Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Детето си е плачко нема што да му правиш, еве го 10 месеци има од раѓање на менување пелена вришти зајдува(а замисли колку пати во денот се менува пелена), а кај се другите работи, од спиење се буди вришти плаче без некоја посебна причина, кога не му даваш да си игра со нешто што не треба пак плаче, пред да заспие плаче, е само на вакцина и крв кога му вадат не плаче:^). Затоа со тек на време ќе отрпнеш и ќе ти дојде преку глава. Замисли 9 месеци ќе го тинтраш да не плаче и требаво градинка да почне мислиш дека ќе ти го смируваат таму? Само ќе ти кажат дојди детето ти плаче да си го земеш, а ти нема да можеш секој ден од работа да излегуваш. Добронамерен совет ти дал Антоније колку и да е болно за нас они мора да научат многу работи од нас. Малце опушти се бебе е ќе плаче тоа му е работа да јаде, спие, смее и плаче. :)
     
    На Milkiway, Dee*Tee, Ema.Sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.781
    Купив подлога огромна 550 денари ама пак е тенка. Слична на @Katerina94 првата слика.
    @Dee*Tee се пресмеав, исто вака се потресувам ама во право е @Jana06
    Вчера вечерта лежевме сите во спална, почна да кенка, почна да вика најгласно ама не плачеше, не ја земав во раце,не ја нишкав, мрдаше, се тркалаше, клоцаше и на крај се смири. Загасив светло секаде, се сврте накај мене, цицна и ми сврте грб, си заспа луѓе :o
    Мм вика ете ти, џабе притресување, дете може да заспие без проблем (facepalm)
    Инаку ми текна уште нешто од прегледот од Антоније
    - Не го форсирајте со одење никогаш. Надвор и паметни и глупави знаат да одат, не е поврзано со интелегенцијата. Ова ти го кажувам ако комшиката ти се фали, моето прооде, твоето до каде е?
    - Ако тебе кога ќе те боли стомак не те крева маж ти и не те нишка, исто и на неа не и е потребно тоа. :D
    - Голтни си го плачењето три дена, ако го голтнеш ќе престане и ќе си немаш мака. - Не е ни прво ни последно дете што се родило.
    -Никогаш не ја зимај од количка кога ќе плаче, ти во раце да ја носиш а количка да буткаш. Еднаш ќе ја земеш и после ќе знае дека ќе ја земеш, нема да сака во количка
    - Имате здраво дете, право дете, сакајте си го, обожавајте си го, не правете глупости.

    Ниту едно прашање не му поставив зошто буквално брзо збори како навиен.
    Не мораше ништо да го прашам. Се објаснува многу убаво
     
    На KonstantinaM, Naatashka123, hello-kitty.90 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Е ова!!! Вака со 3 извичници ќе го оставам. Една од моите грешки.
    Со сите ужива во количка, го шетаат, гајле нема. Јас ќе излезам и одма плаче за во раце, па така дете во една рака, со друга буткам. Затоа сега без количка шетаме, си го водам за рака.
    Татко му никако не го зима во раце макар цел ден плачел. Откако почнав со работа мм поминува значително подолго време со него. Детето ни е како ново. Си седи во седиште во кола без проблем дури и заспива многу често, се вози во количка, си седи во хранилка (уште од 5м седи ама последните недели протестираше) и стварно се одвикна од некои навики што ме вадеа од такт. Ама ете пуста мајка, мекуш.
     
    На Oneo, Solen☀, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Ама пуста мајка кога ќе го видиш и устето дека му игра ќе го земеш.

