански височини е името на еден стар имот кој се наоѓа на ветровитите мочурливи предели на Јоркшир, дом на семејството Ерншоу. Самата придавка „орканско“ (анг. wuthering) се однесува на бурно време. Во близина живее уште едно семејство, семејството Линтон. Господин Ерншоу, еден ден оди по работа во Ливерпул и на враќање носи дете кое живеело на улица во најлошиот дел од градот. Тој го посвојува детето, го прифаќа како свое и го нарекува Хитклиф.

    Ова ги менува сите работи, ништо веќе не е како порано. Почнуваат да се случуваат многу работи, еден синџир од настани кои ги уништуваат и двете семејства.

    Кетрин е вљубена во Хитклиф, но таа се мажи за младиот Едгар од соседниот имот и му го урива целиот свет на својот пријател. По неколку години, тој се враќа во Оркански височини, со единствена цел - одмазда.

    "Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна. .."

    Кои се вашите коментари за книгава... Според мене ова е одлично дело кое ќе ве натера во целост да се соживеете со настаните заради прекрасно доловената слика на чуства, емоции, мрачните страни на една личност и нејзината промена заради љубовта која ќе упропасти две души...
    Безвремена класика која раскажува за страста, поттиснатата љубов и суровите описи на психичкото и физичкото измачување...
     
    На Trnche, DeRose, XstrongerX и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Оркански височини-Емили Бронте

    "Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна. .."[/color]
    Не постои посоодветно и поавтентично објаснување на љубовта ,како што е тоа содржано во овие пет реда...
    Совршено.... беспрекорно ...овие неколку реда се дефиниција за љубовта.
     
    На Amelia, karenin, Ruby.rose и 5 други им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Оркански височини-Емили Бронте

    Ја имам читано одамна книгата. Ептен ми се допадна, една од омилените ми е. Најомилен лик ми беше Кетрин. Хитклиф на почетокот многу го сакав, ми беше жал за него.Но, потоа стана многу лош,дури и ме нервираше неговото однесување кон Кетрин.
    Се на се одлична книга,еден од најдобрите класици.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Оркански височини-Емили Бронте

    Vitorija, браво за темава :clap: !
    Оваа книга ми е една од омилените. Лани ја читав, ми беше лектира за на факултет и можам да кажам дека е прекрасна. Ја читав на македонски, но планирам да ја прочитам на англиски затоа што оригиналниот текст е подобар од преводот, кој баш и не ми се допДН многу. Но, книгата, сама по себе е прекрасна, приказна која сама по себе остава без зборови. Изобилува со прекрасни описи, чувства и емоции кои невозможно е да не се почувствуваат. Ви ја препорачувам да ја прочитате.
    Јас ќе коментирам пак откако ќе ја прочитам и на англиски.
     
    На Vitorija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Оркански височини-Емили Бронте

    Ја сакав книгава во средно ептен, но од денешна, малку позрела, перспектива можам да речам дека Кетрин и Хитклиф се многу самодеструктивни ликови што не знаат ни самите што сакаат од животот, патат од тешки комплекси и тие се самите виновни што не им успеа љубовта, незрели до недоглед али добро, можеби и нивната возраст не им дозволува повеќе, но факт, сепак трогателна љубовна приказна напишана на волшебен начин, мислам на самиот почеток кога ја читав делот со кираџијата кога му доаѓа духот на Кетрин во соба толку се занесов ми се причини кај мене гранки удираат на прозорецот. Описите и мислите што може да се најдат се непроценливи, тоа ме воодушеви повеќе и од самата содржина. И филмот го препорачувам (со Ралф Фајнс како Хитклиф)

    Мене и двајцата многу ме нервираат, а најмногу ми беше жал за Линтон (и братот и сестрата), толку чисти, неискварени души беа жртви на каприците на две дечишта. Ма колку да е нивната љубов величествена, не може да ги оправда за сета болка што им ја нанесоа. Ама и тие не се виновни, комплексите од кои тие патеа (едниов шо е малтретиран сирак кој нема ништо, а Кетрин шо сакаше по секоја цена да се омажи за богат човек) се резултат на тогашното општество кое е сепак малку лицемерно (гледале што има човек во џебот и семејниот албум па тогаш суделе за луѓето дали им се вклопуваат во шемата за почитуван граѓанин или отпадник).
     
