Муабетот ми беше дека и во тоа време памперсот ќе вршел работа само што го немало доволно, како и тоа дека науката докажала дека не е потребен широк повој на секое новороденче. Баш поради тоа што доктор им кажал да ставаат широк повој не треба да имаат грижа на совест кога ќе ме прочитаат!
Многу е напредна медицината и начинот и навиките со кои денес живееме и нетреба да се занемаруваат многу факти, онаму кај што има проблем и те како треба да се посвети внимание, Антонио е доктор тука нема дискусија повторно ќе кажам НО она со заспивањето во раце тоа е она што мене ми падна во очи и нема потреба за останато да дискутираме и да се докажуваме. Па на крај краева и др. Гуднајт се експерти во таа област па викаат заспивајте ги децата до 6 месечна возраст како знаете и умеете а после тоа ако сакаме можеме да и воведеме ред и да им створиме други навики.
Нека не е Антоније пошо гледам боде очи. Само малку изгуглај или прашај доктор што прочитал книга плус и сеуште се дообразува, учествува на семинари и конференции и ќе видиш како е навистина. Може работите се случуваат кај 10% од децата и докторот треба да ти објасни се за да не биде твоето дете во тие 10%. А тоа 'ете на моето ништо не му е' не е аргумент. И да бидеме искрени, дубакот е помош за родителите. Кажете една добра причина зошто да го ставам детето во дубак?
И мене Антоније ми го кажа тоа за нишкањето ама во нашиот случај не е нишкање туку земање во раце и одење низ собата. За нишкање мислам дека доколку е полека и нежно, не е исто како некои случаеви каде буквално и во нервоза силно ги нишкаат, да не кажам трескаат. За Др Гуднајт, не може да е експерт чoвек кој завршил курс за спиење од времетраење на 4 недели. Или модерно кажано- сертифициран тренер за спиење. Овие не треба ни да постојат
Да го трескаш дете зашо не заспива треба на мајката нешто да и фали бар според мене Кај сите има нервоза и премор ама ако дојде до тоа го оставаш две минути идеш до вц миеш лице и се враќаш и продолжуваш, имали поубав чин од заспивање на бебе даго гушнеш и бацуваш постојано додека не заспие?
Така е ама не има секакви нели? Убаво е докторот да ти посочи на грешки, подобро да знаеш се отколку да згрешиш.
Лелеле па мојава е љубител на количката кога се вози најубаво и е, а кај нас нема пат а дупка да нема, цело време рипа горе долу количката, па не спие додека се вози, може да заспие дури после пола саат возење и кога ќе заспие тоа значи дека сум ја онесвестила од возењето?! Не ме разбирајте погрешка, само прашувам дека нашиот ортопед не спомна ништо такво.
За тоа нишкањето не знам колку сте имале можност да им дадете на вашите баби да ви ги држат бебињата. Сва среќа мојот е 10.5кг не ни можат повеќе од 2м да го држат колку за кадро некое. Абе тоа одма фаќа со раце одма думка, ама го тресат буквално го става на колено цела се дрма како струја да ја фатила. Викам алооо бабо шо му прајш како релаксатор на вибрации...ее така ние порано. После ќе го нишка абе како на рингишпил, верувам ниедна мајка така не го траска бебето ко една наша баба( од страната на мм се разбира) . Баба ми ги чуваше од вујко ми ( пак од страна на машкото ) децата е така ги заспиваше ги трескаше буквално. Требало шо посилно да заспие. Или коа ќе речат таман ќе те заспиев за 15мин будна одма во кревет кога ќе те стаевме...Да, затоа што сум се онесвестила па разбудила Науката и истражувањата тоа си го докажале дека е така. Се што е нежно верувам не е страшно.
Иста е и мојата. Не сака никако врзана во транспортер,затоа никаде не одиме. Едино до Ск ете на прегледи, а 100км не се малку. Пред некој ден имавме многу,многу лоша ситуација затоа што и го одврзав каишот уште не стигнати.. во тој момент друга кола ни го пресече патот,маж ми кочење одеднаш .. се ежам и не сакам да се присетам на ситуацијата, го џитнав транспортерот во гаража уште истата вечер. Бев кај ортопед после неколку дена, ми кажа можам да ја ставам во седиште, но да е од оние 360 што се вртат и да има опција за лежење. Ќе разгледам и ќе купам ако сака и 1000€ нека кошта, али транспортер шанса нема да употребам уште еднаш.
Женички да пробате нешто вакво @Chanell* и @azelea https://www.amazon.de/dp/B015B28ARG...t_i_P9TAE7N6J2QHYFA129YT?_encoding=UTF8&psc=1
Затоа јас викав дека по не безбедно ми е транспортер во кола одколку во раце. Или подобро да поплаче 10 минути во седиште одколку не дај боже нешто да се случи не сакано. Затоа и јас седиште купив 360 што се врти од 0+ арно ама не е баш буквално 360 степени ради безбедносниот каиш горе што мора да е прикачен позади кај гепекот и ако е свртено према напред и да сакаш да го свртиш во контра правец (бидејќи така најлегнати можат само да се спуштат) мора да го откачиш каишот од позади од гепек па да го свртиш. Луѓе сватете едно во светот се поделени докторите 100% правилно нешто да се прави не постои тоа што за 10 деца е добро за едно нема да чини. Не сме роботи ние па сите подеднакво да се развиваме. Порано ги клацкале на нозе ама не спиеле ради клатењето туку им давале од врвот на афион од "млекцето" и така ги успивале и спиеле со саати, а во денешно време никој не го прави тоа фала богу тоа е исто како со диазепами да го труеш детето. И Антоније имаше кажано од оваа денешнава младина е страшна колку не можеа трпи дете да плаче(па и не трпи зошто ние наоѓаме начин да му угодиме на детето полесно да му биде, а не да го "издрогираме" и да си гледаме серии.
Порано барем не оставале да плачеме, сега мајка ми ми се чуди зошто скокам одма ако заплаче. Се трудам да го сменам тоа стварно не е убаво. Инаку, како Милки што кажа и јас имам видено така да ги тресат. Ми се случи со свеки кога го виде малиот на некои 7-8 месеци (од бебе го немаше видено) и прво што направи го седна на колено и почна да го тресе најсилно што може. Јас од шок не можев да си поверувам што гледам, среќа мм бурно реагира. И стандард муабетите 'Ние како ве израснавме'. Е тоа беше класичен пример за муабетов. Во некои странски земји ова се смета за семејно насилство и секаде пишува доколку видиш вакво нешто веднаш да се јавиш на 911, толку е сериозно.
И да додадам, ми рече имал 3 деца мислам и немало поубаво од бебешкиот плач за него да не се тревожам туку да сум уживала во звукот
Mislam deka e preterizam muabetot za niskanjeto, nema roditel sto ne niska bebe. I doktorot ako ne niskal niskala majkata sigurno dur bil na rabota ili ucel....ok e da predupredi da vnimavas.da ne e presilno. Shaken baby syndrome e navistina grupo tresenje na bebe a ne da go zaspies vo race niskajki
Точно.. имам видено мајка, бебето и е колку моето. Кога имаа скоро 2 месеци го видов ова. И викам нели му е силно вака? А нее, он така сака... Сакав да кажа нешто ама си преќутав, само искоментирав дека мене би ми било страв да му правам така на моето. Од тогаш ја неам видено така да прави, се надевам не се пази од мене.