Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    10.903
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, а со оглед на тоа што на нашите ортопеди не им се совпаѓаат размислувањата пожелно би било да ја има темава за да можеме да си ги споделиме личните искуствата.

    Кога мојот син имаше 2 месеци го однесовме на првиот ортопедски преглед во Букурешт.
    Докторката рече дека наодот е уреден, колкчињата се во ред и ни препорача широк повој и вежби до следна контрола (по два месеца)

    На 5 месеци ја направивме втората контрола. Повторно во Букурешт кај истата докторка.
    Наод уреден, колкчиња супер, никаква препорака за широк повој и вежби немаше овојпат, само препорака да не се форсира седење и да не се користи дубак.

    Сега, на 7,5 месеци отидовме на приватен ортпед.
    Наод уреден, колкчињата се супер, јадренцата зрели. Бебушко подготвен да седи самостално. Потскокнува веќе два месеци со ноџињата, се првртува од грб на стомак и обратно.
    Препорака: Користење на дубак, никако да не му правиме вежби, воопшто немало потреба од широк повој и што почесто да го оставаме на земја со играчки како би се трудел самиот да ги дофати, да се преврти, да се исправи, да седне и се што следи пред фазата одење.

    Дубак, вежби, широк повој.. Прашања на кои добив различни одговори!
    Верувам дека не сум единствениот родител кој е во недоумица кого да послуша и како да постапи?
    И зошто ги носиме децата на ортопед кога на крајот сме оставени самите да си донесеме одлука како да постапиме?
     
    На sunmoonstars и ines.h им се допаѓа ова.
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.966
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано некаде, ама дека е посебна тема ќе се повторам.
    За син ми во филип втори одевме на ортопед , фала му на Бога се беше во ред, стандард препораки за вежбички и оставање на земја како што пиша Јагода. Во однос на дубак ни рекоа може ама да не претеруваме. И искрено го остававме во дубак и беше во ред и е во ред детето.
    Ќерка ми на прв преглед во Букурешт бевме кај др.Лидија Митревска мислам дека беше, на 2.5 месеци. Наод уреден, развиени јадра, не треба широк повој, само вежби.
    Лето одмори фатија па вториот преглед ни беше на 5 месеци , овој пат бевме на приватно кај др.Темелковски. Сакав второ мислење и наод уреден, развиени јадра како за поголемо бебе од 5 месеци, бидејќи од 4 се превртуваше од стомак на грб и обратно рече порано ќе прооди- дај Боже, ќе видиме:) за дубак ни рече не препорачуваме, иако нема штета од малку. Дубакот бил за родителите, ако веќе користиме нешто тоа да биде џампер или дубак со џампер ( не мора за на врата од тие) или закочен дубак.
    Јас искрено ја ставам во дубак неколку пати по 20 мин,оти сака да скока. Не можам цел ден во раце да ја држам за да скока.
    Бидејќи втор преглед ни беше на 5 месеци, третиот ни го закажаа на 9 полни. Планирам да си кажам дека ја оставам во дубак.
    По мене кај деца со неразвиени јадра треба да се внимава а секако и ние да не претеруваме.
     
  3. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    411
    Што се однесува за широк повој јас и ставав на малата до 5-6 месеци и покрај тоа што наодот беше уреден, јадренцата супер уште на првиот преглед – ама некако јас се осеќав посигурно кога ја држев во раце кога на себе имаше широк повој.
    Искрено во ред ми е да не ставиш широк повој доколку сте прегледани и се е во ред по препорака на доктор, ама не на своја рака пред направен преглед затоа што пример ``комшивката не ставала широк повој на бебето``, а прегледот да се направи што поскоро - заради тоа што доколку нешто не е во ред со ортопедски помагала и широк повој ќе се среди.
    Дубак не користев по препорака на ортопед, освен тоа маж ми има мала лузна на челото која е последица од дубак. Немав ни потреба од дубак бидејќи малата многу брзо почна да лази, не се сеќавам точно околу 6-от месец па беше како Ќичо.
    А за вежби Видоевски ми е цар, многу помогаат на детенцето да научи како да стане, да се сврти и да ги помине сите развојни фази по ред. Ние пред да отидеме кај него бевме два пати во мајчин дом они никакви вежби не покажуваат. Внук ми го носеа кај физиотерапевт бидејќи за време на бременоста на сестра ми беше карлично поставен и мораа да му прават вежби за вратчето па физиотерапевтот им имаше покажано и неколку други вежби кои според мене се одлични и совет да се става бебушот на стомаче да лежи (на почеток по неколку минутки) веднаш по паѓањето на пупачето така си ги вежба грбните мускули.
     
