2000 денари, Закажи си месец ипол однапред јас за прв преглед ѕвонев на 14 јануари ми закажаа прв слободен термин на 25 февруари
Скоро 11 месеци имаше малиот кога бевме последно кај него и во транспортер го однесов намерно за да го види и да каже дали треба седиште веќе да се земе. Рече дека му е супер транспортерот и дека не е битно нозете што му излегуваат, главата треба да не излегува. Да тераме до проодување со него и потоа седиште за кола да земеме.
Сфати го тоа како добронамерен совет од негова страна. На под го ставав од полни 4 месеци малиот. На 45 степени го ставав со перница под грб, малку подисправен за да вежба мускули за седење. Пред него ставав од игралните полукружни и се тегнеше по играчките. Во хранилка го ставив од 5ти месец кога почнав со цврста храна,на 80 степени. Инаку за транспортерот и јас знам дека е време да се тргне кога ќе го надрасне со главата. Моево седи во седиште и му висат ноџињата,така да тоа со нозете ми нема врска..
До 80 цм е таман транспортерот, на синко до тогаш му беше добар. Каква врска има рачката на транспортеот не разбирам? Цртани уште од 6м? Нема потреба. Ке се научи се да прави ако го ставиш на под на стомак. И да се превртува седи лази рамнотежа... Перничињата не му сметаат, везувај го целосно според прописи.
Викам јас нешто погрешно да не правам затоа А кога ви се во кола свртени наназад со нозете го допираат наслонот? Врзан се со каиши ама бидејќи штрчат го допираат помислив да не е проблем, но секако транспортеров во кола не мрда кога ќе го врзеш
Го допира со нозе наслонот од седиштето, но нема врска. Последно на мерење беше 77 cm, а уште има простор нагоре кај главчето. @Vojdana Детето само на земја ставај го на подлога, има големи 200×180, играчки околу него и ќе научи и да седи и да оди. Без никакви помагала, без ништо, способно е само за сè и во свое време и кога ќе е спремно, ќе си совлада сè. Ти седи, набљудувај го и уживај во неговата вежба.
Оли, каде се купуваат такви подлоги? Има специјални ли за бебиња? А, ова дека му штрчеа нозете јас го сфатив како помала безбедност на транспортерот кога се користи надвор од дома и во кола...
Види на фб во Пики и лотус м. Јас од таму купив околу 500ден. Ме се специјални за бебиња,шарени се за дечиња.
Dobiv na poklon od nama.mk ogromna e i se pakuva vo futrola https://nama.mk/proizvod/multinamenska-podloga-premium/ Uste ne ja koristam bebe mi e mesec ipol ama fina mi se vide cvrsta e vaka
Има врска. Се потпира транспортерот и не се клати. Така е безбедно. допира. И во седиштето од сестра и свртено наназад допира со нозете.
Аман бре, 1790 ден... а малку помала во пики е 630 . Инаку, кога сум тука да си прашам кој знае да ми каже.. 0.5 цм дебелина на подлога малку е така? Да знам дали да си ги гледам само тие со 1 цм што се.
Мамички може совет за добар ортопед во приватна клиника (Антоније, Талевски и Каличанин немаат термини).