@Jana06 @Milkiway ако не грешам мислам рекоа дека е во Хрватска дека и таму работел. Ќе се јавам за секој случај да се осигурам ми се измешаа веќе Фала ви
За во Систина јас во понеделникот закажав и имаше дури за на крај на мај термин, гужва е кај нејзе пробај јави се може ќе те стават измеѓу термините
Ќе вртам пак јас ќе видам што ќе кажат Да се едитирам да не прашувам пак. Маја Каличанин Систина или Иванка РеМедика ? Ова како бек ап
Јас бев кај Иванка на 29.04.и сум задоволна,прегледот не беше краток,му посвети внимание на бебе,разговаравме,што не ми беше јасно ми објасни.Знам има овде на форумот мн.незадоволни од неа,ама еве и јас да споделам чисто и мое искуство.
Последен пат кога бев забележав шишенца од капки Now. Баш го прашав какви капки и ми кажа да продолжиме со истата доза од Babytol преку лето. Инаку моментално мислам дека не е во Мк, после 10ти мај ќе биде.
Ортопед советува дека д3 треба да се става директ во уста. Ако ептен не сака на мало парче леб смоки нешто што ке изеде со сигурност. Со оглед на тоа дека пливит горчат ке го плукне, некогаш ни благо не сака а не пак горчливо секој ден.
Мене вигантол ми рече ако пливит не ги сака, иако неги не му е мака што горчат туку прета само и пола по лице му де наместо во уста
Маж ми купил вигантол,пливит д3 давам по 3 капки,од вигантол незнам по колку треба,ќе треба пак да закажам ортопед.јас ао ручекот и ги давам пливит,така не ги осека
Па незнам јас кога давав пливит 6капки, он ми рече вигантол 2 да давам веројатно треба помалку ама можеш телефонски да прашаш ќе ти кажар
Пливит се 200 и.е. а Вигантол 500 и.е. Два ипол пати се појаки Вигантолот, јас во бременоста ги пиев.
Па и со вода се пијат со сигурност. Не зборам за голема количина вода,пола шоља од еспресо. Јас му ги давав на лажичка после јадење и како стануваше поголем се мрштеше. И ортопедот и педијатарот ми рекоа што го малтретираш детето,растворливи се во течност,дај му ги со вода. И од тогаш така си ги пие. Инаку не би прошло кај моево смоки или леб со горчливи капки,со сигурност ќе го плукне