Мене ми рече од 15.04. пола доза да му давам, а деновите кога ќе биде цел ден на сонце да не давам воопшто. За дозирањето по кило ќе ти каже тој, секое дете е различно ама за преку лето јави му се пак заради ребрата.
Мене ми спомна за демек стандардна доза преку лето, да не е беџ ич ама баш ке се јавам да прашам пошто до 9м за следна контрола ќе ми помине лето
Малку не ми е јасно ова со цел ден ако е на сонце, да не се дава. Следната недела сме на контрола и баш ќе го прашам што му значи тоа ако ми спомне така. Сите препорачуваат да не се седи цел ден на сонце, па чудно ми е како така рекол ако е цел ден на сонце. Мене ми е страв да го носам на плажа толку долго, се гори и под чадор и мислев да одиме попладне таму во 5 часот, а да го шетам рано наутро и до 10 да се прибереме. Тогаш за витамин Д сигурно нема да има ефект.
Најверојатно сонцето си е доволно јако и во тие саати(каде што не штипе) бидејќи е без фактор кожата и полесно се прима.Јас во Септември и Октомври кога го вадев на сонце за месец дена скоро му помина жолтицата,а да го немаше сонцето два месеци сигурно ќе имаше жолтица.
Здраво денес бевме закажани за на клиника кај др Крсте за мајка ми ама поради растот на заразени термините биле откажани.. Дали знаете некоја друга клиника (државно) каде што може да се закаже за ортопедски преглед? Фала однапред.
Препорачајте добар ортопед, ама не приватен, зошто би го носела кај Видоевски за приватен, ама ако има добар на државно, би го однела таму.
Детево, 17 месеци почна овие денови да трча како да се фрцка со газето лево десно. Така прави кога е расположен, мм се загрижи ,а јас му викам дека мали сака да се направи интересен со трчањето. Има простор за паника? За месец ипол од сега го имаме закажано прегледот после проодување. На 13 месеци и 2 недели прооде.