  4. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    226
    Првиот преглед на ортопед ни беше на 2 месеци.Малата се роди крај на мај, беше топло и решив да не и ставам широк повој.На преглед се помина добро, и колкчињата развиени, не посоветуваа, научивме вежби и секако бевме презадоволни од третманот на докторката кај Видоевски. Вториот преглед го направивме на 5 месеци, овојпат кај докторот, исто се беше во ред. Ни препорача кош за играње и џампер оти малата како што расте не сака да седи веќе во релаксатор, ниту да лежи, сака цело време исправена. Имам мака зашто јас по цел ден сум сама со неа и нема кој да ми помага, сега е 6 месеци и во фаза е на тркалење, седи ама уште не е стабилна. Ја ставам доле на под, си поигрува 5 минути и ме бара, кенка. Ја седнувам, си ужива ама бидејќи нестабилна цело време треба да сум под надзор. Видовме нема друго чаре, купивме денес дубак. Пред некој ден, друга мајка ми вели го носела на лекар кај Видоевски малото 6 месечно синче, нејзиното дека дебелко па потромаво, докторот и препорачал џампер или дубак. Самиот рекол дека не е за дубак ама повеќето родители не се во можност да купат џампер кој е дупло поскап од дубаците па иако многупати рекол да не се користат дубаци родителите купуваат, најповеќе оние кои немаат помош околу детето па дубакот е одлична можност да си завршат нешто работа по дома. Секако нагласил дека не треба да се остава долго време детето во него, туку по неколку пати на ден ама кратко.
    И баш држи вода муабетот на Јагода, ќе ја цитирам "зошто ги носиме децата на ортопед кога на крајот сме оставени самите да си донесеме одлука како да постапиме?" Баш така, на крај се се сведува ние сами да одлучуваме, според потребите и побарувањата на нашето бебе.
     
    На lovely.lady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    6.527
    Пол:
    Женски
    Кога се прави првиот ортопетски преглед? И ако може некој да сподели искуство за Видоевски? Сакам да ја носам таму малата, но кога ме отпуштија од породилно педијатарот ми рече дека он и уште еден педијатар во СК се против широк повој. А јас и ставам :^)
     
  6. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    411
    Kolku poskoro tolku podobro, vo stranstvijata im se pravi uste vo bolnica vednas posle ragjanje, kolku porano se proveri tolku pobrzo kje moze so pomos na ortopedsko pomagalo da se koregira problemot. kaj nas pri otpustanje od bolnica ti davaat livce za pregled na 2 ili 3 meseci ne se sekjavam, taka nesto bese. Vidoevski spored mene e ok bidejkji toj ti gi pokazuva vezbite, kazuva deka sirokiot povoj nema potreba da se nosi, bidejkji dokolku ima nekoj problem so kukcinjata toa nemoze da se koregira so sirok povoj tuku so pomagalo.
     
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    10.903
    Пол:
    Женски
    На два месеци!
    Закажи си што порано бидејќи за термин многу долго се чека (на државните клиники мислам)
    Кај Видоевски ние бевме последниот пат (немавме закажано) не прими докторката, за кај докторот требаше повеќе да чекаме. Јас сум задоволна од времето кое го одвои докторката за нас, посветеноста, прегледот и љубезноста.
     
