Се смируваат децата од такво нишкање затоа што добиваат благ потрес на мозок. И ова го објаснува Антоније.
Да јасно ми е. Уште пред да отидам кај него го знам ова, уште пред некад да размислувам да имам бебе, ама сметав дека не сум јас таа што треба да ја "исплаши" неа со муабетов. Затоа не се објаснував, само си кажав за моето дека не би. Ај ваљда изразот на лицето ме издал дека има нешто во позадина..
Ne vikam deka nema jasno e deka gi ima ama poentata mi bese ne treba sovetot na doktorot bukvalno da se prima...nema niskanje i kraj. Nema ziva sila sto ke me natera da ne si uspivam bebe gusnato vo mene da ja niskam da se mazime
Од тој аспект да, 2 години и уште заспива на титеем. Кога ке престане да цица ке видам како ке оди заспивање, дали нишкање дали приказни ама нема да го тренирам да плаче за да заспие сам.
Исто.Најубав дел ми е додека се успиваме гушнати,или си лежи врз мене на гради.Едно дете така пораснав си сакаше во раце со нишање да заспива и крај,помина и тоа после почна да ми фали тој момент,сега сама спие во соба и одам и нејзе да си ја гушкам така заспана откако бебе ќе заспие. И мислам дека докториве малку претеруваат ,остај го да плаче,не го ставај во дупак,ок супер ама нека дојдат они да ги гледаат,кога ќе почне да вреска мозок да ти зоврие или ако си сам и не можеш во тоалет да отидеш.
Фала Богу има некој што размислува како мене за заспивањето Незнам што бев толку нападната вчера од некој членки
Ако децата добиваат потрес на мозок со "клацкање" не треба ни во количка да ги возиме, транспортер, релаксатор. Баш се чудам моето уште на почеток со саати и саати беше во раце и се нишавме, одевме низ соба како не е онесвестуваше напротив повеќе беше будно. И до ден денес исти си е повеќе е буден одколку што спие. Во ред можеби докторот е стручен заодредени работи али ова му е ту мач. Сите деца различни се и различно заспиваат. Пак ќе кажам не се роботи сите исти да се.
Се надевам не мислиш на мене зашто пробав да дообјаснам. Пишав дека јас самата 14 месеци го заспивав во раце и сеуште се случува повремено. Никој не напиша да не се гушкаат децата, да не се успиваат со мама таман работа. Може и јас да немав видено силно клатење на бебе истото ќе го напишев ама сум видела и многу лошо изгледа. Како и да е, подобро да знаеш какви можности има, отколку да не знаеш. Човек учи додека е жив.
Исто е и кај нас пеење, шетање, нишкање тој се смее никако да заспие тек кога ќе се умори со очињата што гледа лево десно заспива Значи незнам која мајка би се осудила да го треска бебето, незнам сум плачела од умор и све ама нервоза на бебе никад немам истурено не е виновно тоа ништо не разбира А дека ќе ги онесвести едеед мисламммм ...
Општо кажав дека неколку членки ми се свртевте, значи да онесвестиш дете треба и ти со него да скокаш тоа е опасно, милување пеење бакнување за да заспие вооопшто не е Мене ме напна муабетот прочитај малце образувај се, неморам да прочитам, за даго добијам детево низ што све поминав и знам што би правела јас, ама нагласувањето од негова страна за онесвестувањето е премногу мораш да признаеш и ти
Не е премногу зашто може да се случи. Сум читала на оваа тема ама не би образложувала повеќе зашто ќе се испаничи некоја, па после пак објаснувај се. Си има се на интернет кој го интересира може да прочита. Инаку, од силно тресење веднаш се појавуваат последиците и треба веднаш да се изреагира затоа и секаде пишува јави се на 911, а полесните последици се појавуваат многу покасно. Нормално, јас за друго дете не можам да кажам ваши си се ама мислењето нема да ми се смени само затоа што ние мајките сме полни љубов и не ги испуштаме децата од раце. Факт е факт.
Ја се изначитав триста чуда тука , најискрено три деца сум нишкала и сум успивала до 2 години и повеќе , ниеден доктор ( ортопед , педијатар , каков сака нека е ) не ми спомнал за не-нишкање и не-успивање на тој начин затоа што детето ќе ми се онесвести ако го нишкам .... ти како родител ( здрав разумен ) никогаш , во ниеден момент со нишкање или думкање или каква и да е слична умерена активност неможеш да го доведеш детето до ситуација да добие потрес на мозок или да се онесвести па да се освестува.Прво shaken baby syndrome ако се прочита и разгледа соодветно е ситуација кога во момент на гнев , нервоза ,нетрпеливост некој го тресе бебето со што нема контрола на вратните мускули ( бидејќи најчесто се појавува до 8 недели возраст ) и при тоа се случува ова што го опишувате вие .... Го зимате детето за раменици и го тресете напред назад за да го успиете ? Главата неконтролирано и без поддршка му ја оставате кога го успивате? Така го тресете детето кога го смирувате од плачење ? Ова е конкретно предупредување за ситуација кога се врши злоупотреба , физичко насилство и момент кога се употребува прекумерна сила врз бебе што можам со 99% сигурност да гарантирам дека ниеден родител ( член на семејството ) овде не го прави и не го правел тоа .... Несакам да звучам несоодветно ама кога ги гледате децата како капка на дланка , со љубов и внимание опсипани и некој да ми каже дека ако го нишнам или залулам ќе го онесвестам и ќе му предизвикам крварење во мозокот и потрес и незнам што идам и му ја кинам дипломата за специјализација и докторат ..... Па и Вие тука не изгледате како да незнаете основна анатомија на тело па да се убедуваме во нелогични работи , ако беше таков случајот како што читам тука цела популација претрпела некој момент во бебешките денови по два три потреси и неколку крварења на мозокот ....
Демес бевме на прв преглед со малото на 2 месеци точно, докторот го прегледа детално објаснувајки по ред од колкчиња па бутчиња колена листови стапала прстиња па потоа граден кош, папочна кила да не има, потоа дланките па вратчето и главчето. Потоа следеше ехо и објаснување за вежби за поттикнување на бебето во фазите кои следуваат. На крај збор два за употреба на кенгур/марама, за релаксаторот и за д3. За нишкање не ни спомна ништо Јас сум задоволна од прегледот и фала богу малово е добро
Мене не ми се поклопуваат коцките , ако ме предупредува за нешто толку сериозно ( зашто збориме за синдром кој е предизвикан само од прекуумерна употреба на сила , неконтролирано тресење во момент на агресија ) или правиме празен муабет колку да се каже нешто ( ете да си докаже некоја негова теорија или да заплаши ) или постои реално сомнение за злоупотреба ..... конкретна причина да се отвори таа тема за време на ортопедски преглед јас воопшто не гледам ....