    На Phyramide и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Преубава книга и уште поубава, навистина достојна филмска адаптација со Ралф Фајнс и Жилиет Бинош во главните улоги.
    Бев заљубена во делово во средно. Бев заљубена во начинот на кој е опишана суровата, англиска природа. Сурови, карпести, суви предели - сурови како самодеструктивните ликови на Кетрин и Хитклиф.
    До каде може да отиде човечката одмаздољубивост, деструктивна и себична љубов кон некого. Колку е возможно човек да претвори силна љубов во уште посилна омраза и одмазда и да стане свиреп и безогледен кон останатите.

    Мене од една страна ми беше исто криво за оние кои настрадаа заради каприците на Кетрин и Хитклиф, но од друга страна сега а особено тогаш кога ја читав книгата чуствував толку силна возбуда, што си реков, дека ваква љубов не знам дали реално може да постои. Гледате и чуствувате дека се нетокму и двајцата особено Хитклиф што дозволи да се навреди толку многу и никогаш повеќе да не и прости на Кетрин, но истовремено ве возбудува начинот на кој тие двајцата се сакаат - со силна страст која е вистински нагласена во книгата.

    Ремек дело и навистина преубава книга! Ах! Ме возбудивте со темава повторно :lol:
     
    На do-re-mi, tessie и Vitorija им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Книгата е преубава. Ја читав одамна, се стопив и ја прогласив за моја омилена на времето :D
    Заљубена тинејџерка :lol:

    Несекојдневна љубов, и како што спомна Пирамида - прекрасно претставување на Англија од 19тиот век.
    Кетрин е интересно изграден карактер за анализа, ама искрено мене ме нервира како лик.
    И таа, и речиси секој женски лик од тој тип во англиската литература.
    Имале обичај да ги прикажуваат како каприциозни, жени на новото време, на крај излегува дека сами не знаат што сакаат.
    Е сега има некои клишеа во романот - каприциозна девојка, груб и силен, неизделкан маж, и нежен мил богаташ :D
    Ама мислам дека овие клишеа се направиле дури после појавувањето на сестрите Бронте и не им одземам од квалитетот поради бледите копии.
    Во секој случај, книгите од модерната литература кои се пишувани по овој терк се чисто ѓубре, што никако не би можела да го кажам за овие женски книги од 19 век.
    Сепак, ова се впечатоци од одамнешно читање и не ми се многу релевантни.

    Иако помалку позната, Шарлот Бронте би ја ставила пред Емили, зашто Џејн Ејр е многу попосебна и ми е помила.
     
    На do-re-mi, ennaz и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Секогаш ме возбудувала помислата за Јоркширските села, за минатите векови, животот на луѓето што живееле таму и нивната облека. Па оваа книга ептен ми се погоди.

    Чуствував одбивност кон Хитлиф и Кетрин, посебно кон Хитлиф. Во еден рзговор за делото пишуваше дека Емили Бронте сакала да ја прикаже борбата помеѓу страста и разумот. И дека таа јасно ни покажувала дека е престрасна кон страста. Е за ова ич не се согласувам. Да било навистина така, немаше да дозволи да постои читател кој ќе ги мразе Хитлиф и Кетрин. ( сите знаевме дека Раскољников е убиецот, ама Достоевски направи да се потресуваме да не го фатат).

    Е сега ќе бидам контрадикторна и ќе кажам дека сакам маж како Хитлиф. Абре сакам маж, силен и вистински, ѕвер што се бори за своето. Да сум била на местото на Кетрин и јас ќе сум трчкала по него и ќе ронев солзи цел ден, цела вечер. Ама друго е кога си посматраш т.е читател. :)
     
    На blond.bunny, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Се срамам од претходниот пост полн ми е со печатни грешки. Ама ако се зеде фактот дека бев спиена само 2 часа, а цела вечер се налевав со алхохол...

    за да се искупам од печатните гревови ќе ја цитирам младата Кетрин: "Тој сакаше се да почива во мир; јас сакав се да трепери, да се искри и да игра во величествена прослава."
    Најомилената реченица од книгата.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    е баш од утре земам да ја читам :)
     
  11. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    24.457
    Не сум особа која сака да препрочитува книги, ама оваа дефинитивно ќе седнам да ја прочитам уште еднаш...
     
