Хахаха се тешите дефинитивно Знаеш кога иде полошо ?Кога е голема за количка ,а не сака многу пешки .Па сака да а дигнам и така да а шетам
Лесно е и за ставање и за вадење сама, на почеток мене рацете ми се тресеа да не го испуштам ама после лесно беше. Кога е заспано, ги откопчуваш каишите од страна, полека го тргаш тој делот позади грбчето што му доаѓа и ќе го спуштиш. Ќе видиш, ќе си најдеш сама начин, вежбај неколку пати прво со маж ти да го придржува.
Да, Борче Јовчески, на излезот од пп кон Плетвар му е ординацијата. Штом појдам ќе споделам искуство. Јас ск не би го носела мали по жешково, освен ако не дај Боже има некој проблем.
Ее супер , сподели баш инфо па да закажам и јас. Колку време однапред се закажува да знам , како е со гужва таму. Мене скоро ми го предложиа и баш се мислев , ама убаво што ќе слушнам уште едно мислење.
@IRBBB Лесно е многу, јас сама го ставам и него и бебе, немам потреба од помош. Е за спиење незнам, цуца моја нема шанси без цице да заспие па макар и 10 саати не спиела. Никогаш ми нема заспано во кенгур. Ќе плаче ама да заспие јок.
Не знам мама, мене ми рекоа дека има гужви и дека бебиња прегледува во понеделник, вторник и петок. Кога се јавив побарав термин по 1 месец и без проблем ми закажаа. @CareTee фала мама.
@IRBBB истиот проблем скроз го имаме. Му викам на маж ми - постоеле мајки што пиеле кафе на раат, додека бебето мирно спиело во количка Ова нашево, место не го држи. И јас се одлучив за кенгур, пробав марама, ама мислам дека повеќе би одговарала за новороденче, мојов вриштеше и во неа и ја вратив. Уште имам надеж дека можеби не ја сака корпата од количката, ама ќе го сака седиштето Инаку мојот кенгур е од 0+, но бебето треба да биде мин 3.5 кг за да се носи во него. Има поддршка за вратчето, сеуште го носиме свртен накај нас, читав дека после 5ти месец може напред свртен. Да не те разочарам, ама кај нас чудо не се случи со кенгурот, си приплакува, ама полесно се смирува, ама е дефинитивно подобро од хоророт со количка
Јас значи среќлика сум. И големата и сега бебево обожаваат количка. И корпата и транспортерот ни се максимално искористени. Имам кенгур, ама никогаш не сум го користела. Си фаќа прашина.
Јас пресреќна бев на почеток кога го шетавме в количка. Ќе си седневме в парк, ќе си пиевме кафенце, тој си спиеше в количка. Дури и на два пати бевме во ресторан, од кој еднаш ручавме, а тој си нанкаше. Ама беше мал и само спиеше воглавно. Сега дремка има 30 мин и буден е 1-2ч. И да спие кога ќе излезиме, дури стигниме ќе се разбуди. И количка и релаксатор со најголем кеиф ми беа, ни едното, ни другото го сака. Ај пак количката, ако е на неговите, ќе си лежи и ќе си гледа наоколу, ама релаксаторот мислам дека го мрази од дното на душата. Туку, ме замисливте со ова дека до 5 месеци треба да е свртен кон нас. Нема да сака мојов така, уште сега ние обратно го шетаме, потпрен со телото и главчето на нас. А после 5м се надевам дека ќе му даде шанса на седиштето, а не да плачи за в раце. Сѐ што викав нема да правам, на глата ми дојде.
Затоа е до 5 месеци, а не дека треба да го носиш до тогаш. Бебето е свртено кон родителот се додека не почне само да го држи главчето т. е. додека се развијат вратните мускули. Јас од 3ет месец го носев нанапред зошто цврсто ја држеше главата.
Јас двете ги носев/носам таму. Има гужва да,многу упорност при звонењето Тоа е еден ГОЛЕМ човек во душа,и најдобар во својата работа. Го препорачувам.
Кажете каде да го носам бебе на прв преглед на ортопед? Секаде термини август и септември зафатени се? Мора до 2 месеци да го носам?
Здраво мајки, бевме на прв ортопедски преглед околу 2 месец и после пак околу 4-5 месец. За трет кога ги носите бебушките?