Искрено и јас не сум за да ставам повој дека и самиот памперс им е како повој плус на 40+ степени грев ми е со памперс дека е, а не па да ставам и повој.
I jas bev kaj ivanka ama ne stavam povoj,ja prasav zosto treba ne mi dade za mene logicen odgovor i go bataliv
Исто за повојот кога рече имав чувство како од навика да го кажуваат. Ставај а зошто и они не знаат ваљда
Не малтретирај дете со повој на горештиниве доволно му е со пелената што му е топло а не пак плус пелени одозгора. Доволно е само вежбите да се прават и на мене ми кажа ортопед да ставам на почетокот али видов дека му е нервоза 2-3 дена и баталив кога отидовме на контрола речер супер е продолжете со широкиот повој, така да само вежби доволни се.
Антоније е одличен доктор. Зависи какво ви е нишкањето. Кај нас пример е 2 мин буквално и не е нишкање туку малку лулање лево десно. Кога лежам до неа и треба повњќе од пола час за да заспие. Немам секогаш време искрено полесно ми е да ја земам во раце 2 -3 мин. Мислам дека ако не ја нишкаш многу време и малку само лево десно,нема да е проблем
Го однесовме на таа возраст и иста препорака имавме од Мајчин дом. Таму извештајот им е стандарден за здраво дете. Кај Тони Талески имавме закажано за покасно, но веднаш му пишав на мејл и му потенцирав дека на здрави развиени колкчиња ме советуваат да ставам широк повој. Веднаш добив одговор дека не треба. Кога го однесовме на 5м. на преглед кај него, малиот си беше супер, ниту широк повој, ниту вежби му правевме. Така да мајка ич не се ни мисли, на некои доктори им е како по default да викаат да се носи широк повој.
Најверојатно мислеше за оние нишкања на деца додека не се онесвестат и така заспиваат. Упорно со количката лево десно мрдање дур не заспие... Моево бебе баш како што кажа, некогаш доволно и е само неколку пати да ја занишкам колку да знае дека нема само да ја држам легната. Секако ми се бута во гради, највеќе на цице заспива. Порано можев седната или легната да ја дојам и да заспие. Сега во 5ти скок сака да цица стоејќи. Морам така, не дека сакам. Се надевам ќе смени. Додека ми е свежа меморијата сакам да запишам тука зошто ќе заборавам Против дубаци, џампери и секакви помагала за проодување е. Детето само на под и ќе си ги помине сите фази. Нема потреба да ја седнувам уште од сега. Супер што сум ја ставала на под, немам тепих ама две кебиња и јорган ми вршат работа Во крш 4 коцки за подлога 1800 денари? Продавачката сама ме гледа чудно и ми вика жено имате ли бре јорган дома? На релаксатор, количка на 45 степени само кога јаде скроз седната. Д3 доза ни зголеми. Кажа дека на сите дава да пијат повеќе, многу е важно д3 Имав многу прашања да го прашам ама таму се испогубив кога дете закенка Строг доктор, баш со намера да те исплаши збори за да сфатиме дека нема играчка со дете. Кажуваше баш овој период 5 месеци највеќе паѓаат од секаде, количка, кревет, подлога за пресоблекување.... Никаде не се безбедни, нонстоп треба под надзор. Клима да си работи најнормално исто како да нема бебе. Секако не го изложуваме директно. Исто и зимно време.
Треба да биде на цврста подлога јорганот не е цврст и лизгав е. Имаш пологи поголеми по 500ден одприлика оние потенки шо се.
@Ema.Sk Евентуално да земеш детско теписонче околу 1000ден се и таман после за во детска ќе ти се најде. Или во Џамбо имаш од оние квадратите во боја со бројки околу 400-500ден.
Те читам и коса ми крева од сега, за некоја недела закажав преглед кај него зошто немаше нигде на друго место. План ми беше во Систина да ја носам ама не успеав да најдам термин. Што и правеше? Какви вежби? Сите бебиња се различни, синко мој на пример од раѓање е таков, сензитивно дете и не сака ни допирање ни ништо, а кога плаче зајдува буквално. И што сега со сила ќе ми го дере детето таму? Како на секој преглед во Ремедика ги смируваат децата па прават се останато, а не со сила... Аиии што прочитав сега...
Ме изнасмеа, ете ти пример за потресување. Мојот глас не пушти на тој преглед, иако Антоније ме предупреди дека може да плаче зашто било малку непријатно. Ништо страшно не му направи, го прегледа и само му реков Кога да го очекувам страшното? Ми вика тоа е тоа. Ништо посебно, не се секирај за џабе.
А бе ја се губам у тие моменти кога заоѓа, помодрува, недај Боже никој тоа да го доживее А инаку ако закенка, заплаче онака тогаш ок е, сепак нормално е и на други прегледи ми плачел, ама ко што викам го смируваат па продолжуваат, а често читам коментари како Антоније викал дете е нека плаче, или оставете го да плаче. Ухх Фала малку за утехата @Jana06 се надевам дека ќе помине се ко што треба
Јас па не знам дали е до детето ама моево само на вакцините пушта глас, инаку ни за крв вадење, ни брис, гајле нема.
И јас ти велам нема зошто да се секираш. Антоније пред да го почне прегледот исто ме предупреди да останам смирена во случај ако почне да плаче бебуш. Моето се смееше цело време додека му проверуваше стапалца, рачиња, ребра и додека го гледаше на ехо. Немаше ништо страшно во тоа што го правеше.
И на нас ни зголеми д3 баш треба да ја носам сега рече поминете само да опипал коските. Клима тоа секако уклучувам, не се ни мислам ни прашувам доктори, нема да се вариме дома. Инаку од Андреј компани зедов детска подлога, не се коцки вакво. За 500 и нешто денари. Си игра и на него ама лази секаде, не седи таму. Имав коцки исто од таму (6 коцки 220 денари мислам, купив 5 пакувања и ги тргнав, ми ги вадеше сите делчиња на коцките лом беше) ти ги прикачив двете да ги видиш ама сега лази секаде и најчесто е само на пархет немај гајле не мора да купуваш ништо.. кога ќе лази ќе собира ќебиња јоргани и ќе ги тргниш Инаку да, според негов совет само на под и супер е. Имам статичен џампер, подарок ни е ама не го користиме.. само играчките од него немај гајле за такво нишкање и не се секирај за стоењето, ќе видиш колку ќе менува.
Каква слика си замислив во глава... Одма избувливо пишав... Подобро да не испадне така Фала ви женски на утехите