  12. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ја прочитав лани летото и дефинитивно книгата е преубавааа.Едноставно прекрасна книга, ме остави без зборови.
    Авторката ми се допаѓа по деталното опишување на ликовите и карактерот и надворешниот изглед а се разбира и описите на околината, на пејсажот.
    Мое големо изненадување беше смртта на Кетрин на половината од романот, се прашував како ли ке продолжи без неа. Ама Емили Бронте дефинитли знае како да направи добра приказна. :rock:
     
  13. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    Освен приказната т.е темата многу е необичен начинот на воведување на настаните како и нивното испреплетување преку раскажувачот/потстанарот и дадилката. Сепак прават една целина која трогнува.
     
  14. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Значи ја имам подолго време во мене книгата и незнам зошто не ме заинтересирала да ја прочитам.И пред некој ден почнав да ја читам и едноставно се изненадив од тоа колку е добра.Ме остави без зборови.Ја немам сеуште дочитано.Моментално сум до делот кога Кетрин ќе сака да се омажи со Линтон и едвај чекам да ја дочитам и да видам што ќе се случи до крајот :)
     
  15. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Во чие издание е книгава? - Бидејќи и јас ја имам подолго време дома (во издание на Утрински Весник - скратена верзија), неколку пати почнав да ја читам, но никако не можам да продолжам од толку што е досадна. |( Често слушам и читам позитивни коментари за истата и претпоставувам дека во мене е проблемот. :lol: :P

    Благодарам однапред. :)
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    "Сиот свет е смртоносен збир од потсетувања дека таа постоела и дека јас сум ја изгубил"

    Преубава книга. Најтажната љубовна приказна која некогаш сум ја прочитала. Иако ја имам прочитано многу одамна, ми се има врежано во сеќавањата
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Книгава прво ја читав негде во шесто, но не ја сфатив баш. Потоа ја читав негде пред две години и можам да кажам дека мислењето сосема ми се промени.

    Целата книга има некакво значење, почнувајќи од насловот, имињата на куќите, па до имињата на карактерите. Самиот наслов на книгата значи бурно време, а името Хитклиф значи карпест предел или опустошеност, што сосема прилега на главниот лик.

    На почетокот сочувствував со Хитклиф, со тоа што беше сираче, со неговото минато, што мораше да ги трпи каприците на Кетрин, што мораше да живее со се што му направи... Но кога се врати како господин во вториот дел, со само одмазда на умот навистина ме изнервира. Ме разгневи тоа што заслепен од одмаздата не мислеше колку зло им нанесува на другите. Не му беше гајле ни за сопствениот син, ни за жената со која се ожени...

    Кетрин ме нервираше во текот на целата книга. Неодлучна, каприциозна, како го избра социјалниот статус пред љубовта. И покрај нејзините зборови дека таа е Хитклиф, дека се едно, една душа, се омажи за статус.
    Сепак, книгава не верувам дека ќе остави некој рамнодушен, со толку емоции, со таква љубов. :)
     
    На 1209 и tessie им се допаѓа ова.
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Половина година ми седи дома и невино ми трепка. Да те читам, да не те читам.
    Не сум знаела дека е толку добра, обавезно ќе ја прочитам.
     
  19. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Следна книга за читање ми е дефинитивно оваа. ^_^

    Јас дома ја имам во издание на Бисери на светската книжевност (од Дневник и Утрински весник) и има 315 страни.
    Дали знаете дали оваа е скратената верзија или не? :?:
     
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    ^ И мене ми е од Утрински Весник/ Дневник. Мене баш ми е интересна, стасав до негде 40та страна :tmi: и не можам да продолжам затоа што ја заборавив кај баба ми во Крушево. |( :@ Али еве, Кетрин во почетокот не ми беше толку каприциозна и злобна колку што ја направивте. Имав за неа слика како за мистериозна жена, која не дозволува некој маж да ја дисреспектира, пред таа него. Мислењето ми се смени после раскажувањето на слугинката. :geek:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.