Poso maticnata.rece nemas potreba veke pa me zbuni, a koa bevme na ortoped ne znam dali ne kaza do koga ili ne zapamtiv
Здраво на сите, ке може ли мала помош. Малата е 2г и 4м првите прегледи ги имаше кај др. Киро Марковски но веќе долг период чекам термин за преглед. Сакам да ја носам приватно Талевски или Видоевски или некој друг, кој би ми го препорачале? Некој каде не се чека многу за преглед а кој добро објаснува
Мајки, дај кажете бебе на ортопед каде да однесам? Веќе 2 мес направивме, а никаде термини нема. Се јавувам скоро 3 недели кај неколку, едни ми велат на одмор е уште докторот, други јави се од понеделник
Ортоплус мк, кај Антоније. Можеш онлајн да закажеш, одбери за кој преглед станува збор и види слободни термини
@Poppins мама денес бевме на преглед кај д-р Јовчески Борче. Од прегледот сум презадоволна. Му ги прегледа сите зглобови, од стапалца, колкчиња, вратче, сѐ. Му направи и ехо на колкчиња. Смирен, сталожен, убаво објаснуваше сѐ. Е сега, не знам шо се случува, тој редовно работи, не работи, немам поим, премногу гужва имаше пред ординација, а на вратата пишува годишен одмор. Нас одма не примија, не знам дали дека закажани, дали дека со бебе. Нешто друго ако те интересира, прашај.
Јас се обидов лп да ти пишам за кај него да те прашам. Не спомнаа нешто одмор? Јас се јавив во јули ми рекоа август да се јавам, да видат како се со одмори. Денес се јавив, сестрата ми вика др. на одмор е до крај на месец, јави се на 1ви септември Ск секаде каде што прашав тек Октомври ми велат, матичнава ја чекав од одмор да се врати, денеска се врати, и преку нејзе не можам никаде да закажам. Што е ова, ортопеди има или нема? Прегледот колку време траеше и колку ти зеде?
На вратата имаше на лист со стило напишано "Годишен одмор". А надвор имаше сигурно 15тина луѓе шо чекаа за преглед плус внатре. На влегување имаше една жена шо ѝ викаше на сестрата да и закажи термин оти не можела да ги добие телефонски. Нешто подразбрав дека ќе се кандидирал за градоначалник, па дали заради тоа е вака хаосно или секогаш е така, не знам. Прегледот траеше околу 20тина мин, со тоа што синче пиштеше оти му дојде време за дремка, а докторот беше ептен внимателен и на секое правеше пауза и ми викаше да си го земам за да го смирам. Ми наплатија 1000 ден. Мислам дека ако појдиш директно со бебе, нема да те вратат. Ова по мое, не значи дека сум во право.
Да, ќе се кандидира за градоначалник. Порано многу повеќе се посветувал на работата, откако се случи тоа со синот се тргна малку настрана, стагнираше. Сега гледам претежно со бебиња е. Само за мене термин што нема, тоа е друга прича. Со цениве и тој како Антоније во Ск, различно зема. На прв преглед на другарка 500 и зел. Телефонски цел месец да им звониш, нема да ги добиеш. Преку пораки комуницираме
Стварно не знам шо да речам мама. Од самиот преглед сум задоволна. А со оглед на тоа дека нема други ортопеди што работат со бебиња во нашиот регион, немав многу избор. Јас не планирав да го влечкам бебето на жештиниве до Скопје. Ама нареден преглед, ако сме таму, зошто да не.
Супер фала ти многу , само и јас како @Lili4e добив исто инфо , и ќе одиме ск. Не ми одговара септември за преглед. Гужва е , пациенти сите тие закажани се однапред 2-3 недели , јас си чекав до некња и оп нема Баш ми е криво да знаев бар пролетта да одев таму не велес.
Има некоја мајка контакт број од мајчин дом, на интернет не е точен. И вие што ги носите таму, мора со упат?
Да не те предомислувам ама тука имаше многу лоши искуства за мајчин дом, пребарај на лупата. Види подобро термини за други места кај матичната.
Кои се препораките на ортопедите во мк доколку бебето е со забавени или одложени физички активности, пр. не седи/лази/исправа по мебел итн?