Оркански височини (Емили Бронте)

Дискусија во 'Книги' започната од Vitorija, 13 јули 2011.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кога прв пат го гледав филмот на таму некаде 15 или 16 години кога сум била, неизмерно им се восхитував на љубовта. Се занесував дека еден ден ќе ги посетам тие висови. Но после десетина години ја прочитав книгата, и воопшто не ја видов таа неизмерна голема љубов на истиот начин, со истите очи, туку најдов во книгата нешто спротивно, бедно.

    I found a Lapwing's nest at Peniston Crag when you were away. I waited every day for a sight of you...coming over the moors. But you didn't come. So I put a wire mesh over the nest, and all the littIe ones died when they hatched.

    Овој дел ми пробуди посебен гнев спрема две самобендисани, себични, сурови и недораснати луѓе.
     
    На karenin и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  2. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    Kога ми ја донесе мајка ми најпрвин насловот некако не ми изгледаше примамливо,но кога почнав да ја читам толку ми стана интересна што несакав да се одвојам од нејзе.Сето тоа дејствие во книгата ме примамуваше до толку што секаде си ја носев со мене во ташна :) и секоја слободна секунда ја користев како шанса да прочитам некоја страна.Книгата е многу убава,ви препорачувам без многу размислување доколку ја немате прочитано да ја прочитате нема да се каете за одвоеното време ;)
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517

    И јас ја имам таа ;) Не ти треба скратена верзија, верувај ;) Секој опис е многу убаво прикажан. Психолошката одлика на ликовите ќе ја најдеш низ нивните дијалози кои воопшто не се досадни ;)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Јас ја имам на српско-хрватски, издание на Народна Књига од 1973 година и баш проверив има 454 страни.

    Воопшто не би ме чудело да е изданието кое го имаш скратено (не тврдам со сигурност бидејќи не ја знам големината на фонтот и на страниците), последно време издавачите се повеќе изработуваат вакви скратено-осакатени изданија на кои им фалат стотици страници и ова искрено навистина ми создава огромен револт! Не знам и не сакам да знам кој им е методот на одлучување за тоа кој дел ,,не е вреден,, за печатење од оригиналот!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Јас ја имам оригиналната верзија на англиски и книгата има 250 страни. Е сега, фонтот е мал, страниците слаби... ама сметам дека таа македонската верзија не е скратена.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    386
    Сум ја имала книгава дома кој знае од кога. Уште од времето татко ми кога бил млад. Цел комплет се со уште неколку убави наслови. Случајно денеска ми падна во очи и зедов пребарав на интернетов нешто за неа. И на нашава Фемина си најдов и повеќе од очекуваното. Дефнитивно не ја испуштам од раце деновиве :)
     
  7. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна книгата, ја имам прочитано веќе еднаш, па ми ја украдоа и пред некое време ја купив повторно и почнав пак да ја читам. Според мене, најмногу емоции се слеани во моментот кога Хитклиф ја проколна Кетрин нејзината душа да лута по лицето на земјата, бидејќи тој ја повредил, и никогаш да не му даде мир. Ме расплака при првото читање, а и при второто. Незаменлива !
     
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Толку многу ми се допадна книгата што и проектот за матура ми беше баш за неа.
    Филмската адаптација со Tom Hardy е феноменална ( мини серијалче од 2 епизоди).
    Топло ја препорачувам на секој што ја нема прочитано, да ја прочита ама на АНГЛИСКИ!!
     
  9. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Многу добра книга. Ја прочитав преланското лето кога завршив осмо. Уживав додека ја читав, по јадење, пред спиење, преку ден абе цело време на неа мислев додека ја прочитав.
    Ме изненади тоа што Кетрин на средината на книгата умре. :| Се прашував како ќе заврши книгата без главниот лик ама Емили Бронте дефинитвно знаела како да направи добра приказна.
     
  10. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Ја обожавам книгата :) :)
     
  11. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Ептен касно ми текна да одговорам,ама дури сега видов дека си ме прашала. :tmi:
    Иначе и мојата е во издание на Утрински Весник.И почнав да ја читам по втор пат,ама сега некако досадна ми е. :^)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја читам, стигнав некаде до 60та страница, треба да седнам и да ја дочитам зошто ме заинтересира.
     
  13. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Според мене ова е една од најубавите книги на сите времиња
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Абе толку пофални критики прочитав и слушнав и тоа од луѓе кои навистина се разбираат од литература! Се изнаслушав за таа љубов меѓу Кетрин и Хитклиф, за таа нивна љубов која го надминува физичкото! Ми велеа дека е роман во кој е опишана најсилната и најстраствена (воедно и платонска) љубов меѓу двајца!
    Од сите тие муабети премногу очекував од книгата. Премногу!

    Е сега или сум јас изрод, или сите останати се во заблуда, ама книгава не ми беше ништо посебно. Ја дочитав пред некој ден во оригинал, лесно, брзо се чита, ама не ми беше воопшто ВАУ!
    Ова издание го имам, си ја купив од тезгите со стари книги по улица Македонија.[​IMG]
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав пред извесно време.Не ме заинтригира искрено кажано.Очекував некоја таква содржина.Единствено не е по мој вкус затоа што има премногу заплети, и тоа поколенијата па повторувањето на настаните ...too much.Да се збуни човек.Но била добра, штом ми го задржа вниманието доволно долго за да ја прочитам.Затоа што обично така им делам критики на делата јас, ако сум ја забаталила во некој ќош со бележана страница со недели - не чини.А оваа спиеше до мене и идеше со мене.
    Сакам љубовни приказни а и башка се пронајдов во детинестиот инает на Кејт кој доведе до неславно фијаско на нејзината животна сторија.Кукаше,кукаше и си умре кутрата :|
    А кутар Хитклиф клет е, ама најизвитоперено заљубен фиктивен лик е кој сум го запознала.Многу ја сака, ама нема што да направи со таа љубов откако ќе ја снема неа :^

    Ах и ќе заборавев..претерано многу лигајчари има, незрело однесување во книгата.Можеби затоа што љубовниците редовно се малолетни, во повеќето случаеви едвај излезени од пубертет.Мислам дека авторката претерано сериозно го зела тој факт,возраста нивна па ја претерала во нагласување на човечката незрелост во тој период од животот.
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.278
    Хипи, јас тие книги што ги имам читано од Пингвин букс се со упростен англиски, можеби и твојата била таква, па затоа не си ја доживеала како што треба :wasntme:
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Не знам Сеси. Сум го среќавала англискиот во секакви форми и прилично Викторијанска ми делува верзијава.
     
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Првите два-три дена од новава година ги поминав читајќи ја книгава на српски, можеби е поради тоа што е во оргинална форма со сите детални описи ама едноставно неможев да се одделам! За мене е супер! :inlove:
     
  19. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам книгава! Ја имам прочитано неколку пати....и баш сега убаво ме потсетивте да ја побарам на англиски јазик. Ги имам изгледано и двете верзии на филмот по незнам колку пати и секогаш ме оставаат без здив :)
     
  20. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Колку сум тавче ! Книгава вторпат ја купив сосема изумив дека ја имам од утрински...таратур ! Ќе се најде за поклон :lol: