Нема, мене од Србија ми носат, а и таму е доста тешко да се најдат. Антоније ми рече Д витаминот немал врска со фонтанелата, којзнае. @Kitten Да, 500ие во една капка.
Денес бев кај Антоније и еве како инфо за наредни мајки, ми рече првиот преглед треба да е порано, на 6 недели па и порано, а не на 2 месеци и покасно.
За на раѓање да не мисли порано? Ние тогаш правевме, па овај ни иди втор преглед. Јас сега го носев во Плодност, му направија ехо, ама таму нема ортопед.
Уште во 8 ми месец трудни да си закажевме требаше Сподели мајка совети од него, бебињава горе доле тука ни се.
Истото вчера се прашував. За син користев вигантол 2 капки и топ. Ова сега појма неам кои да и користам 300 вида има.. во Косово да не знаете дали има Вигантол?
Па во главно зборуваше за shaken baby syndrome, да не се тресе бебето, да не се нишка, секогаш да е врзано во транспортер кога се користи и во кола и надвор, да не "рипа" на ноџиња онака кога го држиш во раце па го рипаш во скут. Да не се прегрева детето, особено машките заради стерилитет. Вели памперсот само голема топлина допринесува, што носиме јас и татко му, толку да носи и он. Рачињата кога ги стега да му ги отворам и да се измасира малку палецот. Го прегледа на ехо и контролен преглед, кај моето беше се во ред, нема никаков проблем, така да не ни даде ни вежби ни ништо, има здрави, еластични, оформени колкови, иако е мало. Секако нема потреба од широки повои, јас не му ни ставав. Ни накачи доза на Д3 капки. Да не спие никако во кревет со родители ради нагмечување и задушување. Да се преферира секогаш креветче и да нема ништо во креветот ради сидс. Ако сакаме перница, тогаш таа да биде ставена под душек, а не над. Пристапот му е одличен. Ова се што ми кажа освен благо нишкање избегнував да правам, истражував многу додека бев бремена. Ми се допаѓа што нема застарени муабети и методи, сакам доктори кои напредуваат заедно со медицината. Ете ми спомна дека доцниме со прв преглед иако моето за некој ден ќе полни 2 месеца, требало порано. Јас не сум знаела, во болница, а и педијатарот ми рекоа на 2 м. Ама ете, сепак кај нас се е ок. За сега тоа можам само да кажам, до наредна контрола
Па да, зависи од детето. Кога ќе качи кило додаваш 200ие мада секако треба да си се консултираш со ортопедот што го следи. Моево еден период примаше 2500ие ама прво проверивме Д витамин затоа си требаат консултации.
Дали Видоевски им прави сега ехо на бебињата?? Не се сеќавам баш ама мислам со големиот кога бев немаше ехо
2000 мислам беше за прв преглед, а другите 1500. Мене Видоевски ми рече по 1 капсула бејбитол и баш сега ве читам дека според килажа иделе и се чудам. Знам дека е индивидуално, но по колку капсули давате вие на 4 месеци?
Мене ми рече над 8 кг ако накачи по 3 капсули. 1 капсула е 400 единици. Така до наредна контрола на 5-6м
Об Обедниковски во Европската болница работи карши болницата што е, ама нз дали со бебиња работи. Ние на болница бевме двата пати супер поминавме.
За Обедниковски ќе праша мм деновиве дали прима бебиња. Ако прима ќе одиме кај него. За на болница прво немаше термин, па матичната на одмор и не прашав повторно. Кај кој доктор бевте на државно?
Јас бев кај Видоевски и за капки ми кажа до 3 месеци д3+к1 а после на бекбитол само д3 и плус д3 со омега. Исто ми рече обавезно по малку надвор на сонце за природен д3. Да не мисли за после раѓање преглед. Во Ремедика на сите новороденчиња им прават ортопедски преглед и следниот е на 2 ипол месеци. Да прави. 2000 денари е преглед.
Не, не. Ми кажуваше он дека баш би сакал да се уведе у пракса по раѓање да се носат деца одма, ама на мене конкретно ми рече дека најдобро било дп 6та недела прв преглед, зошто кај моево беа фиксирани колковите и ми вика замисли да биле неправилни...