Уште во средно сосем случајно ја гледав оваа верзија и се заљубив во приказната, за мене останува најдобра филмска верзија и покрај тоа што е стара. Книгата ми е една од омилените, иако првпат кога ја читав не ми беше јасна романтичната љубов меѓу први братучеди, подоцна сфатив дека кај нив било нормално.
Колку само сум плачела,колку реалистична глума,на видео касета го имав дури снимено ,па повторно гледано. Иначе Хитклиф и Кети не се братучеди,ако на нив мислеше.Хитклиф е донесен од на улица од страна на татко и на Кети.
Од муабетов, и мене ме фати мерак да ја препрочитам книгата. Читана ми е како дете, дали бев средношколка не знам, навистина одамна беше. Ама би ја читала пак. Си ја најдов како бесплатна e-book на Амазон, ја симнав на Киндл. Ќе оставам линк ако уште некој сака да си ја симне. https://www.amazon.com/gp/product/B077711TRG/ref=kinw_myk_ro_title
Ја препрочитав на македонски пред пола година можеби. Има јако изразување писателката, а и самата книга има јака атмосфера која те држи до сам крај.