Талевски беше од Прилеп? Со на мм другар се роднини, се јавивме рече дека ќе правел долга пауза или нема да почни воопшто. Знаеш, се кандидира за градоначалник. Моето 3 месеци направи, никаде термин на ортопед не можам да најдам.
Јас денеска барав кај Антоније. Прво ми рекоа нема термин, а после ме препрашаа за колкаво бебе се работи и ми закажаа во 6 сабајле Напомени дека е прв преглед.
Немаме во Прилеп Талевски. Или па јас толку да незнам Тој што е кандидиран за градоначалник е Борче Јовчески. Кај нас сите ортопеди сакаат градоначалници да бидат. И овој моментално што е, ортопед беше
Васко се вика, а презиме незнам хаха Искрено со свекрвами се роднини и таа ми закажа некако, и јас незнам како, зошто термин немаше знам
Државно или приватно? Уште нареднава недела ако не најдиме термин никаде, ќе мора Скопје да го носам.
Државно. Кај нас мислам на приватно има само овај што е кандидат за градоначалник. Ни доктори има, ни ништо... За цел град тројца доктори се и ела термин најди после
Се чудам како можи во Битола и Прилеп да нема ни еден доктор на приватно што работи нормално. За државно не спомнувам ич.
Нема. Ова е страшна работа. Јас сум против тоа да бараш врски, али некогаш кога мора тоа е. Т.е и тој самиот кога дојдоа да ја видат малата дома со поклон и самиот рече да ме барате да ја донесите... инаку јас и мојот срам среќа свекрвата е поопасна, јас ништо не правам инаку
Ее во оваа држава и за до вц да влезиш требаат врски хаха.... Јас за кај Јовчески најдов познати, ама тој ме зафркна, престана со работа
Јас мислев сеуште работи. Т.е сега предизборна кампања треба да води човекот Ништо, на крај мора Скопје. Кај нас се видело тука..
Негде потслушнав дека Обедниковски стариот работи приватно. Дали е точно и дали работи со бебиња, не знам.
Ај ќе се распрашам. Фала ти. И во уредот некаде имало некоја докторка приватно работела,ама незнам која.
Јас сега си идам од преглед. Ни Талески, ни Јовчески термини. Сите ортопеди или странство заминаа, или се кандидираат за градоначалници. Еве на кратко: *Тони Талески е во Скопје, поточно во Лисиче, термини дури крај на октомври, преглед 1500 ден. *Видоевски исто немаше термин,го фалат многу. *Антоније во Дебар Маало ако напоменете дека е прв преглед за бебе, ќе ви закажи за брзо, преглед 3000 ден може и online да закажете. *Букурешт и мајчин дом за жива глава исто не најдов. Дојдов Прилеп, ај со врски кај Борче, не бе брате на одмор бил (има кампањи сега човекот). Ај на државно имало двајца *Василиј Василески младиот и Аризанкоски стариот. Ај пак со врски, каде што, ај кај постариов искусен е. Ми закажаа. Дојдов, почекав едно 20 мин сите околу мене беа кој со гипсови по раце, кој со завои по глајте, кој в колички претепани, кој со една нога - значи сето кој од кој. Знам мака си имаат луѓето. На сестрата 10 пати и реков ајде кога ние, ќе ми се раскемка бебе. Кога влегов, ми вика пред докторов книшка дајте. Викам немам. Како така, ова болница е, како ќе го заведам прегледов? Викам ама ме прати тој и тој доктор овде. И таа вика: а продавница по леб без пари одиш госпоѓо?!. Лелееее кавги пред докторов. Ај се смилува, слечи го бебето, и ај го виде на ехо, колкови јадра се тоа и толку. Викам кажете нешто докторе, Д3 да појачам треба/не треба? Повои да ставам, вежби нешто? Вика добра е по 4 мес контрола и толку. Ништо не кажа Може помладиот повеќе зборува, и кај него може требаше… И сега кој да ми кажи за витаминов жени? Појма немам, битно добра е. Од 3 мес со кои да почнам, знам до 3 д3+к1 и омега DHA, а после само д3 и омега во комбинација да купам на Babytol?
Ќе ти кажам Антоније како препорачува, па ти како сакаш. Он вика д3 200ие на 1кг. Пример, ако е детето 6кг ќе му даваш 1200ие или 3 капсули од бејбитол или 6 капки Пливит д3 (не сум сигурна како идеа, провери ова во упатството) . Јас давам Вигантол 4 капки (2000ие) зашто скоро 11кг е мојот, сега овој месец паузирав зашто скоро цел ден е на сонце. Боја фати како на море да бил
Јас за тој Аризанкоски немам добро мислење. Уште пред години одам со отечено колено, болки. И ме гледа и вика 'па јас незнам од што те боли' Јас реков ако знаев не идев. Значи однос никаков. А кај тој Василиј, ние дома Васко го викаме за бебево бев првпат кај него и верувај и тој не зборува многу. Само ме праша дали ставам широк повој и толку. И немало ништо спорно, се било океј само до 4 месеци да и ставам Прилеп уште еден на државно има, Кире мислам се викаше млад е и тој. Освен во меѓувреме ако не отворил приватно, или и тој е кандидиран за градоначалник А за витамините до 12та недела да продолжам со нив, после само D3 со Omega ми рекоја.
А оти педијатаров ми рече сега немало повеќе вигантол, или ептен ретко се наоѓа? Јас знам такви користев за големиот, сега ме бунат со триста додатоци внатре. Знам тој е чист витамин и за фонтанелава помага нели