    Дај кажи како да не вришти пелена когаму менувам, му давам играчки, шише, даљинската од ТВ џабе бе липа за 1 минута мислам дека никој не менува пелена толку брзо како мене. А па за облакање тоа е патешествие цело помодрува :whew:
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ќе се смири, истото го поминавме ама бегањето од кревет остана. Затоа му ставам само гаќички во трчање, за пелена нема шанси да легне, а знае и да ја одлепи. Тоа мислам во некој скок се случуваше, 6ти ако не се лажам.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Ова од раѓање му е плачењево за пелена и облекување еден ден нема промашено. :^) Освен понатака ако не се смири.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp и кај нас беше исто ама после трет месец само се среди..ама вие сте мислам поголеми…нас едино фен ни помагаше…е сега незнам колку е паметна идеја на лето ама или еден му дуваше друг пресоблекуваше или настрана оставен малку да му дуфка одма се смируваше
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Е тогаш си имаш ти проблем :D
    Извади ја пелената и остави го пола саат нека се излади газето може после помирен ќе биде. Јас го оставам сигурно 3-4 саати дневно без памперс. Се дешаваат бељи ама ништо страшно.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.678
    Мојава па кај Антоние не плачеше на втор преглед,баш го гледаше му се смееше,ама првиот Александра ја гледаше и кога ја фати раце , нозе витка маж ми пребледе:D.
    Инаку и ние истите совети ги добивме ,па баш му кажував дека не сака многу на стомак ,се лути ,плаче кенка и иде тешко,ама сега се навикна пак знае да заплаче ама ќе ја мрднам не ја кревам одма.
    Инаку ние имаме проблем само во кола,не сака многу да седи во транспортер,едвај до кај моите одиме до 100 км за еден саат ,плаче,вика ама еден глас што вади на сите уши ни пара , многу е гласна како оперска пејачка:D.Дали и е жешко во транспортерот или дека наназад свртена не знам ,ама заради ова и не ни се трга никаде подалеку со неа,со големата немавме таков проблем,обожаваше да патува,се надевам и ова ќе се навикне.
    И покрај викањево ја немам извадено,а еднаш буквално се изнарика и јас почнав да плачам ,срце ме болеше ,ама пак заради безбедност не ми се вади.
     
    На minne992, Ema.Sk и irena.1 им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.227
    Допаѓања:
    18.974
    Моето се опрај откако го стајв во седиште. Сега е подобар он дека крупен мислам веќе и тесно му беше. Знам дека е правило дури не прооди ама 75цм 10.500 кг не го збира во транспортер и тшо викаш на пеколов жешко абе се кинеше од плачење. Сега во седиште си се држи како дете си се вози си се смее си збори.
     
    На azelea и Krofna* им се допаѓа ова.
  11. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Зашо не нишкање? :sweat:
    @Ema.Sk и тебе те тагнувам
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ние со големиот го имавме тој проблем со плачење до зајдување во кола. Кога го ставивме од транспортер во седиште видовме подобрување. А скроз престана кога јас напред почнав да седам, ваљда немаше на кој да му се жали позади.
     
    На azelea, kukla21 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.678
    Да,на пеколот плус уште толку,нашава кола како што е црна ужас е дур се излади.

    И јас се надевам дека кога ќе се премести во седиште ќе биде подобро.
    Инаку јас седам напред,сестра и позади си го крка со неа,она ја занимава:D
     
    На Kitten, Milkiway, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.781
    За домашна задача со маж ми ни даде да си прочитаме за baby shaken sindrome.
    Пола популација кај нас за заспивање, ги нишкаат, ги клатат децата а тоа мозокот се удира во черепот и се онесвестуваат и затоа прекинуваат да плачат.