    Последна измена: 13 ноември 2014
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  8. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    2.001
    Пол:
    Женски
    Ние го носевме малиот во Неуромедика кај др Тони Талевски. Јас сум презадоволна од докторот како професионалец и пред се како човек. Широк повој не ставав и докторот ми го потврди она за што мислев дека нема потреба да ставам. Ако има некиј проблем, тој не се решава со широк повој, туку со ортопедски помагала. Го гледаше на ехо, му ги провери ножињата и рече дека е се во ред и нареден преглед би бил на 6 месеци.
    Јас сама одлучив дека нема да ставам широк повој и покрај препораката на докторката во Букурешт и воопшто не се каам за тоа, посебно сега после втората вакцина. И покрај уредниот наод од ортопед и неговото мислење дека нема потреба од повој, таа упорно тврди дека треба да му ставам за превентива. Незнам дали затоа што имам исти став со доктор Талески околу широкиот повој и околу дубакот, јас стекнав доверба во него и иако се доплаќа и понатаму кај него ќе го носам син ми :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    17.879
    Пол:
    Женски
    E tuka vo italija na malava i pravija koga se rodi,mislam prvi mesec ni kaza se e vo red ama jas iskreno veke pocnuvam da se grizam.
    Rodeni sme pred vreme inaku sega ke imavme 8 meseci a za dve nedsli ke pravime 10.
    Malava seuste ne lazi ne ni zastanuva na noze,labava e,se vrti se prevrtuva za sekunda mi bega niz dnevnava ama so vrtejne,nozete i se labavi ja podigam da zastane na noze a ona samo si skoka uste celo neodze ne go stava samo na prsti.
    Na kontroli ni kaza se e vo red ama majka kako majka se grizam :|
    Pobarav od fizoterapistata da pravime nekoi dvizejna pa ni zakaza za nekolku dena a moze i mesec ke pomine.
    Imate li nekoi videa da ja vezbam jas na malava za da lazi i da zastanuva na noze?
    Iskreno ne sakam da ja teram so sila se do sega sama koga i ide sama si pocnuva ama ponekogas sakam nekoi novi potezi dvizejna da i pokazuvam nekoja mala gimnaskita da i pravam.
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.521
    Допаѓања:
    35.233
    Пол:
    Женски
    Ние касневме...Прв пат закажавме на два месеци, но термин добивме кога бевме скоро 4 полни месеци. Во Мајчин дом веројатно на сите им даваат препорака за широк повој па така и мене да ставам до шест месеци, а следниот преглед ни е закажан кога ќе имаме 7 и пол месеци :(
    Колку наплаќа Видоевски? Незнам дали да чекам до наредниов термин или да ја носам приватно... На првиот преглед наодот беше уреден но рекоа нема уште развиени јадра, што искрено не ни знам што значи :?: Ќе мора да Гуглнам...
     
  11. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    35.230
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу лошо искуство со Мајчин Дом. Прв пат отидовме на ортопед во Мајчин Дом кога малата имаше два месеца и кога ме праша докторката дали во фамилија имате проблем со кукови јас и кажав дека од страната на мм имаат проблем и одма приметив како изреагира докторката и уште невидено на ехо она заклучи дека и детето мора да има некој проблем. Кога не виде на ехо ни кажа дека со десното колкче има некој проблем и ни даде еден месец да носиме покрај широк повој со три тетра пелени и едни ортопетски гаќички и јас така направив. После 3 дена отидовме на второ мислење кај доктор Видоевски и човекот кога ја погледна на ехо ни кажа дека двете кукчиња супер се развиваат и нема потреба ништо да носи малата, ама јас од пусти срав продолжив да и ставам широк повој и ортопетските гаќички. После еден месец пак ја однесовме во Мајчин Дом на контрола и докторката ни кажа дека има подобрување ама уште да си продолжиме со широк повој и ортопетските гаќички и контрола за еден месец. Мене веќе не ми се малтретираше детето со тие гаќи и отидовме на трето мислење во Систина. Таму кога ја виде докторката на ехо ни кажа дека не гледа никаков проблем, се си е во најдобар ред со кукчињата и тогаш решив веќе да не и ги ставам тие гаќички само до кај 5.5 месеци да и ставам широк повој со две тетра пелени. Од тогаш заклучив дека НИКОГАШ ПОВЕЌЕ МОЈА НОГА НЕМА ДА СТАПНЕ ВО МАЈЧИН ДОМ. На почеток на Декември сме на редовна контрола на Видоевски и понатаму се кај него ќе си одиме на контрола. Извинете на долгиот пост ама морав да си го кажам моето искуство од Мајчин Дом, детето од здраво право ми го направија болно затоа што во фамилија било тоа наследно.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    15.824
    Допаѓања:
    228.681
    Пол:
    Женски
    Може ли бр од Видоески?
     
