Баш ќе се консултирам со педијатарот за д3 и омегата. Тоа ми е најмногу страв нешто да не пропуштам да не дадам...
Добра е Каличанин, и јас каснев и ја однесив на 3м и ми рече сега е касно за повој веќе се оформиле јадрата. Инаку препорачува една пелена плус уште една обратно наместена. Јас кај неа само тогаш успеав термин да закажам инаку требаше по 2м да чекам.. Тогаш ми наплати 2.300 ден, без попуст.
@Vojdana Сега е 2650. Јас каснев немаше термини, па на 3месеци прв пат ја однесов малата. Сега на 5м пак ќе имаме контрола. Добро, на секој преглед мора да им се појаснува дека бебе е родено таму за да наплатат со попуст?! Книшката од Систина секогаш ја носам со мене, а стално по редовна цена плаќам. Не оти 300 ден ќе ми сменат нешто, ама две деца таму родени, двете кај неа ги носам на контрола, и никогаш со попуст не ми наплатиле. Се изнервирав И за педијатар исто, се по редовна цена сум плаќала.
Претпоставувам дека и ехо на колкови спаѓа во таа цена... Јас не се породив таму ама правев скрининзи таму...Не се ни надевам за попуст...
може и со попуст е таа цена Тие само зголемуваат цени. Од скоро и педијатар е плус 50 денари. и на секое прашувам, зголемена е цената или без попуст е ова.
Да, и ехото спаѓа во цената. Само за бебиња родени таму Би требало да следува попуст, ама и за нив нема изглеа
Го откажав терминот во Систина бидејќи успеав да закажам за утре сабајле кај Видоевски. Се надевам направив правилен избор... Сабајле сме конечно на ортопед... Колку кошта кај Видоевски прв преглед со ехо?
Золва ми платила 1700ден,дали дека двете ги носеше, близначки има, мене така ми кажа. Знам само првиот преглед бил поскап, вториот бил 1400.Јас планирам кај Темелковски иако имаме време, 13 дена сме.
Ти закажи си уште сега, што си е сигурно сигурно. Немој како мене 5 до 12 нигде место, термин после 3 месеци што се вика даваа
Кај Темелковски одма има термини, барем јас кога се јавив одма ми закажа за другиот ден. Ова за новороденчиња, за други прегледи незнам. Но најдобро е да се јавите и со време да се информирате. А што мислите мајки втор преглед кај Талевски да ни биде, иако прв беше кај Темелковски? Ептен сакав кај него да одиме но немаше термин. Или да терам ист доктор да не мењавам.
Бевме сабајлево кај Видоевски. Ми олесна многу што син ми е здрав и прав. Го прегледа и на ехо. Бев исплашена бидејќи е 6+++, а ова ни беше прв ортопедски преглед... Искрено, за докторов немам некое фасцинантно мислење. Многу театрален и ексцентричен. Уште невлезени се фати за транспортерот да објаснува...Внатре се задржавме околу 15-20 мин, а прегледот траеше само 5 мин. Останатиот дел од времето си држеше монолог... Верувам дека е добар стручњак во својата област ама не би отишла повторно кај него. Прегледот кошташе 2000 ден...Не е важна цената ама не ми влева многу доверба овој доктор...
Па сите така поминуваме кај ортопеди. Прегледот е краток, насоките за понатаму се муабет за сè. Ништо поразлично не прават другите.
Транспортерот го ставивме на креветот за прегледување и рече убаво рачката да ја спуштиме до доле наназад. Најде забелешки дека не е врзано детето добро што беше и во право бидејќи му сметаат на Војдан преку рамена тие перничињата па го закопчувавме околу стомакот. Виде и дека нозете му стрчеа од транспортерот па рече дека не е безбедно така и претежно дома да го користиме транспортерот ако сака во него да седи да гледа цртани...Инаку, мора да се учи да седи и да развива рамнотежа, а во транспортер тоа нема да е можно... Ни препорача хранилка и џампер да купиме и гумена подлога за доле на ламинатот, па на неа да си игра...
Ако штрчат не треба ли да се користи? Што ти кажа? Мене Антонијеми кажуваше главата дури не му излегувала над транспортерот, а нозете му штрчат моментално да не грешам што го користан...уф овој транспортер најкомпликација ми е