    Според Антоније

    Како се развива на подот
    Првин се тркала, па ќе се преврти на стомак, ќе мрда,ќе прета
    Ако плаче ќе се навикне, каде ќе научи да лази ако не на стомак, не може на грб да научи да лази
    Мора да се научи дека е тоа нормална работа, не се зема одма од под ако плаче. Кога ќе почне да лази првин ќе лази назачки, после ќе се допре со нешто позади па ќе му текне дека може и нанапред. Откако ќе лази ќе се фати за нешто и ќе се исправи за одење. Седењето не е фаза. Надвор нема некој што оди а не знае да седи. Седењето ќе си го научи сакале вие или нејќеле. Вие одлучувате дали ќе лази и ќе се развива како што треба или ќе биде седнато во некој ќош со перници и куп играчки и ќе биде мирно. Му се прави така застој во развој. Вака ќе ровари по цела куќа, ќе шета, ќе пее, нема да застане.
    До 15 месеци треба да се исправи на нозе, после тоа рипка во место
    До 18 месеци на страна, добива координација со нозете
    И на крај собира храброст, одредува дистанца се пушта, и на прстиња стига од една до друга точка до 3 годишна возраст. Не до 9 месеци, туку до 3 години. Кои се грешки
    Паткање никако, не е спремно за одење,ќе му се грчат прстињата, се нарушува баланс на телото. Ќе оди како патка, ќе гази на страна, затоа и се вика паткање. Ќе се оптеретува без потреба, 10 до 14 сантима ќе се скрати од висина. Ќе оди цел живот, оставете да си ги помине сите фази како што треба. Дубаци се како инвалидски колички, за дете со церебрална парализа, деца со даунов синдром.
    Седењето ќе го вежба на две места, кај нас во скут и во количка. Сама да се исправа, да вежба. Ќе се умори, ќе се врати позади.
    Не брзајте со ништо, секое дете се развива на свој начин. Надвор и паметни и глупави знаат да одат, не е поврзано со интелегенцијата.
     
    На mila89, Freyja, Nane26 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    ии ама добра меморија имаш, ко да си го снимала и го цитираш сега. :lol: и нам буквално истото ни го кажуваше на втора контрола, убаво ме потсети на муабетот. :)

    shaken baby syndrome ни го спомна на прва контрола кога бебе нешто закенка и јас почнав да го клатам транспортерот, уште во кола одма изгуглав дека немав чуено за ова, испадна дека се однесува на она нагло тресење на бебе во очај кога премногу плаче. :shake: нема врска со нежно нишкање или лулање на количка/транспортер.
     
    На katarina5, Freyja, Katerina94 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Се согласувам со тебе зошто инаку во количка дупки кога ќе погодиме испаѓа ека мозокот им го трескаме :D. Случајно денеска начекав на фб една студија од некоја си Ива дека дете додека да почне да оди во школо можело да спие со родителите и демек ако бебето/детето спиело до таа возраст со родителите имало траума бидејќи кога плачело како помало не му се обрнувало внимание и никој не го земал во раце и немало емотивна врска доволно па им било страв да спијат сами. Јас мислам дека ова е индивидуално од дете до дете.
     
    На Krofna*, azelea и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Кога се мали, мозокот не е развиен и е помал од черепот што значи со секое појако думкање/нишање мозокот се удира од черепот, бебето се зашеметува и заспива. Ова го слушнав и од друг доктор, некој на телма амбуланта мислам беше.
     
    На Krofna*, Bicka77, Ema.Sk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    3.059
    Баш така, тоа се однесува на нагло тресење на бебето, пример како возрасен човек да фатиш за раменици и да го затресеш, со тоа што за бебе, посебно па и кога не го држи главчето, може да биде опасно по живот. Тука каде што живеам, на секоја страна со информации за бебиња е потенцирано тоа со огромни црни букви, ама нема никаква врска со нишкањето. Не би сакала да верувам дека некој така си го нишка бебето за успивање :x
     
    На Krofna*, Bicka77, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Баш со нишкањето има врска инаку нема да предупредуваат. Сигурно дека никој не го тресе бебето за заспивање. А и колку му треба на мало бебе, буквално со нишање за заспивање се случува тоа.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    3.059
    Епа не разбирам тогаш, лулките нели нишкаат, релаксаторите? Еве моето јас го заспивам со нишкање, на друг начин не ми успеало за жал, а сакам. Го држам на раце и пеам и нишкам, полека, за спиење. А за ова прв пат слушам, најискрено. Имаш нешто да ми пратиш, да прочитам, те молам, да не правам и јас некоја глупост. Тука педијатар никогаш не ме предупредил за такво нешто, само за тресењето.
     
    На Katerina94 и azelea им се допаѓа ова.