@wannaBeMomma, @blessed.an гледам сте пишувале на темава, што бидна носеа ли дечињата ортопедски обувки и се коригираше ли стапалото? Кај мене малата е точно 2 години и ги врти двете стапала навнатре кога гази. Ја носевме на приватно на ортопед пред 4-5 месеци и ни даде совет да и ги облекуваме чевлите наопаку и да не седи со нозете под неа, до 3 години не се давале помагала, бидејќи се поправало некогаш само од себе. Ама во мисла бевме оти и многу лошо трча ги фрла нозете некако настрана и конечно најдовме термин за на државно денес, а таму друга приказна. Ни препиша ортопедот твистеров апарат плус ортопедски чевли. Сега не знам што да правам, ќе ги земеме ваљда ама не верувам дека ќе сака да го носи тоа чудо оти она е ептен темпераментно дете, а помагалово има сајли од половината надоле до чевлите за да и ги држи нозете исправени. Плус сред лето на жештиниве и на голи нозе тие сајлите може ќе ја стругаат.. Стварно не знам дали би имало подобрување од тоа или џабе ќе ја малтретирам од сега.
@lady.N исто мислење ни дадоа дека до 3г не се дава ништо Керка ми сега има 6г и 2месеци и супер си оди нема никаков проблем Не носевме ништо само од себе се среди Сепак вие најдобро си знаете за свое дете
Го носеше ли девојчето апаратот што ви го препорача ортопедот, и ортопедските чевли? Дали и се исправија стапалата?
Не носевме, бевме на други мислења и не беа сите за да носи па се одлучивме да не ставиме. И се исправија ножињата сами.
Мојот со едната нога одеше навнатре малце му се корегира ноџето. Сега одреден период оди и на корективна гимнастика па супер му се нозете. Од обувки строго само нормален број земај да нрма многу луфта и да бидат лесни. Со потешки паткки и чизми не знаат да одат или ги влечат нозете или ги фрлаат како што викаш ти.
Да, истото го приметив и јас со обувките, најчесто земам скечерс во нив најубаво оди. А од која возраст го пуштивте на корективна?
Да ви се вмешам во муабетот ако не е проблем Каде оди на корективна гимнастика? И колку пати неделно по колку време?
Од каде зимате ортопедски обувки за рамни стапала за возрасни? Јас земам од Славеј ама не сум задоволна, џабе фрлени пари. Ниту мерка зимат, ништо. Само дават патики да пробаш и тоа е тоа еве сега цела сум со рани.
Ново ми е ова па да си прашам. Лани немав потреба да бирам да речам. Има ли чизми ортопедски и до кога најкасно би можела патики да му облакам?
Искуство со збиени прстиња кај мало дете? Прооден е од неполни 11 месеца, сега е 1 година и 3 недели. Освен последниве неколку недели како е потопло времето, претходно речиси воопшто не носел чевли. Сум му ставала чизмички ако шетаме надвор да не му е ладно, ама буквално дали 5часа вкупно поминал во одење со кондурчиња. Се е дома бос или со чорапчиња. Дебело бебе е и повеќе чевлички не го собираа. Не влегува стапалото, не го собира во висина. Носеше чизмички од К&К, сега патичиња адидас, двете преку 1,5см подолги од стапалото зошто помал број не го собираа. Ми личеше дека во ширина му се во ред, само одозгора има повеќе мевце и не можев да му ги облечам. Можно е за толку краток период, за неколку недели, да му се збијат прстињата, дури и со краткотрајно одење со патики? Или едноставно таков е генот, зошто на интернет читам едноставно е наследно, иако немаме ни јас ни татко му таков проблем? Да барам специјални широки чевли? Закажав на ортопед, ама далеку е терминот. Сега го приметив пред некој ден дека и слободно кога лежи така го држи второто прсте, над палецот и третото прсте, претходно не сум приметила. На мисла ми е да не стане уште полошо за следните неколку недели додека одиме на проверка, а сега веќе секој ден сме надвор, не можам да не му облечам патики.
@Spidy дефинитивно немаш простор за паника. Уживајте во убавото време. Нема шанса да му се створи проблем за толку кратко време. Ќе видите што ќе речат на лекар и да има проблем дефинитвно се средува со носење специјални обувки кои ќе ви ги изработат по мерка. Немам искуство за збиени прстиња, друг проблем имавме што се реши со обувки.
Barefoot обувки купувај му, тие се широки напред кај прстињата. https://k-k.mk/category/barefoot-bosi-obuvki https://zdravistapala.mk/product-category/obuvki/detski/patiki/
Овие ги гледав широки се напред https://www.dsport.mk/deca/obuca/za-bebe-0-4/patike-grand-court-2-0-cf-i-ftwwht-cryjad-clpink-ih4884 Оф топик малку ама и физички ептен ми се виде цврста подлогата на овие (за Адидас), а баш сакав за ќерка да земам. Ме убедуваа дека ова е нов тип одобрен за мали, со воздушни перничиња. За ортопедски чевли, со потврда од ортопед се земаат, така? Само во Славеј има?