Да редовно го носев во филип фтори и немаше никакви проблеми..Само што прооде ја скрши ногата и не бев забележала но одкако го извадија гипсот и почна да оди убаво заблежав..Инаку во филип ми препорачаа ортопедски а аптекарката ми рече дека е мал за ортопедски..Сепак ке побарам и друго мислење
Какви обувки им ставате на дечињата кога ќе ги ставите во дубак. Дали треба некои ортопедски и кои би ми ги препорачале.
Мислам дека најдобро е босо. Ако не од kegi за проодување. 1390 денари беа има во рамстор на прв кат.
Ортопедски обувки не се користат ако не е препишано од ортопед. Во дубак и за проодување само босо по дома
а кога веќе ќе прооди нели можи да се купи ортопедски ..нели се подобри , цврсти се не се витка ноже .. или не треба да се зимат ич дури не каже док ..
Може анатомски. Ортопедски се обувки за ноџиња со проблем. Обувките е битно лесно да се превиткуваат во ѓонот и да се лесни
ааа ок фала многу во право си.. ми беше збунувачки наидував на различни мислења , а не сум навлегла поеќе да видам што е причината , што е мн јасно , зашо ние носиме бараме орт кломпи, обувки оти имаме пр исто иде и за нив..
Majki kakvi obuvki i od kade im kupuvavte na vasite malecki za prooduvanje? Vnatre bosi sme ama za nadvor ni trebaat
незнам дали е за тука прашањето? дали и до кога се купуваат анатомски обувки како од кегги, дсм ортопедика и сл.? дали му купувате патики а да несе анатомски? бендисав едни од адидас па незнам дали да ги купа,?
Цело време и купувам адидас/ најк/ конверс патики на големата (3 год). Не сум имала проблем со стапалцата. Ама ако ти е шубе земи влошки за во патичињата, мислам во Кеги се купуваа посебно само влошки. Ама јас не сум ставала.
Нас ортопед ни рече обувките што ги носи по дома да се со влошка, тие за надвор не се толку битни зашто не е многу време во нив. Јас патики купував од било која фирма и ниту едни од нив немаат анатомска влошка и не е проблем. Чевли купувам од ДСМ, Кеги, Бамбино, Цицибан. Кеги немаат исто анатомска влошка (рамно е внатре), Цицибан, ДСМ, Бамбино имаат.
Зашто? Па ортопедиве нели се за анатомски, лесни, флексибилни и меки. Нашиов Тони ортопед па напротив кога му спомнав за на Кеги рече супер само да немаат перниче тврдо, да се анатомски и лесно да се превиткува долниот дел да не се тврд ѓон. А Кеги ептен иновативно го смислиле ова со патентот зашто многу полесно им се облака кондурчето и петата убаво влага и легнува. За разлика од овие другиве шо ги имам дома ептен тешко дур му пикнам стапалцето. Па и зашо му се буцкасти стапалата и кај глуждот, ептен тешко му ги облакав. Овие на Кеги ми се спас. Сеа ме замисли зашто ортопедот така ви кажал... Кој ви е ортопед?
Nas ortoped e Antonije Hadzi Antovski, od ragjanje do den denes sme kaj nego, redovno. Spored nego obuvkite treba da bidat lesno svitlivi kaj prstite, a pozadi kaj petata cvrsti za da se drzi petata cvrsto ne da santra levo desno zosto petata e ustvari potporata na teloto, a decata stotuku prooduvaat i nemozat da ja drzat cvrsto sami. Plus patentot na sredina (iako e polesno za oblekuvanje) ne ja ovozmozuva potrebnata potpora na stapaloto. Vloskata ne treba da bide ortopedska zosto taa e samo za bolno stapalo t.e e medicinsko pomagalo i ne treba da ima pernice na vdlabnatinata na stapaloto od vnatre (sto na kegi imaat) zosto so toa pernice na taa vdlabnatina na stapaloto dokolku se nosi podolgo vreme se sozdava topce na samoto stapalo, mozete i sami da primetite ako go fatite ubavo stapaloto na deteto i go zagledate na toa mesto (cesto i nie vozrasnite imame bas od vakvi vloski), ne e nisto strasno ama sepak zosto da go ima koga moze i da go nema so izbor na dobra vloska neli. Goleminata na obuvkata sekogas ja odreduvame so toa sto ke ja izvadime vloskata i na bosa noga na deteto ja merime sekogas treba da ima barem eden nas prst napred lufta zosto deteto neznae da ni kaze deka go stega pa vaka ke ima prostor da gi drzi prstite napred ispraveno a ne svitkani kako koga ni e mala obuvkata. Na sekoi dve nedeli treba vaka da se proveruva goleminata zosto brzo gi rasnat obuvkite i nesmeeme da dozvolime da odi so mala obuvka i da go stega. Ova mi se soveti od nego dadeni i sekogas gi praktikuvam. Eve tuka ima mnogu dobro objasneto nekoi raboti a i na fb na stranata od negovata ordinacija ima isto taka mnogu korisni materijali pa koj saka moze da pogledne. https://panacea.mk/d-r-hadhi-antonovski-po-doma-detsata-treba-da-odat-bosi-ne-vo-obuvki/
Кои обувки ви ги препорача? За обувките на цицибан да не има споменато нешто? Наа ни рекоа како на Софи што и објансиле...сосема меки обувки не спомнаа кај стапалото потврди...
Ne e bitna firma tuku da se zapazi standardot da se vitkaat kaj prstite a kaj petata da se cvrsti i vloskata da e ramna ne so pernice od stranata kaj vdlabnatinata na stapaloto. Sekade ima jas najcesto kupuvam od skechers i sport vision kids, a moze i duri vo mat star i outletive da se najdat.
Те отупев извини. Најк, адидас и сл се баоѓаат модерни а по стандардот? Мене ептен не ми се допаѓаат сосема мекине од кеги ...и е знаев какви си чекав дека секако е рано за нас..
Ме испаничи жено со ова со топчето. Проверив кај сите дома и ниту еден од нас нема такво топче. И малиот и ние носиме обувки со такво поддигнато перниче. Е вчера кај нас беше братучедка на маж ми со рамни стапала и таа има такво топче. Не знам што е работата.