  13. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали кај Видоески или кај Темелковски сепак одлучив за Темелковски,наредна недела сме првпат пред да направи 2 месеци ќе ви кажам како сме задоволни,иако доста го фалат 1000 ден.преглед со ехо чини
     
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    10.903
    Пол:
    Женски
    02/ 3 214-076 и 070/ 235-138 071/ 350-605 Ортомедика, Видоески
    Овие броеви ги најдов на интернет, инаку нас за прегледот ни наплати 1400 денари
     
    На Kitten и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    35.230
    Пол:
    Женски
    И нас 1400 ден. ни наплати и тие се броевите што Јагода ги напиша.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    338
    гирл не се грижи воопшто бебушките ни се тука некаде синко на 21 ке прави десет месеци ама е роден по редовен термин до скоро никако не застануваше на нозе кога ке го кренев тој одма клекнуваше за сега сам да се исправа ке се фати за нешто и оп се исправил така да кога детето ке се осети спремно ке си застане на нозе само не форсирај ти со сила,а за лазење еве и синко не лазе не постои правило дека секое дете мора да лазе некое одма проодува прескокнувајки го лазењето,нас новитеет од пред некој ден ни е тоа што сам од лежечка положба станува и седнува без никаква помош.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    16.898
    Пол:
    Женски
    Јас ја носам малата кај Темелковски. Супер си е докторот. А и ептен ми е блиску, позади зграда што се вика. Широк повој немам ставено ниту еден ден, па супер сме си. Пу, пу, пу.
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    17.879
    Пол:
    Женски
    Ubavka ti blagodaram sto pisa :)
    Znaes majka se grizi ;) za lazejne ic ne mu ja mislam ama za soejneto na noze me zagrizuva oti kako sto kaza ispravija i odma si kleknuva,nie na 26 mesecov ke pravime 10meseci :)
    Mi olesna iskreno so odgovorot tvoj :) mn ti blagodaram.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. devojce321

    devojce321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    37
    Ние бевме првпат во Филип Втори кај Сасо Младеновски има ли некој искуство,добар пристап ,убаво објаснување за состојбата на бебето ,презадоволна сум
     
  20. zuto

    zuto Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.102
    Допаѓања:
    19.001
    Ај да го кажам и јас искуството од нашиот ортопедски преглед. Траеше едно 10 минути сосе облекување и соблекување на малиот. Значи едно 3-4 мин. докторката одвои за преглед и совет (ако тоа може да се нарече совет). Ми препорача наместо 2 да давам 4 капки Д3, образложение немаше. Се си е во ред, ама давај по 4 капки. Другото е исто како првиот пост од @Jagoda123 - наод уреден, да не се форсира седење...само за дубак ништо не кажа.
    Да не зборувам за пристапот, во полициска станица се пољубезни, да ти е страв да прашаш нешто. Бебе сонливо уште сабајле во 8, стана и се уплаши кога ја виде и почна да плаче. Таа запнала да оди и нормално, син ми не направи ниту еден чекор. Реакцијата беше: Ај мајка, земи си го, контрола за два месеци.
    П.С: Не сум некој што очекува премногу ниту пак сум некој "плукач", ама стварно се почувствував како избркана.