Најверојатно бидејќи е во фаза на проодување и за да не се направат други деформитети, да прооди со стапало во природна форма, па можеби понатаму ќе треба со испакнато да носи. Ова по некоја моја претпоставка, не сум прашала. Да го знаев прашањево што го постави пред да одам на контрола, баш ќе го прашав докторот. Нека кажат мајкиве што имаат поголеми деца како се постапува понатаму за да нема рамни стапала.
Тоа е доколку при нормален развој не му се формира стапалото тогаш се носат такви. Инаку прво одат на прсти кога проодуваат, па до 2г треба да престанат да одат на прсти за да се формира стапалото, доколку не се формира, односно остане стапалото рамно се користат такви влошки. Овоа на кратко што ме информираше ортопедот стручно незнам да објаснам..
Top ti e objasnuvanjeto i jas ne sum strucna samo pamtam za brat mi se kupuva ciciban strogo so pernice od start....ova zboram pred 25-26god
Точно, и јас сум порасната со такви колку е добро неможам да кажам затоа што моите стапала не се за пример Јас го слушам ортопедот до сега не бил грешка за ништо
Кога има анатомска влошка, и детето носи такви обувки а нема препорака од ортопед, мускулите на стабалото ослабнуваат и стануваат 'мрзеливи' со што доаѓа до други деформитети со тек на време. Стапалото го носи целото тело, значи не се само табаните во игра туку целосен скелет и мускулен систем.
Е сега ме збунивте дека Оли пиша анатомски да бидат. Што се анатомски, што ортопедски и какви треба да бидат? Нели може најобична патика од продавница да биде? Зошто анатомска, ваква таква?
Не не, баш НЕ треба да има анатомска влошка. Како да бираш патики - да се витка како палачинка напред, кај петата да е цврсто, внатре да се рамни (да нема онакво перниче кај празниот дел) и да се на лепенка или врзување. И секако лесни да се. Оди во продавница, види ги најк танјун или револушн и ако не ти се убави, бирај други ама со тие карактеристики. Цицибан и Кеги Шус имаат такви влошки со испакнатини.
И мене Мила ме збуна. Баш го препрашав Антоније и рече ортопедски се препишуваат и се со испакната влошка, а анатомски се тие што ми ги покажа што се со рамна влошка и што се виткаат кај прстите и имаат тврда пета. Анатомски мора да се за проодување, не може најобични ако не се виткаат напред. Ми нагласи анатомски да барам.
Мене баш ми кажа дека патиката треба да е таква и таква, а не кажа да е анатомска. Само нагласи како што опишав да е. Јас како што читам анатомска е со тоа испакнато. Мене баш ми кажа, најобични нека се, дури и кажа не купувај прескапи, гледај да се такви ама што поевтини, секако ги носи ептен кратко.
И јас мислам ортопедски се тие со перничето зашто сестра ми имаше рамни стапала и носеше такви, препишани од ортопед. Е сега, што точно значи анатомски не сум сигурна, веќе се стана анатомско Веројатно обликувано како стапалото Зашто кога купувавме за бебето на почеток, буквално секаде го слушав тој збор. Сума сумарум, за истото збориме само овие термини бунат.
Е да де, ако ме прочита погоре, истиот муабет ми го кажа и мене. Но кога спомнав како заклучок на крај, значи да не се анатомски, рече не, анатомски да се, да не се ортопедски.
Да, крајниот избор би бил ист. Да да, те разбрав. Мене се исто ми рече ама анатомски не спомна. Затоа се испобркавме. Само што јас не го носев на прегледот меѓу 8 9 месеци на кој објаснува за обувки, ама спонтано на претходен предглед спомна и од тука се информирав. Кога бевме на преглед по проодување за најк револушн кажа супер избор на патики. Само што му беа мали а јас не сум знаела. Сегашниве што ги носи не им се вади влошката и не знам како да проценам добри ли се или да му облечам поголем број. Имате идеја?
Да додадам зошто мислам дека анатомски се со перниче а ортопедски сосема други. Кога бевме во основно, ако на систематски им утврдеа дека треба ортопедски обувки, децата носеа посебни обувки, не знам од каде ги порачуваа по мерка, и беа баш грди на око.
Анатомски ми спомна бидејќи јас препрашав, го спомнав зборот. Пак ги превитка патиките што ми ги покажуваше додека ми го кажуваше тоа. Скрој влошка обична и намести ја по мерка во патиката, па извади ја и мери му на стапало да видиш до каде му доаѓаат прстите.
Ортопедските се со испакнатина, јас барав такви влошки ради петата што ме болеше и отидов во Славеј и таму стара шема правеа го исцртуваа стапалото ама присуствува ортопед и одлучува какви влошки да даде.За деца знам дека има една направа што застанува на нејзе и самото детектир адлаи има деформитети и какви треб да се носат влошки.Анатомски се сите да ги кажам најк,адидас,андер армор,кеги, колев и колев итн.Сега анатомски значи како порано што биле броевите со четвртинки,осминки, а не кинеските еден број и тоа за некој 36ка е за некој 38ца еден исти број
Можеби, не знам. Не велам дека едното е погрешно. Кеги и цицибан имаат влошка со испакнатина, останатите што ги наброја не.