Истата дијагноза за омекнати ребра ни ја даде (мислам на сите им ја дава ), но во извештајот не ја пишува... а и препораката за дозирањето на витаминот Д (кој го дава во поголеми дози од препорачаното) не е напишан... така што не знам, не дека имам некои големи очекувања од Видоевски, но да видиме, не ни е итно фала Богу...
Многу лесно и сама може да ги приметиш меките ребра не е како да си измислува нешто па на сите да му ја дава.
Ок, не мислев буквално на сите, ама да, можеби генерализирам, извинете Како и да е, мислам дека треба да биде напишано на извештајот.
Не верувам дека би кажал омекнати дека се ако не се, тоа би било многу непрофесионално и не би било во ред ако го прави тоа. Мене ми покажа кога беа омекнати каде да допрам за да видам што значи тоа и кога отидов после некоја недела на контрола, пак ми покажа како да допрам и да видам дека сега веќе не се.
Ама ова син му !? Не знам нас баш на првиот супер се постави. Он ја соблече ,и праеше вежби ,објасни како се користи транспортер, спиење на рамно и цврсто,надвор обавезно итн. За втор ја однесов на државно ми најдоа термин,никаков беше прегледот
Дека членката спомна син му затоа...реално па за парите што ги земаат не шоу .... Ама и тие не се криви државното е катастрофа. Бев и таму и таму и за 3 преглед пак кај Видоевски здравје ќе одам. Пошто на државно ни ребра провери ни фонтанелата ,ништо само ехо ,до 6 месеци да не седи и дубак не (што реално се зачудив) имам пишувано наназад и кај бевме и како поминавме.
Zdravo neznam dali e za ovde prasanjeto sskam da prasam za pojava na jadra kaj bebe kerka mi napravi 9meseci i 10 dena ama se uste ne i e pojaveno jadro voopsto na desnoto kolkce dali nekoja majka ima iskustvo da spodeli
Јас се изненадив многу, очекував далечен термин да ми понудат ама не до волку. Сакав кај Телески ама слободен термин тек од 1 јуни. И така ќе биде Темелковски изгледа. За прв преглед мене ми рекоа идеално би било 41/42 ден или 2 месеци.
кај тони е гужва затоа што кога одиш на прв термин одма закажува втор. Јас од ноември веќе имав термин за мај баш денес ѕвонев да прашаат дали ќе одиме
Вие што сте кај антоние, до кога давате д3 капка на кило? Јас му давам сега 8капки но последно ми спомна од април (не сум сигурна за месецов) дека веќе и на сонце ќе си се создава д3 и ќе се намали доза ама исто имаме и меки ребренца. Давате капка на кило и преку лето? Ќе му се јавам април сепак да се потврдам но чисто ваше искуство