Заради дискусијата на форумот, ја сликав и испратив оваа влошка од топлинките на син ми,на ортопедот за мислење. Одговорот беше дека влошката во обувки е небитна за развојот на стапалата, зошто до таа возраст (18м е син ми) кај децата имало природни "масни перничиња" на табанчињата и најважно е обувките да се виткаат кај прстите. Инаку воопшто не му се облечени овие топлинки,еден број поголеми купивме и се размислував што да правам со влошкиве. Ама одговорот вели дека не претставуваат никаков проблем.
Да да, најк, адидас, рибок, кеги колев, се со рамни влошки. Кеги чуш и цицибан имаат влошка со испакнато. И оние vicco, прелесни, се виткаат ама влошката не се вади.
Антоније баш отсечно вели не за вакви влошки, ја ослабнуваат мускулатурата на стапалото а понатаму може да дојде до поголеми искривувања. Дури нагласи, цицибан дека се со такви, да не се лажеме дека се скапи, не чинеле за стапалото. Значи внатре да е целосно рамно, како што е дома на под.
@KuklickaSk и вие мислам одите кај Талески. Ако не згрешив, сподели и вас каков совет ви дал во однос на влошка. Мене ми го кажа ова погоре што го напишав.
Да, исто кажа. Само да се виткаат напред, без влошка. И колку може повеќе да оди бос на разни површини.
Ние бевме на ортопед на 3 ипол месеци прв пат. Ни кажа дека јадрата кај него подоцна се формирани, требало вежбање, наседнување. Но во глобала добро било. Ние секако го вежбавме. На 7 ипол месеци отидовме на втор преглед. Ни кажа дека е супер да продолжиме се како што си правиме, ни зголеми д3 доза и рече може да користиме дубак и џампер без ограничувања, исто и на нозе да го застануваме да нагазнува не му забранувал. приметив дека со едната нога послабо згазнува, рече не било ништо. Сега се нервирам бидејќи има 10 месеци, не знам кога наредно да го носам, докторот рече на годинка или после годинка. Ама се нервирам дека кога го држиме за раце он се убаво си дава чекори и оди ама некако кога оди со стомачето е нанапред, како во дубак да се потпира. А инаку ако седи и се фати за нешто сосем убаво се исправа и стои. Можеби е време да го тргнеме дубакот. Не го брзам да прооди, ни најмалку околу тоа не си правам стрес дали брзо ќе прооди или не, но ова ме мисли, дубакот проблем да не му направи. Кога дава чекори целосно на прсти гази, и ете тоа како наведнување на напред ме загрижува, баш како во дубак се понаша, дека ќе се потпре на нешто дури оди..
Нанапред сите одат со стомачето на почетокот, но, избегнувај во дубак и избегнувај да го држите за раце а тој да оди. Оставај го сам на земја да станува и да оди по мебел држејќи се, така природно ќе почне да се пушта. Оди по мебел, лази? Инаку ние бевме на 8 месеци на ортопед, па следно ќе одиме на година ипол, 6 месеци откако проодел. Така ни препорача Тони.
На под само лежи и се превртува од стомак на грб и обратно. Не лази. По мебел пробам да го потпрам за да почне да оди, не може, во креветче го седнувам и потоа ќе се фати за оградата и станува веднаш. Сам не седнува ако е легнат. Дубак вози по малку, ама не го оставам по многу. Во последно време ептен скратив со дубак прошетки. Знам дека најубаво е бос да оди на чорапи, ама од страна ме советуваат за ортопедски чевли, демек поубаво ќе газел.А од другарка ми е во сеќавање останато за нејзината ќеркичка дека подоцна прооде, ортопедот ги советуваше дури и откако прооде да ја учат по малку и на прсти да оди, не знам зошто не било убаво како коњ да гази на цела нога. Нас ништо не ни кажа ортопедот за тоа бидејќи рано беше за проодување. Не знам дали е проблем што е како балерина моево.
мора да ги оставате децата да го тераат природниот тек на развој! Дубаци, џампери и слично не се природен тек. одење на прсти е нормално.
@Fallen.Angel Батали дубаци, џампери, проодувалки и чуда, оставај го сам на под. И ќе почне да седи и ќе се исправа. Но мора да го оставиш сам да дојде до некоја играчка на пример или што и да е. Не ти да го местиш исправен до кревет или да го паткаш. Пушти го да си достигне сè без да се скокаат фази. И да се фаќа на нешто, да не е нешто што ќе го турка, статично да е.
@Fallen.Angel ме претркала @0ли Остави дете на земја нека си се развива. Играчки до него и пушти го. Ни паткање ни дубак, само штета му правиш. Кога ке го оставиш на земја сам да прави што може, тогаш се ке прави според инстинкт. Треба да оди на прсти ама од дубакот лошо ке ја префрла тежината и лошо ке паѓа.
^^ Го оставам на под, ама мрзливко е и си плаче. Играчки не погледнува многу ама зависник е од цуцла. Му ја ставив така подалеку за да посегне, ама итро тоа, не оди накај неа не ни пробува, ја повлекува подлогата и си ја става цуцлата во уста, си продолжува со лежење и кога ќе му здосади плаче.
Ако, сепак остави го. Совет од ортопедот беше кога ќе стане од спиење, го земаш и го ставаш на под до следното јадење, спиење, пресоблекување и сл. Баш никакви играчки не сака? Пробај со музички, со тропалки, шарени, што се движат и сл. Може да сака да игра со чаши, шишиња, кутии од кремови, нешто што шушка, да не набројувам, треба да пробуваш што ќе го заинтересира. Тој штом се исправува во креветче, ќе почне и на под, но на под им е потешко, треба да извежба и други мускули. Затоа можеби и кенка, не е лесно да се вежба И за седење не го потпирај со ништо, треба да извежба одредени мускули за да може сам да седне од лежечка положба. И не го држете за раце за да оди и да патка. Кога ќе оди, тогаш за рака ќе го држите.
Си игра со диносаурус еден голем. Друго не погледнува. Му давам шпатули силиконски и пластични чаши, тропка со нив ама брзо му здосадуваат. Не го држам така многу за раце, колку да видам дали знае чекори да дава, гледам дека му е напорно и не го форсирам. Не го потпирам за седење со ништо. Ќе го оставам од сега подолго да лежи на под па да видиме дали ќе почне да прави нешто освен да се тркала и да се превртува како желка.
Поради дубакот прескокната е фазата за седење, не знае да седне. Мафни го на страна, остави свој тек на развој да си има. Ќе речеш не беше многу во дубак. Многу, малку - пречи. Нека му здосадуваат тие со кои тропа, пак ќе им се врати да тропа кога ќе заборави дека му здосадиле. Глодалки, меки коцки, стави му сè пред него. Ќе му треба време да извежба. Ортопедски обувки да не му облекуваш, тие се за ако има проблем и му ги препише доктор. Бос на подлога, земи си од големите подлоги, а може и со чорапи со гума за да не се лизга. Не знам кој те советува одоколу за ортопедски чевли, но баби и стринки да не слушаш со вакви совети без врска.
Се што напишала @0ли истото го знам и практикувам кај синко. Ортопедот така не учи и до сега не ми дал погрешен совет.
Мамс ортопед да ми препорачате во Систина или РеМедика ? Треба да одиме но кај Антоније и другите вака што ве читам што ги фалите нема место нигде. Да знаев кога останав бремена ќе закажев термин