мајки предложете ми добар ортопед,4 месеци сме треба да го носиме на редовен ортопетски преглед.Го носевме кај Каличанин во систина ама немаат термин.Предложете ми некој
Леле јас незнаев дека треба и на 8-9 месеци пак да се однесе на ортопед. Јас прв пат кај Антоние ја однесов на 6 месеци, кога почна да седи тоа ни беше втор преглед на ортопед следно ми рече откако ќе прооди да ја однесам на преглед
Мислам дека и нам не ни рече пред проодување, но онлајн каде што се закажува, таму прочитав за преглед пред проодување. Секако сакам да се консултирам за кондури, да го види за Д3 и така некои прашања што имам, па тамам ќе ми е да го однесам.
Оли нас за кондури ни кажа јавете се кога сум тука и поминете до ординација на 5м ќе ви објаснам тогаш какви кондури. Јас му реков ама да си дојдеме регуларно на преглед ми кажа немате потреба да доаѓате пак на преглед само консултации ќе напрајме. Исто и за д3 го прашав рече тогаш да се чуеме од јуни
Па може дека на 6 си го однела затоа не ти рекол на 8месеци зашто брзо ќе биде. Јас на 4 месеци го носев и долг период е до после проодување. Инаку да, консултирај се за патики и Д витамин за летно време, нас ни покажа пример како треба да изгледа патика и што е битно да бираш. Се договоривме кога ќе купиме да ги однесеме да ни каже дали се добри или да ги смениме.
Ќе видиме, можеби како консултација ќе биде, иако и јас одамна не сум го однела, од кај 5 месеци, а скоро 11 ќе има кога ќе одиме. Сепак нека го прегледа за да сум мирна.
Здраво мајки. Имам прашање- имам малечко бебенце и треба да одиме на прв ортопедски преглед. Матичниот педијатар ни закажал на државно во Мајчин дом кај Др. Самарџиски. Дали бил некој кај него да ми каже дали е добар? Се мислиме ако не да закажеме кај др. Иванка во Ремедика.. Исто така, прегледот треба да биде на 2 месеци, а ако одиме терминот во Мајчин дом ќе имаме веќе 3 месеци, мислите ли дека тоа е ок? Ви благодарам
Мајчин дом, хорор сеќавање, со првото бебе, чекање во ходници, гужва, ладно, после преглед кај др се враќаш со голо бебе во ладниот ходник, бебињата плачат огладнети веќе, жени дојат, па.чекаш бааги пред другата врата за ехо, ехото едно стогодишно, ништо не и се гледа, па ме советуваа да го носам бебето на ренген зошто нешто не било во ред. Се надевам сега нешто е сменето таму. После тоа бевме кај Темелковски се беше добро никаков ренген немаше потреба од ништо.
Инаку дојдов да се пофалам бебе веќе седи само, ни на грб не ја потпирам само седам до неа зошто кога ќе се внесе во игра со играчките се заклатува па да не падне. Колку брзо ни се менуваат бебињата пред 2 недели кога наполни 6 месеци си мислев многу повеќе време ќе и треба да се зацврсти со седењето.
За ладно уште е ладно ,гужви немаше ,ама може така се погоди. Ехото стогодишно ,и место Др Божиновски стажант ваљда беше таа што го изврши прегледот. Среќа се беше во ред. Прашање да поставиш нема шанси ,бебе почна да плаче неа паника ја фати. Докторот само на крај се потпиша на извештајот и толку.