Кога се оди втор пат на ортопедски преглед, првиот пат бебе беше 2 м, и не обрнав внимание за следен преглед кога кажа докторот....некаде во 5ти месец ли се оди пак?
Дали некоја во Букурешт оди на преглед? Да знам колку време треба за да закажам преглед. Матичниов ми вика за август не се пуштени термините, јавете се почеток на идниот месец. Касно ми е тогаш, ќе направи 2м
Пишав касно ќе ми е ради тоа што бебе ќе има веќе 2 мес направено многу порано, ако се јавам почеток на август, ќе ми речат дојди нареден месец, а ние ќе бидеме 3.5 мес. Затоа ми е, термини тешко, инаку знам дека на 2 треба
Јас ја однесов кај Видоевски минатата недела, значи пред да наполни 4. Одложив ради пандемијава и докторот не ја прегледа. Вика супер е детето, нема никаква потреба од преглед, само ќе ви ги земам парите. Го прегледа само бебуш
Денес за прв пат ја носев на ортопед. Точно на 5ипол месеци кај Антоније. Не испокара дека премногу касниме и ако има нешто касно е за корекции. Јас па на 2 месеци кога имаше закажував и чекав термин. Антоније вика требаше да ми кажеш дека ти е прв преглед, одма ќе се најдеше термин. Среќа, во одлична состојба е, ехо и направи на колкови. Ми се допадна прегледот. Кратко траеше и после не седна со маж ми и ко на советувалиште се осеќав Ми се чудеше како реагирам кога заплака од неговите вежби. Ми вика да не се притресувам до толку. Ах бе, лесно е да се каже. Ако сум била мајка на три близнаци, сите три плачат, каде ќе сум идела... Епа она е една на мајка, не сакам да ми плаче. Кога можам да ја гушнам и утешам зошто да не... Секој преглед, дали е педијатар, ортопед, за вакцина, мене ми е стресен. Не знам дали сум јас единствена таква ама ме осеќаат, колку и да се трудам да изгледам нормално. На маж ми ништо никој не му вика, им делува за кул татица, ах бре И сега да ве прашам ортопед вика никако нишкање за заспивање, а мене само така ми заспива и на цице. Друго е да збори, нека дојде дома да ми ја заспие
Истото и мене ми го рече за заспивање, му викам па плаче. Вика па да, сите бебиња плачат затвори врата и пушти си филм, ќе се смири и ќе заспие. Јас искрено немав храброст да правам тренинзи за заспивање и си го думкав до 13 месеци. Се научи да заспива сам дури откако тргна во градинка. Така да, убаво ти вика, пробај уште сега да најдеш начин да си заспива сама зашто ќе си патиш од кичма. За потресувањето е скроз во право, ќе видиш кога ќе порасне малку колку ќе се разлигави. Опушти се малку, не скокај одма кога ќе заплаче. Бебиња се, плачат од различни причини. Не знам дали ви спомнал, преку ноќ бебињата раснат најмногу. Вика дека може да пораснат и до 1цм кога се во најголемиот развој и тоа боли. Кога се будат сабајле може да плачат од болка. Не ја кревај одма, остави ја да се истегне, да се размрда. Доколку бебето порасне во раце може да се смали вкупниот животен раст во висина за 10цм. Првиот преглед кај Антоније ми беше ама како поминува времето сфаќам колку е во право за се. Го послушав за поголемиот дел ама се каам што немав храброст за другото. За второто ќе знам подобро.
Мајки само што си дојдовме и ние од прв преглед кај ортопед. 2ипол месеци сме бевме как Иванка во Ремедика, сакав кај Споа да закажеме ама немаше слободно и ајде кај неа. Искрено страв ми беше после сите прочитани коментари за неа, али искрено прекрасно поминавме. Не пречека насмеана, не испрати насмеана. Прегледот не беше баш краток, ја прегледа детално се убаво ми објасни. Е сега само уште напочетокот пред да ја прегледа ми вика ноќе на спиење широк повој (ја колку што знам повој нели се става доколку не се доволно добро развиени колковите кај бебушка). Ја зеде ја гледаше на ехо и вика машалааа супер сте развиени. Се у свему супер впечаток ми остави жената. Е сега прашање до вас што мислите дали на супер развиени колкчиња да го мачам бебе со повој на овие температури?!
Да ти споделам мое искуство па останува на тебе да си одлучиш, ние не сме МК тука на 2 месеци преглед моето девојче општа докторка го исчепка низ цело тело( буквално на главчето, ножињата, колковите, зборот ми е дека без никакво ехо само со раце) , рече се си е супер нема потреба да ве праќам за дополнителни испитувања, мене дека шубе ми беше и дека тука на форумот читам сите на ортопед ги носат си дојдовме МК и закажав кај Сашо Младеновски а бебето веќе ми е 5 месеци, ми рече се е супер развиено си е како што и треба. Зборот ми е дека тука никогаш не се знаеле за повој ниту го употребуваат, мислам дека тоа е само на Балканот, според мене не малтертирај дете на овие горештини, еве јас не ставив од почеток па Фала Богу се си е како што треба,кога веќе и на ехо се утврдило дека се е во најдобар ред немаш потреба, сепак изборот е твој мајка.